Ги проба? Преблаги се. Или барем мене ми беа. Јас нарачував бисквити, од странство ми носеа без додаден шеќер од Холе. А кај нас има едни од Хип со јаболко на пакувањето, без шеќер се.
Преблаги и мене ми беа, дури поблаги и од Хип во кои има шеќер, а и син ми не ги сакаше. Ниту едни бисквити до сега не прифати.
Еднаш само купив Лобело и никогаш веќе. Мислам дека не му дадов ни да проба, не се сеќавам. Во Зегин ги купував.
Јас пошто не планирам да давам редовно, еднаш или два пати неделно, ок ми се, 4 до 5 бисквитки во формула или мајчино ако измолзам, ќе видам. Не се сеќавам од големиот, ќе пробаме.
Кога воведувате вкус, банана како ја давате само пасирана? Праска исто свежа блендана или на пареа, имам и домашна слива дали може од 5м да се дава?
Мене ми рекоа дека може слива да давам. Не сум сеуште, ама во план ми е деновиве. Чудно ми беше што ми рекоа и банана и авокадо да готвам на пареа, ама ќе видам, не сум стасала до нив. Башка што јас ги варам во вода, а не на пареа. А за праската јас би ја сварила, не би ја дала свежа. Шознам. Нека кажат поискусните.
Јас овошје давам свежо од почеток. И за големиот кога воведував многу кратко готвев на пареа, после продолжив свежо. Слива дадов меѓу првите така да слободно дај.
Искрено кога ги воведував првите вкусови, почнав со готови зошто толку мала количина ниту рачен блендер фаќа, ниту булетот. После кога воведов неколку намирници и почнав да комбинирам почнав да блендам. Ако се меки овошја со рачен и обично нема потреба од додавање вода. Ако се поцврсти, како јаболко и слични во булетот и додавам водичка.
Банана и авокадо свежи од старт, пасирани. Другото го варев на почеток и генерално варам уште. Освен праска сега давам свежа, малини, боровинки само кратко бидејќи имам замрзнати колку да се одмрзнат, последните минути од варењето на житарките.
Кои урми ги давате? Во продавничка за здрава храна ме советуваа да почекам зошто сега урмите биле стари, да почекам после октомври ќе имало тазе.
Купувам свежи урми од маркет, кои и да ги најдам. Имам и ДМБио сируп од урми за во случај кога немам дома урми па да му заблажам некоја кашичка.