Дали можам да давам два млечни оброка дневно? Од сабајле обично давам инстант каша овошна на хип или лино, а навечер исто инстант good night? Смеам ли така или многу млеко ќе му дојде?
Наутро е најдобро да даваш житарка со овошје .Нека не биде млчена , ќе си свариш житарка и ќе.додадеш овошје . Тие инстант кашите имаат мн малку овошје во составот .
Грозје кога дадовте? Чоеков мал денес џапна грозје и се најаде, профи јадеше, крцнува од зрното јас што го држам и смука, останува само лушпа. Ќе дадам лупени сечено ко за блв, само сега дадов вака ептен оти викаше да јаде, се џапаше по мене. Непрскано секако.
Вода нудите кога ќе почнете со воведување на вкусови или кога веќе ќе јадат цел оброк? Колку мл дневно и каква?
Не. Баш во тоа комбо додавам малку какао. Авокадото само по себе е доволно и го држи сит. Инаку скоро со секое друго овошје додавам овес или просо
Ваква каша, како на сликата. Сега колкав процент на грозје е ова тоа ми е дискутабилно ама домашно немаме.
Дадов јас веќе. Лупам и во каши. Ми беше жал да го пропуштиме. Првиот пат инаку од готова каша и јас му дадов Откако воведував му давав по некоја голтка. Кога почнав со оброк колку сака толку. И првото, а и ова богами пијат вода. 300мл сигурно, а во најжешкото и повеќе знаеше да испие. Има и на хип од шмукалчињата со грозје. Мислам во комбинација со круша дека беше.
Каква вода и како ја даваше? Лажичка, отворена чашка, чашка со клун, шише? Збунета сум малце со дохранава.
Само по овошје, од цицка се трга за овошје да јаде. Праска, крушка, јаболко, слива, еве грозје, за лубеница и диња е спремен да не продаде по дома.
Јас нудев вода веднаш штом почнавме со воведување. Секако на почеток не ни пијат нешто посебно, многу од бебињата одбиваат, им треба време да ја прифатат водата, да се навикнат. Давав вода во чашка за ракија на почеток.Шише одбиваше откако е роден, од клунче не знаеше баш да пие. Некаде на 8 месеци почна од шише со сламка да пие, од старт знаеше да пие од него и тогаш зголеми внес на количина на вода. Кога почнавме со храна, давав само после јадење, по неколку голтки. Па постепено зголемував. Кога стигнавме до оброк давав колку што сака. После оброк секогаш и тоа од чаша, а после неколку пати му нудев во шишенце со клунче или му го оставав во игрална па сам си земаше. Само дека не знаеше баш да пие од него, повеќе си играше
Белка се воведува исто како жолчка повеќе денови или еднаш кога ќе проба тоа е тоа? На пример, во палачинки, тестенини нешто слично.
Белката е поалергена од жолчката. За воведување почнав со мала количина во вафли/палачинки, па зголемував следните денови. На крај дадов омлет цело јајце и тогаш ја сметав за воведена.
Давам Ладна или Бебелан, ама почесто Ладна. Инаку од почеток му давам со клунче и силиконско и обично пластично. Мислам сум пишувала со обичното пластично од ИКЕА од почеток најубаво ми пие. Сега веќе мислам дека е спремен и од чаша да пие, па може ќе почнам да го вежбам да си држи. Инаку јогурт како профи пие од мојата чаша кога ќе ме здогледа Едит: ќе бараш бода со низок минерален состав, особено мислам дека требаше да се внимава на натриумот. За првото тогаш истражував и уште тогаш се вртев со овие две.
Не. Искрено не гледам поента во превривање флаширана. Ако е така од чешма ќе ја превривам. Само купувам за него 0.5л таман за цел ден сум покриена, а да не заостанува во шише.