Мајки во градинка што ужинки даваат? Се едно те исто вртам, шмукалки, овошје, некој проја мафин,смоки..
Како давате просо и други житарки? Јас му сварив просо но не се изблендира доволно останаа лушпи па се плашев да му дадам. Знам дека има инстант житарки но просо, овес и амарант не можам да најдам инстант и да не се мешани со овошје или млеко во прав
Еве една недела не го варам овишјето. Тоа што е помеко со вилушка ке го испасирам а другото во блендер. Може и парченца ама уште ми е страв.
Пие ад од Hipp па не сакам да му мешам друго млеко. Некаде прочитав да не се меша ад млеко ако е некоја млечна каша од друга фирма. Дали има тоа врска?
Како правите каши од замрзнато овошје/зеленчук? Мајка ми ми нашла домашни круши и праски и ги замрзнала на половинки.
Круши, праски немам замрзнати. Само цреши, вишни, боровинки, малини. Тие кога варам житарки, последните минути ги додавам да се одмрзнат и омекнат.