Девојки ве молам кажете ми какво беше искуството кога воведовте доручек ? Бебко плачи мора со песнички со залажување да му ставаш во уста (плаче за млеко) дали е норамлно дур се навикме ? И исто сакав да ве прашам колку гр. им дававте за доручек или колку ќе изедат ? Ви благодарам
Имаш друг оброк воведено? Не воведуваш одма оброк туку вкусови, да вкуси и се навикне на храна, да видиш на што ќе изреагира нели. Ако плаче за млеко дај млеко, или цице, па после саат два храна. Не треба да плаче за млеко, затоа денот почнува со млеко, па после саат два оброк откако ќе воведеш, додека воведеш ќе проба намирници.
Испробани се веќе вкусовите воведов од пред 2 дена доручек ама ти викам со лажење само орвара уста вчера така плачеше му направив млеко се смири си го испи Инаку од сабајле кога ќе стане му давам млеко па за 2h е доручекот.
Ако може да ми кажете што им давате на 6++ бебиња, ме интересира што за доручек, ручек , па покасно низ месеците и вечера, кои се предлозите, што треба да јаде едно бебе за добро да напредува, со цврста храна сум многу збунета па и се осеќам и виновно ми се чини како да не го хранам добро, секој совет ми е добредојден, ви благодарам за секој одговор.
Пробај покасно да му даваш. Мојот така беше, никако нејкеше доручек. Сега му давам после 4 часа од млекото и си го јаде цел оброк од 200 гр(поголем е мојот веќе)
Како спремате baby beef? Воведов со готови каши, ама многу мал процент месо има, па сега купивме чисто и планирам од утре да им спремам. Само варено, па блендирано и комбинација со зеленчук или има и нешто друго што треба да пазам? 50 грама месо пример за едно бебе и останатото да е зеленчук или многу им е тоа месо на 8 месеци? Мама вегетаријанец ќе готви месо од утре
Јас најпрво го сварив цело и потоа си го поделив во теглички. Колку што сфатив од тука 50гр неварено/30гр варено треба да е. Така терам јас, се надевам точни ми се мерките. Е сега мене ми е замрзнато. Од вечер ставам тегличка во ладилникот, таман до следниот ден да се одмрзне. Варам зеленчук, некогаш компир/морков, кромид, некогаш, сладок компир, грашок и сл. Значи различни комбинации. Кон крај го додавам месото. После се заедно блендирам со повеќе течност. За месо моево дете засега сака помазна структура. Најчесто додавам и неколку капки маслиново масло. Опција ми е и грчки јогурт,сосема малку ама тоа ако ептен не сака да јаде, па како крајна опција, со јогурт да проба. Житарка во комбинацијата со месо избегавам. Или ако ставам ориз, тогаш не ставам компир на пример.
Велат дека треба да јаде месо колку тупаницата негова. И од водата во која ќе се вари месото може да ставиш. За да си олесниш, свари си повеќе месо и замрзни, после само ќе вадиш.
Денес педијатарот мене вака ми кажа: се вари зеленчук пример, компир, тиквици, морков, па се блендира од водата каде што вареа се турува по потреба, се додава кашичка едно тегличе купено направено од месо, дали телешко, пилешко, јагнешко како и да е ќе мешаш, па се додава едно лажиче масло маслиново и едно лажиче пармезан, и на сето ова иде и брашно, поточно оние прав од ориз како да го наречам, значи мешаш некогаш од ориз некогаш од ченка и едно друго имаше заборавив како се вика го знам само на слика, значи тоа е се, се менува зеленчук да не е се исто, и на размена наместо месо некогаш можело со зденка, што викате сега вие за ова? Подобро е со месо тегличе, или дома да варам?
Мислам не си во Мкд, овде јас имам најдено само пилешко месо така во тегла. На почеток дадов такво со зеленчук дома спремен, моево дете не го сакаше воопшто. Телешко, мисиркино и останати сум купила само во комбинација со зеленчук и ориз. И сите тие имаат ептен мал процент на месо. Во Мкд, на Хип, Холе, Бебевита и сл.
Не сум во Мкд во Ит сум, и тука има кашички од меса но искрено не забележав на процентот сега видов пишува 30% месо, тие во Мк колку имаат?
Таа "само" пилешко вика во опис 40% https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-kasha-pileshko-4-meseci-125-g Пример оваа тиква и пилешко https://www.zegin.com.mk/mk/holle-organska-kasha-tikva-so-pileshko-5-meseci-190-g Во опис пишува 8%
По изгледиве најубаво е јас дома да си варам месо, и тука има разни од месо но сега дома видов што имам купувано е 30% другото е брашно од ориз, ченка, масло....
Se izvinuvam sto navleguvam no sakam da prasam posle kolku vreme od probuvanje vkus se voveduva obrok? 4ipol m e od vcera pocnav so kasicka od jabolko i denes i srga kako da prodolzam ponatamu
@0ли @Miss_S фала ви девојки, значи може да си го сварам целото парче, да го поделам и само да го смрзнам. Супер, барем со телешково така ќе правам, колку што разбрав е најбитно за бебиња, а пилешко уште ми е страв да купам, матичнава вика домашно, ама па домашно ми е некако неконтролирано, ризично, ќе видиме.