Давај зеленчук за ручек, со компир или житарка. Со урда некој ден. Па ќе воведеш и месо полека. Овошје и за ручек и за доручек ти е ризично после да не јаде зеленчук.
Јас обавезно ставам житарка, месо или скроб. Ако е само со компир додавам и лебче. Така го сметам за оброк, се друго е само ужинка. Е сега зависи и од возраст на бебе, ти пишала ангел. Негде од 7 месец сметам оброк на овој начин, претходно давав само овошје и зеленчук како оброк
Каде купувате мисиркино месо? Риба од која возраст давате, и која риба? Јас не сакам риба ,страв ми е од коски и мн ретко дома јадеме, и тоа ослиќ претежно. Бебе е 13 месеци уште нема пробано воопшто, дали давате замрзнати филети на пример? Сардини, туна се дава ли на деца?
Сардина се давало на дете, туна не, ама сардина да. Не знаев ни јас за ова. Јас сега планирам да дадам прво бела пастрмка, па после црвена и лосос. Ослиќ веројатно може, ама кој не сум паметна. Немој само панга, тоа е најгадна риба, живее во најзагаденото во Виетнам. Мисиркино зимам од Андреа, се зезнав еднаш од Веро и никад више.
Под житарки се рачуна и брашното од ориз, што се прави оризова каша пример со овошје? Тука има овошје и житарка?
Бела пастрмка дадов сега скоро на 11 полни, следна планирам црвена сега скоро да дадам. Лосос пробав помал кога беше му правеше тешко да стомачето. За 2-3 месеци планирам пак да дадам
Денес првпат дадов оризова каша со кајсија и првпат нешто да не бендиса. Само кајсија изеде пола тегличка, а кашата мешана со одмрзнато молзено ја плукаше, дури гаг рефлекс имаше. Не му е првпат од одмрзнато молзено да му се згади. Инаку сме 6+. Од некаде 5ипол почнав со вкусови ама поради слаб напредок ми рекоа да воведам цел оброк, па дури и ужинка. Оброкот да биде појадок, а ужинката околу ручек/по ручек. Имам воведено компир, сладок компир, тиквичка, морков, јаболко, кајсија, слива, брокула, авокадо и сѐ си јадеше со сласт, бараше уште... Веројатно тоа е некаков показател дека е спремен за оброк.. Шо знам, јас барем такво чувство имам.
Ти пишале веќе, зависи од возраста. Ако имаш житарки воведено додавај. Само најдобронамерен совет, избегнувај ги чистите кашички, сите се со додаден шеќер. Ако сакаш кајсија, има комбинација банана кајсија на хип, таа е без додаден шеќер и е преубава.
јунешко, свинско кога се дава?Што треба да се внимава при купување? и како се воведува? Син ми направи веќе 1 година, до сега јадел телешко, пилешко(домашно), мисиркино(само во готова кашичка).
Купував посебно за него до кај 3г, после престана да јаде месо, па дури сега почна пак и почнав да давам од нашето. Во тие 4ипол години кога не јадеше давав мелено како за нас, пола јунешко, пола свинско одбрано да ми смелат.
Не сум паметна искрено, ама за дете мало кое јаде по 50-100гр месо мислам уште некое врееме ќе терам со посебно.
Ние често јадеме свинско, па планирам и на бебе да му дадам. Знам дека нема ништо корисно од свинското, ама ете мм е навикнат на тоа месоф и сега манџите ги правам со телешко поради бебе и одма се буни. Ќе му дадам за некое време, после годинката планирам
јас готвам сеуште посебно за него, и за нас, бидејки нашите комбинации некако не ми се за него и затоа прашав дали да зимам за него посебно свинско и посебно да го готвам, или да терам со телешко. Во списоциве за градинка гледам таму јунешко даваат.
За бебе, се' што е смрзнато не се одмрзнува, ставаш од замрзнувач директно во врела вода. Исто важи и за месото.