Јас овошје не одмрзнувам го мијам само со вода на чешма и го ставам дирекно во блендер, а сиот зеленчук го правам на пареа, често комбинирам замрзнат со свеж,не одмрзнувам предходно.
А во обична вода од чешма варите? Јас почнав во сад на пареа да варам. Исто ме интересира колку вода додавате во кашата за да има соодветна густина?
Да, во обична од чешма. Твој избор си е, некои користат и флаширана, ама јас сметав дека нема потреба, и онака водата ќе зоврие секако при варење. На почетокот и јас почнав на пареа, ама после преминав на класично варење оти некои продукти не ми омекнуваа доволно. Знам кога се почнува сите се тресиме, ама со тек на време ќе гледаш да си поедноставуваш. Вода од око ставав, никогаш ништо не сум мерела, ниту продукти, ниту вода. Јас лично секогаш правев погусти, полесно е за хранење. Нормално ако му одговара таква структура, ако не ќе преминеш на потечно.
Фала ти многу за советите. Се трудам и јас да не комплицирам, немам искуство ама морам да се опуштам знам.
Семолина е гриз, да. @Bella_Stella нема на што, слободно прашај уште што те интересира. Ама да, гледај да се опуштиш колку можеш повеќе, јас не ја разбрав никогаш потребата да мерам до грам. Ориентација ми беа теглички од купечки каши и толку. А после кога наполни година, и тоа баталив. Зачлени се во групава https://www.facebook.com/groups/kashice/?ref=share&mibextid=I6gGtw има многу совети, рецепти, јас по неа се водев.
Да и јас не планирам да мерам, општо и за нас најчесто готвам ‘од око’. Фала уште еднаш, сигурно ќе имам уште прашања во иднина.
Да може. Доручек, ручек оди 1/3 житарка (или ќе си свариш или од инстант каша) и 2/3 овошје/зеленчук (исто или готова кашичка или домашно подготвени). Вечерата 2/3 житарки и 1/3 овошје/зеленчук треба да биде. Ова е педијатарот мене што ми кажа до сега, 6++ сме, ако грешам нека ме поправи некоја. Ние сме на 1 оброк само и уште немам воведено месо па правам оброк со житарка и овошје/зеленчук.
Ако правиш посебно нема потреба свинско да даваш, терај си со телешко. Јунешко јас воведов само на 9 месеци мислам беше, ама оти и ние не го јадеме често не сум давала пак. Зајачко исто воведов ама бебе не го сака, па и тоа не зимам Јасно ми е се ова, сепак фала ти. Полека планирам бебе да го прилагодувам на нашата исхрана, па затоа ќе давам порано свинско, нормално не често и по малку. Сега зимото ќе почниме со самунче правење (од источна Македонија сум) па не планирам бебе да го скратам од тој луксуз, ќе се изнајаде
Majki, kompir koga voveduvate isto kako ovosje 3 dena davate? Go varite so zacin, sol, puter, maslinovo, so sto e najubavo?
Ако воведуваш вкусови зачини сеуште не. Сол па ич. Путер ќе си воведеш понатака, несолен, со млечни производи. Значи вариш само компир и блендираш со дел од водата кај што се варел. Можеш да додадеш ад млеко или мајчино молзено.
Видов еден 'редослед' на Инстаграм, вака изгледа: Спојлер Ова за мене е ту гуд ту би тру. Ако има некоја мајка што вовела ваков ред кај 6 месечно бебе само да ме охрабри дека е можно. Не е многу рано во 8 да е оброкот?
Не е рано. Јас сега сакам да го поместам доручекот, зошто на 9 месеци има и подолго време меѓу оброци, па некако на крај на ден ми доаѓа многу набиено.