Рано за доручек во 8 не е, ама моево ако цица во 7, во 8 доручекот може само да ми го фрли Ќе си прилагодиш распоредот према бебето, ќе видиш како му одговара, па така ќе терате. Мојот на пример додека имаше само еден оброк, доручек не сакаше да јаде. Што и да му дадев или јадеше многу малку или одбиваше скроз. Па му го поместив оброкот меѓу прва и втора дремка, фактички ручек, и така си јадеше без проблем.
Сол до година не се дава, зачин никаков, путур е млечен производ исто не, може само маслиново многу малце ама и тоа не мора на воведување на почеток одма
Ја почнав на околу 8 месеци. И тоа ретко, ако морам низ кујна нешто да завршам, а таа да се занимава во хранилка. Една, две смоки на неколку денови. Ни како класична ужинка, ни пак како замена за оброк.
Секако дека може зачини.Куркума,магданос сушен,оригано,цимет ,ванила,нане,рузмарин,кари,копар.Зачин не е само вагета
Јас ја разбрав членката дека сол и зачини не се даваат до година. Инаку ако на 6-7 месеци се воведуваат по ново јатки,јагоди,цело јајце тогаш не гледам проблем ни за горе наведените продукти да се даваат.
Давам кога не сака да седне во количка за да си идеме дома од игралиште Вака вадам смоките и сам тргнува да седне Некаде на 9 месеци дадов прв пат. Ама неколку само му давам, 4-5 парчиња, додека стигнеме дома. Пченкарни се смоките.
Бебуш 6++ колку пати дневно треба да јаде месо секако со зеленчук зготвено? Педијатар ми рече двапати, кои се вашите искуства? Еднаш е доволно или двапати е подобро? Двата оброци да му се со месо? ( Иначе со препорака од педијатар бебе јаде од 4+ по малце овошни каши)
Нормално дека 1, на 6м 2 оброка се многу ама ајде кога веќе јаде 1 овошје со житарка, 1 месо и зеленчук 3 пати неделно максимум. Какви бисквити?
Кај нас не е исто,но е слично. Станува 7 или 7:30, прва дремка од 8:30 до 9, појадок во 9 Цица во 10:30-11 за втора дремка која трае 2часа најчесто, и во сон обавезно цица уште еднаш Од пред два дена нудам втор оброк кај 14часот, и двата дена ја јаде цела мала тегличка. Кај 16 е трета дремка со цицање Па во 18 пак цица Па во 8 заспива со цице Во текот на ноќта цица 2-3 пати..