Дали ги има пробано прво поединечно сите состојки од рецептот? Инаку јас вчера прв пат на 8+++ дадов кус кус со зеленчук. Домат кај мене на 8+ проба на пример.
Да те разбирам, но ова беше само еден пример за рецепт, не мора да значи дека ќе ставам домат или така се исто како на сликата, повеќе ми беше прашањето за пастата, се вари паста со некој зеленчук за 6++?
Барав инфо на интернет. Општо паста вика и во сликите од Блв, после 6 месеци. Е сега ми е малку дискутабилно ради глутенот. Сепак во Ит, веројатно имате и избор на бебешка паста. Овде во Мкд, на пример готовите кашички со тестенини се 8+ . Да, мислам и јас некаде после 6 полни воведов.
Девојки ова хранава голем предизвик е за мене,а посебно со дете што 5 мин не се само,имам воведено појадок јаде една мала каша,до сега имаме пробано компир,батат,морков,тиква,тиквица,брокула,јаболко,слива,праска,банана,ориз,авокадо.Прашање ми е друго што може да дадам има 6.5м? И второ прашање како ги воведувате намирниците кои треба понатака да ги јаде исто по неколку лажичиња,а потоа давате оброк со веќе воведени намирници или ?
Во оброк со веќе воведени намирници ќе ставиш првиот ден малку од новата, па ќе зголемуваш. Ќе ти ставам слика тука што по ред воведував јас, тоа се ми беше воведено до крај на 7ми месец.
Бебешки бисквити дадов на 9м прв пат, не гледам потреба порано, вечера воведов на 7м и кога ми се исцрпија идеите за вечера земав да давам малку со ад, не сака многу. Те прочитав и за пастата, ја воведов на 9м исто, со фарфали интегрални од ДМ. Додуша воведов со обични фусили без јајце. Пази тоа, ако не си вовела цело јајце да е без јајца. Зар таму не ве советуваат за храна?
Дивела се без јајца, од ДМ фарфалите, читаш состав и ќе знаеш. Најдов и во Тинекс едни, малку се поскапи ама се многу убави.
Макарони давам откако почна скроз сам да јаде, некаде на 8 месеци. Ги варам, правам некој сос од зеленчук, ги преливам и сервирам.
Житарки воведи: палента, просо, овес, амарант, киноа. Друго можеш кајсија, пашканат, целер, блитва, маслиново масло.
Има некоја мајка што вовела месо од 6+? За телешко ми е повеќе оти е за низок хемоглобин. Од тоа што би помогнало имам воведено само спанаќ и кајсија и тоа кајсија од Хипп кашичка. Денес првпат дадов спанаќ, ама сеуште не ми е јасно дали постапувам како шо треба околу соодносите на ориз:спанаќ, ориз:морков и тн. Како практикувате вие? Мислам дека сѐ што правам е грешка, од конзистенција до комбинација, состав на каши. Сакам да пробам прво преку храна да го подобриме хемоглобинот, ако е можно.
Малата е 7м, почнавме да воведуваме вечера, нели треба да биде житно млечна каша. Но имавме неколку обиди од купечкиве, повраќа после тоа. Претпоставувам е од млекото зошто се работи за доено бебе. Алтернатива, да ги правам само на вода?
Јас воведов телешко на полни 6 месеци. И ние сме со низок хемоглобин. И леќа воведов од 8ми па мислам тоа најмногу му го покачи. Еден период му беше супер сега пак е низок, почнав да давам семе од коприва па ќе видеме дали ќе има ефект
Од кога смее диња да се воведува? Имам домашна, па сакам да искористам. За два дена полни 6 месеци, има пробано 7 вкусови до сега.
Јас спанаќ дадов од готова каша, компир и спанаќ состав. Сега веќе варам дома, компир, морков, кромид малку, спанаќ. Некогаш додавам ориз, некогаш грчки јогурт, некогаш жолчка. Ама ова за 8+.