Има ли некоја мајка што давала од ова просо? Спојлер Сакав да му дадам со овошје, ама ме сецна тоа дека може да содржи соја, тоа ваљда мисли на лушпи и сенф. Безбеден е производов или друго просо да купам...
Безбедно е. Мора така да пишат, не се декларирани дека се без соја, сенф... Кога пишува така тоа е бидејќи во истиот погон се обработуваат производи со тие состојки и може да дојде до крос контаминација.
Јас еднаш купив и ужасно мирисаше на старо и застоено. Настрана тоа, според мене подобар избор е просо во зрна.
@Tiny Love Вчера баш го зедов, штом го имам дома ќе го пробам. Ако не го бива за бебето, ќе си правам јас пудинзи. Секако за 14 дена од отворање му минува рокот. @0ли Па дома да си го измелиш? Кое би го препорачала ти? Истото на Био само со цели зрна?
Да, тоа со цело зрно. Ќе си го свариш и ќе го изблендираш ако треба да е мазна структурата. Не сум мелела, но може да се проба. Само ќе го измиеш и треба да се кисне одвечер. Брзо се вари.
Е тоа сакав ем да прашам Оли. Си 'играте' со текстурите на јадењата на 6+ бебиња? Јас моите каши никако да ги потрефам да бидат како конзистенцијата на купечките. Или се многу течни или се повеќе накај пире, па бебето се гади и му се активира гаг рефлексот, па ајде додавам вода... Смеам еве на 6ипол м. да дадам просо неблендирано? Или општо пасирано, а не ептен мазно? Чисто за да се запознава со текстури. Ептен сум несигурна околу хранењето значи, нема крај на прашањава мои.
Јас секогаш правам различни структури ама имам и купечка каша за резерва ако ептен домашната не ја бендиса. На пример кај мене банана и авокадо јаде исклучиво пасирано со виљушка. Праска и кајсија рендани, ни варени, ни ништо. Месни каши домашни со многу вода блендирани. А веќе е скоро 9 месеци. Одредени работи и како парче последниот месец и давам. Некогаш има гаг рефлекс ама не е страшен. Просо киснам од вечер, наутро варам додека да распука и давам така. Ако варам плус овошје што се вари заедно со просото блендирам. Ако давам со праска на пример само како што е варено.
Мами, кога почнавте со пробување вкусови? Кои вкусови ги почнавте и како ги спремате и давате? Извинете но сите различно ми кажуваат па незнам како да правам. Некои ми велат после 6 месеци,некои да почнам со компир,некои со овошје...Инаку за 10 дена правиме 5 месеци.
Слободно давај. Нема причина зашто да мора да се дава блендирано. Имам пишувано, никогаш немам блендирано храна на бебе. Од старт давав пасирано со вилушка, на 7 јадеше комбинирано, од 8 само парчиња јаде. Гаг рефлексот е нормална функција на телото, одбранбен механизам против давење, си се штитат така. Со тек на време се намалува.
Готовите купечки кашички од месо, може така да се даваат? Зошто не е 100% месо производ, има пр брашно од ориз......или е добро да се меша со зеленчук? До сега му правам зеленчук домашно варено но со месо додадено од тегличка, планирам и месо дома да му варам, но ме интересира тоа што го прашав.
Да, може така, може со додаток на плус состојки зависи од возраста и колку јаде. И дома да правиш нема да е 100% месо. Прво не смее толкава количина на месо да изеде на пример 120гр како мала кашичка или 190гр колку голема. Кашичките тука што содржат месо, помал процент е отколку домашните имаат и зеленчук, ориз, голем процент на вода. За идеи и кога правам домашна каша, често разгледувам состав на купечките, па со истите состојки си правам и дома.
Јас како помал во каши како засладувач или едно лажиче така да го испие. Покасно почнав така како сок растворен.
Најдобро консултација со педијатар. Јас по препорака на педијатар почнав на 4,5 месеци, веќе на 5.5 имаше прв оброк. Почнав со зеленчук. Со морков,па компир итн. Едит - давав од готови каши за проба. Па натаму си спремав дома, варено, па блендирано/пасирано.
Пред околу 2 недели купив лупено просо од ДМ, го претурив во тегличка. Денес кога ја отворив теглата ми искочи пеперутка од истата. Дали да го фрлам просото?