Бебка има 6ипол месеци. Воведовме основно од овошје и зеленчук. Имам домашни пиперки, последни ќе да се, дали е рано да и дадам варена и блендирана? И месо кога можам да воведам. Исто и овес сакам да и воведам зошто малку ко да се мачи со какањето, па дали да барам безглутенски или можам и со глутен. Дали тоа ќе значи дека сум вовела глутен веќе со овесот?
Штом има пеперутка има и црвец. Провери и другите работи по дома да не ти фатиле мн брзо се размножуват. Јас затоа се ова чувам во фрижидер. Од еден стан се селевме поради нив, имаше уште од кога го зедовме станот и не успеавме да ги уништиме
Скоро ништо не чувам во оргинална амбалажа. Сечам прва страна и дата и ги лепам на тегличките кои што ми се баш за таа намена и убаво се затвараат имаат како гумички. Но ќе пробам и во оргинална амбалажа како што викаш може за житарки подобро така. Фала ти. Не нема на другите работи. Овие може несоодветно биле чувани во продавница, не е можно толку брзо да се вцрви кога не е ни толку топло веќе. Многу сум гадлива, ги фрлив без да ги погледнам . Мм ме зеза, ми вика еве ти органско природно здраво
Oвесот во принцип е без глутен, ама содржи трагови бидејќи се произведува на иста линија со глутенски производи. Јас воведов од ДМ пишуваше Може да содржи, али брзо дадов и гриз така да сеедно ми беше. Но беше веќе 7м полни во 8миот.
Како чист малата не го сака го повраќа одма и го давам во каша или испасирана банана кога има за ужинка Големиот го пиеше чист во лажичка
Користам вода за бебето, специјално за бебиња, со оглед на времето како што одиме кон зима, и на собна температура нема да е млака, прашањето ми е, дали ја топлите водата? И шишињата се од 1 литар, помали нема, на шишето не пишува во рок на траење откако ќе се отвори, што велите вие? Во колкав период да го искористам шишето? Иначе во стаклено е.
Бебе непланирано со рибата проба и лимон. Не јадеше никако риба, едвај, со сила, прснав малку лимонче и детево се потепа. Изеде ориз полно тегличе големо од каша и плус парче околу 70гр риба лосос. Маф! Епа сеа ќе излезат портокали, лимони, мандарини, ќе цедиме сокчиња, ќе даваме да ручка.
Не ја топлам водата. Мислам дека на повеќето бебешки води пишува да се преврие после 24часа, но никогаш не сум внимавала на тоа.
Да топлиш вода? Ти топла пиеш? Јас користам роса, ако не ја искористам за 3 дена го менувам шишето, нит вријам нит ништо. Ад пие едно во денот помеѓу појадок и ручек и тоа со вода од шише, не вриена, оброци со вода од чешма правам, секако врие, оние во кутија како оброци си вода што се прават ги правам со смлачена вода. Големото пиеше мајчино од фрижидер, никогаш грло не фати.
За пиење се случува и од чешма да дадам или флаширана. За млеко само малку затоплена - флашираната, а веќе и ладно пие т.е на собна температура. За варење на овошје, зеленчук, житарки, месо исто од чешма. @AngelOfArh , и кај мене непланирано испадна пробата на лимон. Ако се важи 2-3 капки. Портокал во готова каша проба. Од алергени - нема пробано јатки, јагоди, киви ( не знам дали е алерген тоа)
Ме бе мајка таман работа, како затоплување, си пиела топла вода колку е гадна. Водата е да се угасне жед, не да се одбие детето од вода. Собна тт е сосема нормална.
АД со каква вода го правиш? Од фрижидер или собна тт? да пробам и со невриена флаширана може така ке пие Ако некој прави инстант чај Бекутан, дали и тој го прави со невриена вода?
Роса од шише директ, со топла вода не го сака, со ладна пие. Во болница кога бевме со големиот ни кажаа дека апсолутно нема потреба од вриење на флаширана и така им даваа, чак што више млекото беше веќе спремно и од фрижидер, замаглено беше шишето.