Таа од домат и мешан зеленчук е убава како додаток на рукеч. Мојов ја сака. Другите не сум ги пробала.
Јас воведов мисиркино прво, не пилешко, зошто не можам да најдам асално пилешко нели и го имам сварено целото па поделено во теглички и вакумирано, варам зеленчук и пред крај додавам месо, колку да се измеша малку вкусот нели. Смрзнато имам теглички што не ми се вакумирале и тие ги додавам исто во водата што се вари пододледени малку и ем ќе се одмрзне побрзо. Палента 6+, кисело млеко 7+ мислам беше.
Во што друго може да се замрзне месо освен во теглички? Пример во калапчиња за мраз да го замрзнам па во зип кеси да префрлам? Немам убави тегли а од кашички не ги чував.
Зошто бисквити на 6 ипол? Воведе зеленчук, овошје, житарки, месо, млечни, глутен? Јас бисквити би оставила за доста подоцна и тоа ако воопшто најдам некои со океј состав, уште не сум ни истражувала.
Моето почна со дохрана од 4 месеци со препорака од педијатар, секако првото по малце потоа по малку зголемував, воведов и месо и зеленчук и овошје и тие со препорака од педијатар. Сега сакав да почнам со млечни каши, купив бисквити за бебиња 6+ , па сакав да знам од прилика колку бисквити би биле доста.
Не знам ти си знаеш. Мојата има еден оброк, ручек, житарка и зеленчук. Неделава планирам месо да воведам, па млечно, па глутен. Таман на 7+ сакам да и воведам вечера некоја млечна каша со овошје или зеленчук. Нас педијатар не советуваше за вечера 2/3 од оброкот да е житарка и 1/3 овошје или зеленчук и да биде млечна кашата.
Ако веќе сакаш млечни каши подобро дај гриз некој со ад. Јас лично на бебе од 6 месеци не би давала бисквити. Мојот има 11 месеци, сеуште не давам.
Мајки, дали може после година да се дава кашкавал и сирење од купечките или уште е рано? Пробав моцарела неколку пати да му дадам ама не ја сака...
Јас деновиве почнав со кашкавал, му имам дадено 2-3 пати по малку од мене. Често да го давам не планирам ама го сметам за воведен. Сирење исто дадов негде од 9ти месец. Неколку пати имам дадено навечер со тарана, исто не планирам сеуште често да давам.
Производите исти се? Само што едниот е крупен другиот мелен? Ме интересира да правам храна го имам тој мелениот како крема, дали се смета за храна со ориз како тој другиот ?