Девојки може ли да прикачите слика кои палента, просо, овесни и гриз ги користите? Немам воведено ниедна житарка, а време е. Дали ги има сите овие работи без глутен и од кога се воведува глутен?
Оризова инстант каша од Холе имам. Просо лупено органско од зегин. Био палента од дм. Киноа био од дм исто земав. Овес дадов од Дм инстант каша 2 пати до сега, за понатака планирам обичен овес ко за нас. Гриз уште не сум вовела дека глутен планирав за 2 недели отприлика.
Јас имам прашање за месото. Како го воведувате? 1 ден па 1 ден пауза па пак или? И колку количински? На почетпк колку пати е доволно неделно да јаде месо? Дали кога давам месо не давам житарка или нема врска? Инаку за 1 недела 7 ќе прави. Месо телешко планирам деновиве да дадам.
Јас зимам од ДМ на Био, во делот кај што е храната е, не кај бебешките. Почнав со кутиите од Холе и Био, ама многу ми смрдат мене, па си продолжив со овие. Варам житарка, додавам сецкано овошје и крка. Доручекот секогам ми е добитна комбинација. За почеток, а и понатака, доволно е 3 дена месо во неделата. Нема врска житарката, во ручекот ставам и месо и ориз пример, жолчка не се дава со месото. Давав преку еден ден, да, не секој ден.
Како да поминам преку стравов да му дадам на бебе парчиња? Блендирано нормално си јаде, пасирам и со вилушка само, не да му е мазно, си јаде и така не праи проблем, ама за сам да јаде во раче? 8 месеци без некој ден е, му дадов смоки на Лино тие што се од палента, ги јаде сам, ама тие се топат, нема потреба да џвака... Ги грицка и си го врти низ уста му се топи, ама сакам парче парче, да научи да џвака де Гледам, читам, пратам блв се со ред, ама ете му го имам стравот на ова дете Првото ми џвакаше од многу мало, а да ме отепа некој не ми текнува како успеав со нејзе Што е најбезбедно да му дадам, кога да реагирам?
Јас сфатив дека најбезбедно ми е морков. Го сакаше од старт, сварив, исеков правилно и дадов. Од тогаш каша само ако не сме дома или ако е нешто итно.
Дали некоја дава гриз со плаво бебе што има на сликата или треба друг да купам некој органски дан треба или добар е овај?
Ја отворив бебе готвач демек да си одговорам на прашања, мене уште 100 ми произлегоа. Спојлер Не се ова многу големи парчиња за 6+? Настрана тоа, денес за доручек му направив каша од јаболко и авокадо. Рецептот беше од апликацијата. Вели, 1 јаболко да се свари и 1 авокадо да се изблендираат со 6 лажици сок од јаболко. Остај што ми излезе многу каша количински (јас знам дека за 6+ оброк треба да е околу 150г), тука дупло ми излесе, па и бебето не ми бендиса, уста трипати ми отвори. Сега цела каша стои, треба да ја фрлам или може да ја нудам пак? Исто шо сакав да прашам, кога одбиваат да јадат, кога нудите пак? Го скокате тој оброк, па давате на нареден или цел ден се молите со лажичката околу него? Правите нешто друго или настојувате да го изеде веќе приготвеното? Збунка еј. Демек ќе се водев по еден редослед, во 8 да му е доручекот, ама вака ако ми одбива доручекот бранч ќе му стане.
Леле немој вакви апп, за 6м бебе уште не ти треба. Каков сок од јаболко какви бакрачи, свари јаболче, тоа и така е нацицано со вода од варењето, авокадо и ајт. Ама вкус дека ќе добиеш од ова, мало теже. Додај банана малку во дел од кашата и пробај. Не нудкам цел ден, јаде не јаде и толку. Може за пола саат да понудам пак, ама порано не.
Исто за морков ќе пишував и јас. Не сме по Блв. Сеуште најчесто јади каши. Ама знам морков варен да дадам или батат печен. Си јади без некој проблем. Сега есенва тиква кога имаме печена планирам. Додуша тие работи за почеток на попладне или во викенд кога јас сум дома.
Да, да од сварената вода додадов некоја лажица да може да се изблендира. Можев да додадам банана ама веќе е доцна, повеќе од саатипол ми стои во кујна кашава и од авокадото веќе потемнува. Ваљда треба да фрлам.
Фрлај, ама не се води во иднина по апп, стај четврт јаболче, четврт авокадо и пола банана пример. Имате се воведено така?
Жити мене избриши ја бебе готвач. Тука подобри совети ќе добиеш. Ако одбиваше да јаде пиеше млеко на 6+, на нареден оброк нудев пак и ако не сакаше фрлав. Не знам колку храна фрлив ама ај. На почеток давав опции, после тоа ми скисна ништо да не сака да јаде и си стоеше еден оброк додека не го изеде или фрлам.
Од овошје да, освен црвено овошје и манго и слични егзотични. Обично варам ориз со овошје правам или просо + овошје, денес сакав да сменам, ама ич уста не ми отвори ете.
@LiquidLuna @AngelOfArh Леле значи некое време се трудам според ова да се водам, го ставав неколку страни наназад може ќе спамам Спојлер Ама овоа за мене е скроз неизводливо, у perfect world мене бебето у 8 ќе ми изеде што и да сервирам за после у 8:45 да цица. Очекувањата ми беа на high коа почнав, ама не можам да стасам да е вака. А бебе готвач да, делува застарено меѓудругото.
Хехехе, дојди да се насмееме слатко. Јас не знаев дека постоеле деца што не јадат. Ми се акна од глава на максимум. Напрај си ред според детето. Кај нас пример тој период на 6+, почнавме да воведуваме втор оброк, и распоредот беше вака: Млеко Доручек Млеко Воведување на ручек Млеко .... Ова што читаш нека ти биде само како пример, под саат не можеш секако. И секој ден ќе биде различен, некогаш ќе му се јаде во 8, некогаш во 9. По бебе готвач и јас се залетав, дури и книгата ќе ја купев за малку
Јас со првото бев под саат, е замисли сега како ми е со второво што нема ни ред ни поредок, ништо! Цица од 3 до вечерта нон стоп, пауза само за да јаде, брадавиците ми се веќе пепел. Бебе готвач од никогаш не ми бил нешто, поише галама од содржина.
@DaisyDoo јас така почнав со доручек и колку и да го поместував порано покасно не сакаше и не сакаше да јаде. Затоа сега оброк нудам за ручек. Тој ни е само воведен. И не е дека само зеленчук и давам. Некад и овошје со житарка давам ама тој период да е меѓу 1 и 2. Тогаш е гладна и и се поклопени ѕвездите па можам да кажам дека јаде. Ко ќе реши дека и е доста затвара уста и крај. Не сака па што сакаш прави. И не форсирам. После пола саат нудам млекце и тоа е тоа. Се учам да не се нервирам и си мантрам дека до 1 година е млекото секако главно. После тоа ќе му ја мислам Затоа и сега на 7+ сакам вечера да воведам а на крај доручек. Не е секое дете исто. Мојава на сабајле млеко само сака, тоа е. @AngelOfArh количински колку месо да давам за почеток? И кога зголемувам доза?