Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.837
    Пол:
    Женски
    Почнувај со овошје и зеленчук, житарки после. Јас почнав со морков, јаболче, компир, праска... мешав ден овошје, ден зеленчук. И со големото и со малото така.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    За некој ден полниме 5 месеци, во 6 ти, а гледам веќе покажува интерес за јадење. Некни му дадов јаболка да лизни цел беше радост. Мислам дека ке сака да ручка. А почнува да се исправа скроз кога го ставам во полуседечка положба, сака да седи :lol:и мислам да почнам со вкусови, дека е спремен за тоа.
    Три дена еден па друг така правеше? Мешаше вкусови кога воведуваше нов?
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.837
    Пол:
    Женски
    3 дена еден, 3 дена друг, па ден два мешавина.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.716
    Допаѓања:
    21.401
    Пол:
    Женски
    Колку и да читаш ред сама ќе си ставиш на крај. Јас чисто многу ретко давам. Само првиот вкус беше само јаболче, после тоа давам ново со веќе воведено. Некогаш давам по два дена, некогаш по три. Прво воведов 8 основни овошја и зеленчуци, а моментално воведувам житарки, почнавме со безглутенски овес. Да воведам уште некоја житарка па планирам да воведам еден оброк, најверојатно ручек. После тоа планирам да воведам месо (телешко и мисиркино), па млечни производи итн. Почни си со овошка или зеленчук сеедно, немој со ориз. Особено не со домашно правен ориз.
     
    На LiquidLuna, Freckles. и Ceneva им се допаѓа ова.
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Оризот богами поради арсенот би го оставила да е последна житарка за воведување, прво други.
     
    Последна измена: 22 октомври 2023
    На Panovic, Снегулк@23, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    8.465
    Пол:
    Женски
    Фала ви мамасити @Bella_Stella @AngelOfArh @0ли
    Немам многу време да проучувам, минувам низ голем стрес, може ќе се одлучам и да споделам понатаму за што се работи.
     
    На princess5, Freckles., Bella_Stella и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Мајки белка како да воведам? Прво сакам да го намачкам на ноџе да видам ќе има ли реакција(на 9м имаше блага реакција на алерготест) .
    Утредента сакам да му направам палачинки или мафини. Според вас што е подобро, и дајте рецепт по кој правите. Фала :hug:
     
  8. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    Бебињата се 8++ , корегирани 6++ имаме воведено 2 оброка, планирав од 9 месеци да воведам и вечера али гледам ми го одбиваат млекото.
    Од колку месеци воведовте трет оброк?
     
  9. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.952
    Допаѓања:
    12.194
    Пол:
    Женски
    Јас спонтано деновиве почнав со трет.
    Има 8 и пол месеци, самото време си дојде за трет.
    Мислам дека таман ти се, ако сметаш лично дека е време за трет оброк.
    Со нешто лесно, слично како за појадокот. Житарка, палента, кашичка со овошје... Ии немам веќе идеи.


    Да прашам за моето.
    Од кога јајце, т.е жолчка се дава?
    Прво жолчка па белка или како беше?
     
    На Suze18992 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.065
    Допаѓања:
    110.837
    Пол:
    Женски
    Жолчка сега воведи знаеш постепено, а белка после година.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Suze18992

    Suze18992 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.130
    Допаѓања:
    1.597
    Пол:
    Женски
    Фала, така мислев и јас :)
    Како темпираш временски ? Досега доручек им беше околу 9/10 и ручек 4/5 саат? Измеѓу да имаат барем еден оброк со млеко.
    Ги успивам околу 7 саат.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Напомена за белката. Ако планираш градинка и порано од година, треба и порано да се воведи. Барем нас така ни побараа.
     
  13. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.952
    Допаѓања:
    12.194
    Пол:
    Женски
    Појадок му давам околу 9 и за прва дремка млеко.
    Потоа кога ќе стане давам ручек. Е сега ако сака да се освежи спремам малку чајче колку да оплакне муце, па ручек му доаѓа околу 13 часот.

    Кај тебе, ќе го поместиш ручекот порано, пред втората дремка, ако ти одговара така.
    Вечера сега му е 17 до 18 часот. Па некогаш и малку подоцна.
    Сѐ на сѐ дури да фатиме ред, потоа спонтано ќе си биде хранењето. Се бркаме ние мајкиве со дремки со храна а бе што да расправам... :drunk: :D

    Мајки, и ова прашање. Во денот пие по шишенце или две чајче, повеќе разводнето, онакво од Бекутан.
    Што мислите, во ред е толку да пие или само вода да му дадам?

    Му дадов вчера вода од чашка мала, ко маче со јазичето лижеше, се нервираше дека не знае како.
    Научен е со шише.
    Шо да прам?
     
  14. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Дуња со што комбинирате?
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    7.558
    Пол:
    Женски
    Јас со јаболка и банана имам дадено плус житарка. Еден ден со просо, еден ден со мултигреин од кутија мислам беше.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    815
    Јас денес дадов со јаболко, боровинки и просо ама кисело и беше.
     
  17. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    Јас почнав со морков, јаболка, банана... денеска компир. Планирам да ги помине основните овошја и зеленчуци. Па откако ќе ги помине, да давам житарки. Дали е во ред мојот план за исхрана? И да те прашам од прилика колку количински да му давам? На педијатар ми рекоа по неколку лажички, колку да проба вкусови, ама он си бара , а јас му прекинувам и баш жал ми паѓа....
     
  18. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    Или ако може некоја членка да пише неколку примери за почетпк на исхрана? Страв ми е да не му згрешам нешто :?:
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.716
    Допаѓања:
    21.401
    Пол:
    Женски
    Вкусовите што се даваат на почеток не се алергени и обично ретко некое дете покажува реакција. Јас првиот ден кога имам воведено нов вкус давам само неколку лажички, следните денови давам колку што сака, сеуште не е тоа многу зошто сме на почеток. Кога почнавме давав по три дена, ама знам и по два да дадам па да преминам на следно. И мене ми е жал да го прекинам некогаш кога нешто му се допаѓа и отвара усте, ама мора и низ тоа да се помине..

    Додека да стигнеш до еден оброк важно е да имаш воведено зеленчук што содржи скроб(компир, батат) и житарки(овес, просо, палента, гриз). Понатаму ќе правиш комбинации што ќе го заситат и ќе се сметаат за оброк. Обично 120-150гр би јадело тогаш.
     
    На daks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207
    Мнооогу ти благодарам. И јас така правам, воведувам едно овошје или зеленчук 2 или 3 дена, после преминувам на ново.
    А ориз, палента, овес, гриз исто прво сами да ги проба нели? Без да ги мешам...? Откако ќе ги проба истиве житарки, можам да ги мешам и да правам комбинации? Извини ако замарам, ама на почеток сум, и стварно ме фаќа паника да не згрешам, а на педијатар ми изнакажаа многу информации (истиве), па да не згрешам нешто