Може да мешаш со веќе пробани намирници. Никогаш не сум дала житарка чиста без ништо. Не верувам ни дека ќе ја јади моево така.
Житарките можеш да ги мешаш со веќе воведени овошје/зеленчук зошто и онака во иднина така ќе ги јаде. Пример јас денес дадов овес, банана и праска. Овесот го воведувам трет ден, а праска и банана имам воведено од претходно. И јас сум на почеток, ќе се учиме заедно.
И јас џа овес ќе прашав, никаде не најдов во градов безглутенски, може погрешно нешто барам. На Хип најдов само ориз други ништо, не ми е јасно зошто нема.
Да ве прашам... Дали кога воведувате житарици, ги давате еднаш во денот за проба или на неколку пати? И дали има разлика помеѓу инстант кашите на Холе и Хип?
Има во ДМ овес без глутен. Пишува дека може да содржи траги од глутен ама тоа е дека се прават на иста лента
Јас воведов житарка кога имаше еден оброк само, така да еднаш на ден. Сега веќе има 3 оброци и речиси во сите ставам житарка. Не видов некоја разлика во житарките на Хип и Холе, нешто може ценовно. На Холе секогаш ми испаѓале погусти кашите, ако ја следам мерката пишана назад, на кутија.
,Во ДМ има деклариран без глутен и не деклариран. На тој што не е, пишува дека може да содржи траги од глутен. @1209 ако бараш инстант кутија на Хип мислам дека нема со чист овес. Ако не сакаш снегулки, ќе ги смелеш и така ќе ги користиш.
Немам ДМ кај нас, ниту во близина. А обичен овес(јас шо јадам)не може да се дава? Може ќе најдам во добро снабдена здрава храна без глутен(ако не се лажам еднаш наоѓав кога бев во пик на Хашимото)
Можеш да даваш и обичен. Инаку и оризот и пченката ако не се декларирани содржат траги од глутен. Безглутенски производи можеш да најдеш и во Зегин.
Вчера Д: печена тиква со кокосово и мелени ореви Р: жолчка, просо, домат В: малку беше изместен со оброците и многу му дојдоа набрзина па само шмукалче со праска, банана Денес Д: мулти житарки со круша и путер од кикирики Р: телешко, сладок компир, тиквичка, В: пченка на хип со јогурт Инаку почнавме да се спремаме за парчиња. Веќе неколку дена не блендирам (освен место) туку пасирам или рендам. За сега одлично прифаќа.
Колку месеци сте ? Моите се скоро 9 денес им направив "колачиња" со овес , банана и Ад повеќе фрлија на плочки од што јадеа
Фрлањето е нормален процес. Со тек на време се намалува фрлањето, а се зголемува внесот на храна. Кај моево до кај 10 месеци 50% од јадењето беше на под. Сега има 11ипол, кога ќе се најаде само почнува да фрла на под и тогаш го станувам.
За една недела 10, ама по термин точно 9. Сум дала парчиња сладок компир, повеќе гмечи, ама знае и да лапне по нешто, по малку јас му давам. Релано споро оди зошто јас почнав и на работа, плус имавме бурен период со обврски и не сум се посветила. Сега ми е битно дека не бара да е мазно туку проаѓа и така со структура, па ќе вежбаме полека.
Дали ги фрлате инстант житарките 3 недели по отварање на кутијата? Пишува до 3 недели да се искористи од отварање а јас не стигам за 3 недели да искористам.