Неѓаш воведено глутен. Тој се воведува со житарка што содржи глутен. Можеш со спелта, пченица, јачмен, 'рж.
Кога воведувате три оброци, дали преку ден измеѓу оброците им давате млеко на бебиња што се на ад? Некако многу набрзо ми доаѓа така, а ноќе пијат млеко најмалку 3 пати, па се мислев барем дневното да го сменам со уште еден оброк, ама да не им фали млеко преку ден?
Како почнавте со вкусови, прво цицање па каша или обратно. Не очекувам дека ќе изеде многу како за прв пат кога ќе почнеме за да заменам со подој.
Во никој случај не можеш од стар да воведеш оброк. Прво ради тоа што се даваат само неколку лажички за да видиш дали ќе има реакција, друго ради тоа што немаш воведено намирници за да имаш оброк. Прво добри месец дена ќе воведуваш, тек после тоа оброк. Секогаш прво цицање па каша.
Млеко, па по неколку часа проба на вкус. Додека не се воведе цел оброк сѐ се смета за ужинка и млекото не се заменува.
Јас пробав пред 2 дена накај 9 доручек па после Ад, накај 14 ручек па Ад и околу 18:30 вечера. Прв ден успешно, вчера не . Им дадов за ручек теглички болоњезе и ми повраќаа цел ден и викам ај да не ги мачи многу храна им дадов млеко. Пробај може и подобро ќе спијат, За навечер веќе се големи за 3 пати да пијат млеко. Проба да им дадеш лажливка или вода за да презаспијат ?
Од кога намали со фрлање имаше периоди кога фрла повеќе или немаше промена? Мојот супер беше еден период не фрлаше, сега пак почна ама 80% од храната е на земја, тоа уште веднаш кога ќе почне да јаде не е најаден. И каши ептен намали со јадење излегуват горни кеца мислам до тоа е. Ај некој совет дали да продолжам да нудам парчиња додека трае овој период на нејадење? Се мислам да продолжам со каши сега зашто воопшто не јаде, па да направиме пауза од парчиња. Ама да не му направам хаос во навики а?
Денес пробував така, ама многу ми повраќа малава, можеби им е рано уште. За млеко ноќе искрено не знам што да направам, како новороденчиња се понашаат, не врзуваат сон, ако не им дадеме млеко, нема презаспивање. Со лажалки и спијат речиси цело време, а вода не пијат ич. Досега беа на 4-5 млекца и 2 оброци, измеѓу ладно овошје во цуцли заради запчиња. Ако им дадам млеко меѓу оброци, после оброците не ги јадат, или ќе ги изедат, па повраќаат. А без млеко преку ден не знам, може треба да пробам, 9 месеци ќе полнат.
Знам дека не е оброк. И дека се неколку лажици. А остатокот го фрлате или го чувавте за утре да го дадете пак. Зошто не можеш баш толку малку да направиш. И дали ставаше мајчино млеко малку за поретко да е
Јас на почеток давав готови кашички. Тие во фрижидер отворени седат 42 или 72 часа. Па една тегличка на 2 пати користев. Ем ми беше посигурно за почеток со купечки, особено за овошјето, ем полесно. После почнав да си правам домашни кога почна да јаде повеќе. Од око ги правам и ми излегуваат околу 150 грама. Што изеде изеде што не или јас дојадувам или фрлам.
Моето одамна не станува ноќе повеќе пати. Ретко кога веќе беше време за вклучување нов оброк се случуваше да стани. Е сега Прво будење околу 4-5 наутро давам млеко. И дома и во градинка ќе биде така гледам околу 8:30 да е појадок. Следно пред спиење давам млеко, зависи колку брзо после појадокот, па регулирам количина. Веројатно во градинка не даваат млеко затоа и сум во недоумица. После ручек. Па меѓу ручек и вечера ептен малку млеко 60-90мл. Вечера И пред спиење пак млеко Вака без проблем сврзува од 21:30/22:00 до 4-5 наутро.
Јас купив Avent 4 in 1. И во него ќе си правам. Денес почнав со морков и ставив некоја лажичка и мајчино млеко, измолзив дур се вареше морковот. Утре ќе си направам свеж пак, ама помала количина ќе направам ако успеам, незнам колку е минимум во авентот, за мах има бележано. Можам да кажам тоа што му го дадов со сласт јадеше. Ми беше жал да го прекинам дури ама мора така на почеток.
И јас како @Thinkerbell. голем дел давав/давам од готови каши. Нешто правам дома нешто купувам. Домашна каша никогаш не чувам, ја дојадувам или фрлам. Купените ги користам до три дена и знам да ги смешам. Денес пример немав време за нов вкус да воведам, му дадов готова на Хип од јаболко и тиква, смешана со испасирана банана. Ептен му се допадна и изеде околу 80-90 гр. Уште немаме официјален оброк, ама се трудам да давам вака за да се учи на храна и кога ќе стигнеме до оброк да јаде околу 120гр. Три лажички домашна не можеш да спремиш, ама можеш мала количина. Мало компирче, еден морков итн. Јас многу работи имам замрзнати на половинки/коцки и си правам комбинации.
Првите вкусови и јас ја ограничував. Пример воведов јаболко, 5 лажички прв ден, 10 втор. После круша, 5 лажички па 10. После купив круша и јаболко мешана каша и и дадов колку сака. Тоа беше околу пола тегличка. За мешање со млеко, не сум мешала. Со малку водичка правам се. Веќе и погусти ги правам кашите и мешам со пасирано
@Ceneva И јас не одговорив за млекото во кашите. Мене ми нема логика тоа и никогаш не ставам и не планирам да ставам. Млеко си пие преку доење/ад, не знам каде е логиката во ставањето во каши. Ставам од водата во која што се варело овошјето/зеленчукот. Ако варам на пареа ставам од водата што вриела под садот.
Јас што гледам на инста профили за кашички, многу ставаат. Демек полесно да прифати, малку ќе му има вкус на мајчиното млеко, што мене не ми е многу верно тоа, тоа е толку малку што во никој случај не преовладува во вкус. Ама видов многу ставаат и јас ставив во морковот денес, неколку лажички да биде поретко. Во некој каши може да се стави млеко, ама некој каши па и не иде. На пример на компир ако ставиш малку, како пире ние кога правиме нели де со млеко, ама на јаболка млеко не би, ми нема нзс.
Не ставав млеко од причина што детето треба да го почувствува вистинскиот вкус, а не да е замаскирани со мајчино. Инаку понатаму за во вечера сум ставала зошто и онака е препорака вечерата да е млечна.