Исто како @Ano. Вечерата ако не е инстант млечна каша туку обична инстант, ја правам со ад зошто се препорачува да е млечна.
@Ano На тој морков што го сварив и тоа малку млеко што го ставив, кога пробав јас ми имаше вкус на морков. Во никој случај не може да замаскира, јас ставив 4 мали лаж бебешки во толку каша. Друго е ако ставиш многу,како за млечна каша. Здравје ќе дојдеме и до таму. Ама сепак фала за мислењата. Уште полесно да не ставам
Кога му излегуваа горните единици на моево не јадеше ништо, ама баш ништо. Што и да понудев завршуваше на под уште непробано. Само на млеко беше тогаш. Само што пробијa, се' се врати во нормала. Ако ти јаде каши давај му, нема да се збрка. Или можеш да искомбинираш во еден оброк и каша и парчиња, па ако сака парче нешто ќе си земе.
Скоро 6,5 месеци, од пред некој ден воведов оброк. Засега има пробано морков, компир, тиквичка, авокадо, тиква, јаболко, праска, банана, слива, круша, киноа и пченка. Паузирам 2-3 дена со нови вкусови поради вакцините што ги прими, па следно на листа ми се батат, блитва, брокула, карфиол, просо, овес. Сакам и маслиново да воведам, покрај здравите масти и за да им дадам малку вкус на зеленчуковите каши, многу ми се безлични инаку. Неколку прашања, особено за тие што следат блв. Какви зачини сте вовеле и кога? И дали и тие се даваат по три дена? Имам дома гранчиња ванила, цимет, каранфилче. Се мислам и за куркума и слично. Друго околу јајцата...има некој воведено цело јајце одеднаш, на пример ленти омлет или згмечено со вилушка и додадено во нешто друго? Сакам да дадам негде кај 7 месец, па да почнам со месо и да воведам втор оброк. За млечни ми е страв како ќе оди, зошто кога се роди изрази интолеранција на кравји протеин па некако ми е шубе. Во стол уште не сум ја седнала, ама викендов ќе пробам дали е стабилна да седи сама па да почнам со парчиња полека. Се мислам со обарен цвет брокула да и дадам да се занимава, па ќе видам понатаму како ќе реагира.
Колку и да е малку го маскираш реалниот вкус на тоа што го даваш за проба. Здравје кога ќе имате вечера можеш во тој оброк да додаваш твое млеко ако толку сакаш.
Како што ти пиша и @Bella_Stella , во најмала рака замирисува на мајчино. Подобро со водичка да разредуваш ако имаш потреба
@Bella_Stella @Ano ма не дека јас многу сакам мајчино да ставам, и тоа е обврска. Туку гледав дека така спремат и ај и јас куса да не сум . Ама утре нема да ставам и ќе продолжам без, полесно и за мене. А кога ќе дојде ред за млечно ќе видиме на што акл ќе сум до тогаш
Не јаде и каши како претходно ама пак со занимавање можев да му дадам неколку лажички, ова до вчера. Денес не даде воопшто ништо да му се стави во уста освен млеко и вода. Тоа е ќе издржиме неколку дена
Не ти плаче ако и дадеш помала количина млеко од вообичаено? Моиве ќе ме потепаат ако е помалку од 150.
Се случува понекогаш и цело шише да испие, зависи кога ручала и колку време има до вечера. Е сега кога давам помалку е обично за да пролонгирам 1 час до вечерата на пример. Ако да речеме околу 13:00 јаде ручек, до 17:00-17:30 не може да издржи без оброк, затоа давам помалку млеко и после вечерата за кратко време.
Можеби не сум погрешила, вистина не сум паметна по тоа прашање. Ама е обврска, треба да се измолзуваш за да ставиш. Па после миј пупма стирилизирај за малку што ќе извлечиш. Така да ќе оставам кога ке си дојде време за вечера
Мајкии ајде совет или утеха, второ дете ми е ама првото беше како по книга. Хаха 6м е , од вкусови проба доста работи амаа цел оброк не јаде никако, почнавме 2 пати по пола каша и стигнавме до правење нудење и фрлање. Само на млеко е, незнам веќе како и што. Дали доколку почнуваат заби може да одбива храна? Инаку доколку и дадам цела бисквита цело време ја става во уста. Од цврта храна и е само тоа, ја нудев со бисквита во овошните каши или со млеко така не сака.
Мој совет почни со парчиња. Имаш на солид старс се како да нудеш. Ми изгледа дека сака парчиња да јаде штом бисквита во каши не сака
Кај моево околу една недела траеше периодот на нејадење. Само цицаше, ништо друго. И после наеднаш се врати во нормала, ко ништо да не се случувало измеѓу. Вака еднаш се случи и кога имаше околу 7 месеци.
Од кога дадовте маслинов зејтин? Овој го зедов од Зегин, ми личеше дека е погоден за бебе од 6+++. Спојлер Го користи некоја?
Ќерка ми е 6 ипол месеци и деновиве планирам да дадам. Ќе и дадам од истото ние дома што го користиме, од Грција го земам секоја година. Битно е да е чисто ладно цедено само. Твоево плус има и ознака био, така што мислам дека е супер избор.