Јас се пријавувам како мајка на бебе нејадач и неспијач. Незнам каде грешам и дали детево мое е такво, ама на голема мака сум си.. Дајте некоја насока како да почне да јаде. Се чувствувам како да заглавивме на вкусови пробување. Повеќе од 2-3 лажички не сака да помисли. Пробав домашно спремано, сега пробувам со готови каши. Некако не е расположен за цврста храна и тоа многу ме секира моментално.
Kako go cuvate mesoto od domasno pile? Go zamrznuvate zivo ili malku vareno? Kolku vreme moze da se cuva zamrznato i po kolku da stavam vo kesicka?
Јас варено, цело пиле, па исчистено од кожа, коски и во теглички поделено по порции со дел од водата во која се варело.
Не е. Јас дадов иста таква првпат додека чекав свежо младо телешко да донесат во месарница, сега и давам 3 пати неделно од него.
Овесот е со глутен но постои во дм овесни снегулки без глутен јас такви користев пред да дадам глуте, риба јас дадов на 9++ белвица, не мора да е белвица може пастрмка, ослич може битно прво бела риба се воведувало колку што прочитав на форумов.
@ija Овесот е безглутенска житарка. Но при производство може да дојде до крос контаминација со други житарки што содржат глутен. Истото важи и за пченка/палента и ориз.
Мерам живо по 50гр, варам цели парчиња и после во теглички од Холе, од Био ДМ, од Нутрино, тие ми се затвараат најлесно, во тие вакумирам. 50гр од почеток на воведување дохрана. Јапонското не е алерген во принцип иако не мора да значи ништо, во родот на тиква, компир, јаболко, но мора да бидеш сигурна дека е скроз зрело, меко, не собира уста за да дадеш. Моцарела е од старт, но јас не верувам на овие нашиве по 50ден топче што ги продаваат, а не сум отишла до Веро да земам на Зот и не сум дала уште. Леб давам кога ние јадеме од тој што јадеме, посебно не му купувам. Овесот е безглутенска житарка, но во производство се контаминира бидејќи оди на иста лента со останатите житарки. За риба скроз не размислив и прво дадов лосос, ок го прифати и го јаде со малку лимон.
Има со 4 вида житарки: овес, спелта, јачмен и 'рж. Во овие ДМ каде што пазарувам јас посебни снегулки само од јачмен или 'рж нема. Јачменови снегулки имам видено на Биокосмос.
Погрешно си разбрала нешто. На 6 месеци доручек, па понатаму ручек и вечера, а не сите на 6 Истите совети ги добив како за првото.