Зависи од докторката да знаеш. Слушнав слични насоки на ова што го пиша @Bebence29 од една од докторките. Кај која докторка одиш?
Ние сме кај Јадранка ,цимерката оди кај Гордана исто и рекла јас колку што се секавам за првото беше на 6 прв,7 втор,8 трет па потоа ужинки Кај која докторка си ти?
И ние кај Јадранка. Јас на 6 воведов прв, на 7 втор на 8 планирам трет. А, да, и она и Гордана се океј со тоа на 6, 7 месеци 3 оброци да се воведат што ми е нон сенс
Кај Марина одам, кај неа одев и за поголемиот. Три оброци нема шанси да воведувам наеднаш, ќе терам на секој месец по еден. Ме зачудивте со советов.
Тука нема правило кој оброк треба да е прв, ама советуваат првиот оброк да е на 7, а за следните два може и во еден месец, секако постепено, ама пошо веќе еден оброк би бил воведен, другите би оделе мн брзо.
Јас многу се изначитав на темава зошто имав мака со воведување доручек зошто не ми го јадеше. Откако повеќе се информирав, сфатив дека слободно можам да и давам покасно кога беше расположена за јадење и така да и воведам прв оброк кој ќе биде ручек. Секако по некоја логика повеќе работи што им требаат како железо на пример, особено на доени деца, ги има во намирници кои ги даваме за ручек. Затоа и прочитав доста препораки месо да се воведе што побргу откако ќе се воведат основните зеленчуци. Така и направив. Имаше мака и со столицата па доста рано воведов и масло, кое кај нас по некои табели вика да се воведе на 7 месеци. Втор оброк дадов вечера зошто така повеќе ми одеше во распоредот што го имаме. Мислам дека нема универзално правило. Препораки да ама треба да се следи детето.
Колку месеци е? Имаш воведено млечни? Ако да, пробај со кисело млеко или грчки јогурт. Јас така го разјадов мојот. Една лажичка каша, друга кисело млекце и си отвора уста до крај на кашата. Сега веќе си јаде и без да морам да камуфлирам. Секако има периоди кога пак не јаде (заби, болен) ама генерално вака се спасив
Чекај, пополека дај му време, и јас мислев дека е нејадач мојот, правев доста грешки(пуштав песнички, изигрававме кловнови) ама околу 8-9 месеци сам се разјаде.. Откако почна да цица 4 пати на ден си јаде повеќе, само смирено
Затоа ми се свиѓа пристапот тука, нема распоред, нема правила, поентата е и детето и родителите да уживаат во храната. Затоа и викаат да не се брза со прв оброк, во првиот месец-два фокусот треба да биде на креирање позитивна атмосфера кога ќе се седне на маса, па запознавање на детето со просторот за јадење, столчето, масичката, некое време може и само набљудување на родителите за време на нивниот оброк, да прати како џвакаат, мотириките поврзани со процесот на јадење, да види дека покрај задоволување глад, самиот чин има и социјален аспект, нели муабет си правиме за време на јадење. Да не биде, еј наполнавме 6 месеци, сеа го седнуваме детево и мора да јаде по секоја цена, и бутај сосила. Значи да се ужива во се ова. Јас масло дадов, а сме скоро 6 месеци.
И мојот кога не јадеше нешто, грчки јогурт/кисело млеко беа спасот. Мада после некое време почна да ми одбива кашички, уста не ми отвараше и морав да почнам со блв..
Има 7ипол месеци (корегирана возраст) и мислам дека го мачат забите.. Воведов јогурт и грчки јогурт. Ќе пробам вака, фала ти И јас изигравам кловн, ама кога нешто не оди, не оди. Ќе нудам, па кога пројаде, нека пројаде.. немам друг избор
Некоја од вас правела кифлички домашни за бебенце? 9 месеци има, сакам да им речам на бабиве да замесат една мера, кога ќе го ставам конечно во хранилка, и да се окуражам сам да јаде, да му дадам кифличка да држи. Рецепт ако сте правеле...
Во релаксатор на највисока точка. Време е за хранилка, само треба да ја склопиме, пред некој ден ја вдомивме. Ради другиот батко, со релаксаторов носи ваму носи таму, бараше од кашите па цуцај од шишето, драми. Туку, кифлички даваш или нешто лебесто?
Мене ме интересира какво брашно користите за било што на пример кифли, леб, мафини дали обично или мора да е органско?
Давам обичен леб, кифли не бидејќи не сум направила, не за друго. А ќе му направам. Иначе хранење МОРА во хранилка, знаеш, нема што да ти солам памет де, али единствено безбедно е. Мајка ми го одучи на некој начин малиот од хранилка пошто е плачко и и ќенка и она одма го крева, инстант, нејќе да го слуша да плаче, ко ја да сакам и се научи да јаде додека се шета по дома, аха, нема проблем, инстант го вратив во хранилка и и дадов ултиматум на мајка ми ако сака да го чува така ако не од утре во градинка. Многу мака видов со неа, ми го научи на раце надвор, плачел во количка, ми го научи на јадење цел ден со лажичките, да презаспива по сто пати, ама мислам на добар пат сме. Вие не цицате веќе?
Обично, бело, интегрално, било какво. Органско досега не сум дала ако не ми е во буџет, тоа што купувам за нас и за него, не е за еден ден ова, цел живот ќе јаде.
Во право си прескапи се органскине брашна да те прашав дадов тарана домашна ама со цело јајце била дали се смета за воведена белка?
Е да, се смета за воведена веќе. Јас имам некоја кочница за белка, не знам зошто. Ваљда ќе пробам тестот на кожа прво, па ќе ја делкам поише од жолчката. За ништо немам ваква кочница ко за белка и јатки, не знам зошто. И јагода би дала мислам пре него ли ова.