Снегулка види да не не е убаво изблендирана јаболката, да не има грутки. Тие купечките се како пудинг и заради заштитниот рефлекс кој го имаат бебињата одбиваат да јадат. Почни со купечки додека да свати дека тоа е нешто што смее да се јаде, од прва ќе се мршти ама подоцна ќе почне да јаде, или едноставно уште не е спремно бебето. Бисквитите се глутенски, не брзај со нив, посебно не на почеток на воведување на нова храна. Шеќер и сол избегнувај, додека не го запознаеш со таков вкус нема ни да го бара. Што читав скоро кај сите од почеток јадат само купечки а потоа ги прифаќаат домашните кашички. Или пробај со банана, изблендирана, не пасирана, за почеток. Кај мене не е јадачка ќерка ми, отвара уста на почеток и после толку силно ја стиска што нема шанси да и ставиш храна. Се надевам ќе 'пројаде', оти со првото одма сакаше да јаде за после некој месец и до ден денес да се молиме ( скоро 4 години е).
На крушата пишува од 6 месеци. А на 2 табели што ги имам се е различно со крушата и морковот а и со другите овошја.
На хип кашичките? Можеш морков, па јаболка и морков, па јаболка и банана, па после 6,5 и зеленчук или со полни 6.
Мајки ајде помош: келераба и целер, од кога давате и како? Со што одат најдобро? И дали знаете дали ги има преку цела година или да замрзнам?
Круша од хип е после 4 месеци, кајсија и таа исто за морков педијатарот ми рече од наредниот месец, кога ќе му задавам зеленчук Мамички од кога им воведовте на бебушките 2 кашичка
Јас воведов втор оброк- зеленчук околу 6.5 месеци, така ми рече педијатарот а и веќе време беше оти почнавме со пробување вкусови пред 5.5 месеци, значи после месец од воведување овошје.
Спомнувате често кокосово масло.По колку на ден давате,и за што всушност е корисно?Бебето е мало но би можела на поголемата да и дадам.
На 34 страна од 'Денешното мени' Јагода има ставено линк- за што се служи и е корисно кокосовото масло. Не можам копи паст да направам од моб пишувам.
Сама да се цитирам- келераба се дава од кога ќе почнеме и зелка да даваме, а целер може после 7 или 7.5 месеци.
До една година по пола лажичка, твојата како што знам е околу 5 годинки така да слободно можеш по една лажичка.
Да на хипп му дадовме денес од крушка, на од фрутек не оти е за над 6 месеци.. Значи јаболче, бананче сега крувче па после ако не испиеме сокче( незнам дали може наместо кашичка во денот сокче ако сме на еклузивно доење) Ќе мешаме со кашичките.
Може ама домашно подготвено. Па и не мора, не го учи на сокче, дава лажна ситост. После модра слива, па некоја комбинација меѓу нив, па зеленчук.
Денеска купив киноа и просо (Виталиа) од Карфур. Вие од каде ги купувате овие безглутенски житарици? Дали се добри на Виталиа? Амарант немаше, да не знае некоја мама каде можам да најдам? Е сега вака, се убаво си пишува на ќесичките кој сооднос и како да ги зготвам, но за почеток по колку просо/киноа да ставам во кашичките? По една супена лажица? И во тој случај во колку вода да ги варам? Заедно со зеленчукот/овошјето можам ли?
Јас се што имам од житарки и лененото семе ми е до БиоКулт, пакувани се на Davert. Виталија немам ништо земено, не знам да ти кажам .. Амарантот исто го земам од таму, што значи можеш во било која продавница за здрава храна .. Мој совет не земај ништо рефус зошто не знаеш какво потекло има. Киноата и хељдата се високо протеински житарки и од причина што сега почнувате давај ги само по еднаш неделно, по една лажица. Просото можеш почесто, исто по една голема лажица. Јас водата не ја мерам зошто една лажица ако ставам треба три вода нели по таа логика, тоа е малку вода зошто брзо испарува. Првиот пат ќе ти биде потешко да погодиш ама пробај, на вкус сама ќе отцениш кога е готово, а вишокот вода може да го исцедиш. За вториот пат веќе ќе знаеш. Сите тие житарки убаво треба да ги измиеш и се варат во веќе зовриена вода. Јас готвам на пареа за нејзе, па немам заедно со овошје/зеленчук правено ама не гледам причина зошто да не може ( ова кога ќе испраксираш со времетраењето на варење ). Ваљда одговорив се.