Имам замрзната боровинка планинска, непрскана. Сакам да ја воведам утре за доручек. Треба да ја одмрзнувам или може да ја бленднам директно со некое овошје?
Не знам дали имаш воведено житарки. Јас таквите работи ( боровинки, цреши,вишни) што имам замрзнати кога ќе варам овес или друга житарка последните 1-2 минути ги ставам колку да се одмрзнат и после блендирам или пасирам со друго овошје.
Како и се останато по новите препораки после 6м . Се шалам и јас барав инфо, нема конкретно освен на тоа да се внимава зошто нели знаат малку да дават.
Ме изнасмеа да си здрава жива Што убаво ни беше со првите, се знаеше што кога се воведува. Сега сегде различни препораки, да се чудиш што да дадеш. Како тргнала работата во право ќе искочат старите кога викат на 6 месеци графче дека давале Имам домашни, да му дадам значи м? Ќе му ги испасирам со нешто да му бидат по сочни.
Ако гледаш по солид стартс се може на 6+, со ретки исклучоци. Јас сум во план да дадам сега 10м е. Не дошол на ред од други намирници инаку може и порано ќе го дадев. Шала на страна јас решив се да давам како ќе ми текне. Само проверувам дали е посилен или послаб алерген за да сум повеќе или помалку на штрек и да внимавам на количината за прв пат и терам. Ќе дадам и јас денес костен, ене сварени се веќе. Инаку дополнително што прочитав дека се третираат како и другите јатки. Имаш воведено нешто од јатки?
Немам јатки ништо воведено. 7+++ е бебе. Да почекам значи, м? Кај проверуваш дали некоја намирница е алерген?
Ја симнав solid starts апликацијата. Бесплатна е за основните работи и таму има доста информации за намирници. За тоа што нема таму, па и за тие што знам дека се поалергени пребарувам и на интернет. Конкретно за костенот немаше таму, а ме заитересира и мене па прееска барав. Начелно секаде пишува после 3 или после 5 години, ама во смисла цел ако даваш, како и останатите јатки.
Ја имам и јас но ја користам само да видам која храна како се нуди. Давам пасирано но и парчиња. Од трчање по мали немам време асално за интернет и апликации, полесно ми е тука да пишам Фала мама.
Дали некоја го има Бебе готвачот и дали вреди да се купува, односно освен рецепти дали има и некои корисни совети?
Бучен давам и јас. Уште од првото се префрливме на нив и од тогаш само тоа купуваме дома. Не се како што беа, ама пак подобри се од другите. Искрено гледајќи по апликацијата, застанале со препораките од пред 6 години и ништо не е променето, така да освен за некој рецепт, вака не гледам некоја полза. Подобро симни си ја апликацијата.
Пријателка ја има, ја разгледав, како идеа за некој рецепт е ок, ама има и рецепти кои ги имаат ставено неколку пати. Има под секој рецепт совет, но колку е релевантен, не знам. Самите авторки кажале дека гуглајќи дошле до заклучок, па така нема значено од кој извор е советот.