Не знам кај е најсоодветно да го поставам прашањето, но бидејќи се работи за храна ќе го пишам овде. Дали кога давате житарки како просо и амарант ги кака бебето во зрна?
Да, посебно од амарантот. Затоа и некако не ми се дава на бебето. Така ми стои, мене ми е лош на вкус за да го јадам.
Е тоа не можам да знам дур не се проба. Секако помалку пати кака од како почнавме со вкусови. Ама верувам и тоа е нормално, промена има во исхраната, не е веќе само мамино млекце.
Можам ли место доручек да му давам прво ручек? Некако како да се молиме со доручекот, ретко да јаде со сласт, повеќе е со лажење. Си викам ако сменам саат може ќе има поголем интерес? Во кое време давате обично ручек? Заспива околу 21, 21:30. Немам воведено месо сеуште па ме интересира може ли да давам житарка со зеленчук за ручек, а пред 12ч да воведам тоа што не сум вовела до сега?
Совет од педијатар ми беше како прв оброк да воведам ручек. Нови вкусови овошје воведував околу 10-11 по некоја лажичка. Ручекот го давав околу 14 часот.
Сакам да купам формула за наутро (или навечер) да му правам кашички со овес или други јадења... Дали би можел да ми ја прифати на оваа возраст со оглед на тоа што никогаш нема пиено или џабе да не фрлам пари да купувам? 9+ сме
Бебе скоро 8 месеци прифати без проблем Хип комбиотик. Дали кога воведувате жолчка, деновите кога правите пауза давате нова намирница? И дали кога сеуште не е воведена целосно жолчката се дава месо за ручек?
Кисело алпско/битолско Јогурт Алпски/збрегов Со 1то користев бучен козјак за двете, но киселото сега е гола вода а јогуртот воопшто не ми се допаѓа, дома пиеме збрегов па најчесто тоа .
Во брзање, без да прочитам состав во една од кашите ставив 2-3 лажички слива од Хип, а дури отпосле видов дека има само 50% слива, а содржи оризов гриз. Ориз немав воведено. Значи ли ова дека сум вовела? Се изедов што не видов претходно, кашата му беше донесена од гости, инаку секогаш читам кога купувам.
Веројатно значи дека е воведен. Истата грешка со истата каша ја направив и јас. Иако знаев дека е воведен оризот, пак го воведував 3 дена
Се изреволтирав искрено. Како може во каша што се декларира дека е од слива да има само 50% слива. Па дури и шеќер пишува во составот, не сфаќам само каков и како е за бебе дозволен. Да земам сега да давам ориз кога веќе дадов вака.. Знам обичниот се избегнува ради арсенот. Од кој инстант ориз сте задоволни, чист не млечен (ако воопшто постои такво нешто) ? Слика ако може, да не утнам и тоа.