Нема пиено моето АД до сега, само на доење е. Планирам да го давам за доручек и ручек така да немам потреба од додавање АД или мајчино млеко.
Искрено до сега само со млеко го имам правено, со вода незз какво е, не сум пробала. А, не сум го ни мешала со друга храна, бидејќи малата нешто не го обожава оризот, па не и го нудам често. Класичен ориз можеби понатака ќе пробам да видам како ќе прифати, сега за сега сме со инстантот.
Колку што знам, секаков ориз има арсен. И оризово млеко, сите бебешки производи што содржат ориз итн.
Веќе ти пишале, сите имаат арсен колку што знам. Затоа од Холе преминав на обичен, го киснам подолго во вода, го мијам убаво и го давам. Плус јас не блендира ништо и обичниот ми е подобар за да се учи на грутки. Тој од Холе го правев со вода+ овошје/зеленчук.
@Bella_Stella заследи ја на инстаграм zivot_bez_toksini имаше пред некој ден пост или стори за најбезбеден ориз.
Педијатарот ми рече да пробам да давам веднаш вода но не од цуцла туку со клун валда шишенце. Не сум сигурна дали ја разбрав какво точно. Може ли инфо или слика? Фала однапред
Каде наоѓаш Роса во стакло? Јас само Јана во стакло наоѓам и само се расправам со мм што ми купува Роса во пластика.
1. Гриз, АД, банана( или било кое овошје, круша, тиква, ). 2.Гриз, АД, какао, орев+може и банана убава комбинација е. 3. Гриз, Ад, кокос. Во секоја комбинација мене ми одговара банана. 4 Гриз, Ад, бисквити кога ќе воведеш домашни може со воведени намирници. Сите ми беа добитна комбинација за големата, а за сега и малото ми го јаде гризот без проблем со воведени намирници, банана, тиква, круша, јаболко итн.
Некој рецепт за домашни бисквити да споделиш? Јас направив со овесни снегулки, жолчка, путер, какао и банана ама нешто не ми испаднаа.
Искрено не памтам како ги правев бебешките но од прилика ова ми се рецептите, со тоа што јас не мерам туку од прилика ставам.(ќе пишам мерќи од прилика колку ставам) Рецепт 1: Путер, маџун, гриз по 2 л, оризово брашно пола шола+ интегрално брашно. Се меси и се прават форми по желба, или со калапи.(може и без оризово брашно). Рецепт2: Жолчка, 2 лажици кисело млеко, 1 л оризово брашно, 3 л гриз, 1-2 л мелени ореви или бадеми, лешници, маџун, интегрално брашно. Со брашната внимавам не ги ставам наеднаш. Засладувач секогаш користев маџун.( Пробувам од смесата дали е доволно благо). Сигурно и со овесно брашно сум ги правела наместо со интегрално. Во рецептите нема но јас ставам на врв на лажица прашак за пециво. Пробај мислам ќе ти успее. Како порасна малку престанав да правам бебешки бисквити, но редовно ги правиме овие колачи, многу ги сакаме сите. Со тоа што наместо кафен шекер ставам мед(знам дека не се грее но дава вкус) или агаве или маџун.
Никаков, што ќе му е на бебе двопек? Јаде лепче од нашето понекогаш. Јас дадов на 9м, маж собра од планина. Бебе ги обожава ама му ствараат пролив па до усул. Сакаш да ми кажеш дека јатки сум вовела а? Костени лапа мојов пребирко, стои до тате, тој му лупи и овој крка. Какви каши, какви бакрачи, лапа цели костени варени, печени, сеедно. Да, особено со пченка. Јана во пластика.
Elite или жито лукс. За грицкање, занимација додека чека ручек, за згустување на каша ако сум ја направила потечна, си користам Леб обичен мојов не јаде, двопек може
Зошто не двопек? Во нашиот дом, се користи често, и јас и сопругот јадеме, па и на син ми давам 14м е.