Јас двопек само кога сум со стомачен користам, многу ретко, затоа ми е чудно. Лев сув, никаква корист, подобро ќе му дадам лепче потпечено бар знам тазе ќе биде. Млеко па оброк/вкус.
Иста корист има двопекот како и лебот, ништо нутритивно богато. Ако не јадете вие во вашето домаќинство, не е ништо погрешно во домаќинството каде што се конзумира да се даде на бебето/детето.
@Nala37 набрзина колку што успеав да најдам инфо за кокосовото масло, не е дека е штетно само дека не е суперфуд како што се презентира. Има многу заситени масти, ама мали количини не се проблем. Инаку јас тоа од биокосмос го имам во моменот, тоа е органско, ладно цедено. Секако давам еднаш неделно по многу малку за мирис.
Јас го сакам во смути, ќе продолжам да си го користам, како што викаш не често. А за бебе може ќе му дадам малку кога ќе земам од биокосмос. Прво да воведеме побитни работи, заглавив со јајцето. Педијатарот сепак ми нагласи да внимавам многу со јајцето постепено да воведувам, алерген е и белка после година да дадам. Иначе прашав и за костен после 9 месеци ми рече а за јатки после една година. Фала многу мама
Фала мајкаа Риба немам воведено сеуште,од јајцето жолчка воведувам,значи останува три месо,два жолчка и два зеленчук. Од колку месеци воведовте риба?
Кога воведувате жолчка, пример понеделник 1/8, среда 1/4, во четврток воведувате нешто ново? Заборавив да го прашам педијатарот.
Јас вака давав 1/8 два дена во неделата 1/4 два дена во неделата И цела жолчка два дена во неделата На пример ако даваш понеделник и петок другите денови можеш да воведеш нешто ново.
Истото го прашав педијатарот, ми рече додека се воведува жолчка ново да не воведувам, ако пројави рекација нема да сме знаеле од што е.
За ручек може со ориз спанаќ и к.млеко или блитва. Јас сум и давала со тиквичка,брокула урда и палента.