Почнавте? Или се припремаш? Моево не отвара уста никако на храна, врти главче нервозно за да не и се доближе до неа.. ептен ме фаќа паника.
Калинка зрна, давате? Моево дрчно кога и да јадеме доаѓа да бара, неќам да му давам, ама бара упорен е. И јаде десетина зрнца ќе изеде ко ништо. Значи не сок, зрна. Страв ми е да не му залетне, ама е прилично претпазлив и што и да јаде прво ќе смачка со забите, после џвака или голта.
И јас за некое време ќе воведувам. Планирам да ставам по 40-50гр месо и да воведувам два дена. Само и мене не ми е јасно дали треба последователни два како другите намирници или треба да се чека зошто нели не се дава месо секој ден?
Јас не би давала колку и да ми изгледа претпазлив. Сепак е бебе, недај Боже беља може да се деси за секунда. Ако сака да јаде супер, ама можеш да се послужиш со метотод на служење подоле.
Почнавме ама некако нема појма што и се случува. Само лизнува и после затвара уста и прави фаци. А личи дека ќе биде гурманче, не знам. На пример се што и давам на лажичка од витамини го обожава, дури и лажичката ми ја зима да ја долиже. Со хранава не е така. Ќе пишувам како ќе оди, ептен сме на почеток.
Ќе пробам да ги гмечам во уста кај него, нема логика да ги гмечам, тоа стиснеш ли тече сокот одма. Иначе дадов белка, ме беше ни третина, ни четвртина, гризна малку. Ќе дадам од понеделник четврт па ќе дадам пола и на крај омлет.
Вчера дадов тиквица со веќе воведен батат. После прочитав дека прави надимање и така е, цел ден и еве од сабајле само прдиме . Какаше после кашата ама пак си прди цело време. Дали да продолжам три дена тиквица или можам уште денес па утре ново да воведам. Да не одам три дена правило со тиквицата?
И јас исто како и ти воведов со веќе воведени намирници ,не ја воведував три дена ,пробував ново,имам комбинирано повеќе намирници но во комбинацијата да нема повеќе од две нови намирници,досега немало проблем.
Не знам што е надимање, ама нит јас нит деца прдиме од тиквица, мислам ништо значително, нормално однесување. Од Зегин, грчко беше знам и беше лупено, на малово не сум зела уште зрно просо, на баткото давав такво, на ова давам од кутија на Холе.
Надуеност, да има гасови повеќе. И денес му дадов. Па ќе видиме. Ако е пак исто утре не морам трет ден. Нека е со два дена воведена таа намерница. А да прашам дали тоа што имам воведено батат значи дека имам воведено и компир. Некаде читав дека не мора да го воведуваш и едното и другото по три дена. Како правевте вие ?
Јатки секое се воведува посебно? Костен дадов пред некое време, неделава кикиритки. Сега лешник, бадем, орев и останати, пак секое посебно?
Искрено колку тупаницата на бебето, по тоа се водам не мерам никогаш.. Да давам два дена исто како и другите вкусови.. високо алергените вкусови ги воведува три дена, ниско алергените два дена или сезонска храна два дена нешто што не му е сезона знам и да не го дадам иако е според возраста или три дена го воведуваме..