Еј алал да ти е на храброста. Јас денес втор ден белка ќе дадам. Откако ќе воведеме белка ќе дадам и јатки. Ќе ми остане само јагоди, добро и кравјо млеко ама тоа планирам евентуално после 2-2ипол години и тоа со оброк, не за пиење. До тогаш ќе си тераме со ад и растително.
Давам по ептен малку, на врв на лажичка. Измеѓу еден и друг тип сигурно и по 10тина дена поминуваат. Додека да проба орев, лешник, бадем, ф'стак пример и повеќе од година ќе наполни. Повеќето овошја/зеленчуци ни се поминати. Така да сега јатки, риба треба да дадам, ананас и ќе видиме натаму што остана. Немам во листите одамна проверено. Белка мораше на 8 месеци да проба заради градинката. Кравјо млеко дадов дома, буквално по 2 лажици во гриз, колку да има пробано. Во градинка кај нас има опција за Ад, во договор со воспитувачките. Инаку баш ради градинката тераме ептен бавно се. Само во викенд кога јас сум дома или имам земено одмор преку неделата. И нели услов да не е настината, со некаква терапија.
Мајки кои имате воведена риба, дали вечерта давате млеко за спиење? Знам како наводно не одат заедно млечно и риба, ама ова е после некои 6,7 саати? Бтв за ад прашувам.
Да не се меша павлака/млечно со месо, доручек овошје, ручек зеленчук, вечера млечно. Кога се дава нешто богато со железо треба плус да се даде друго богато со витамин Ц. Неделно два пати жолчка, еден ден зеленчук останатите месо. Мед пред годинка не. Кои други “правила” ги знаете и ги почитувате/или не околу исхраната за бебе? Не мора да се согласувате со горе наведениве, општо напишав и набројав кои ги знам, ме интересираат какви други има.
На 7 месеци. Прво од Холе кашата што е чисто пилешко, по околу 1на лажичка мешав со зеленчук. Не и се допадна на ќерка воопшто. После најдовме домашно пилешко, е тука веќе имаше успех. Сварив цело пиле, поделив на порции и во замрзнувач чувам. Кога варам зеленчук, го ставам и месото неколку минути, да се измешаат вкусовите. Така и се допаѓа.
телешко кога дадовте? на 6 или на 7? мојот на 8 ќе оди во градинка скоро речиси се ќе мора да имам воведено,во менито имаат грав,леќа јајце само риба после годинка
На 7 дадов телешко и леќа, грашак, боранија. Сега на 8 ми воведоа јајце. Според solid starts скоро се може да се воведува од 6+, така што мислам не би било проблем порано да воведеш.
Кога сме кај риба од готова каша ќе дадам за проба. Најдов и со лосос и морска риба. https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...k6105/?cHash=6dba33ccd0090acffec5c987e81a7f24 https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...-01-u/?cHash=f37b484d1e7f7a750c3b2a29f394c8bc Секоја како посебно да ја воведам? По 2-3 дена исто и за рибата?
[QUOTE="Miss_S, post: 6844577, member: 155548" Секоја како посебно да ја воведам? По 2-3 дена исто и за рибата?[/QUOTE] Не јас и дадов само еден ден многу е 3 дена мислам само риба.
Воведуваш посебно бела риба, посебно плава риба. Обично се почнува со бела риба, пример пастрмка. Кога ќе дадеш пастрмка, сите останати бели риби ти се воведени, не мораш посебно да ги даваш. Рибата е алерген и се воведува постепено.
Планот ми беше за почеток од готова каша 1/3 и да ја измешам со компир на пример. Макар што во готовиве нема некој голем процент на месо. Ама ќе видиме за викенд. Од кога се вратив на работа, нов вкус исклучиво за викенд давам, да сум јас дома. И да е со баби, не ми е сигурно да им оставам таква обврска.
Бебе има 5 месеци и почнавме со вкусови пред 8денови, вчера му дадов тиква само пасирана се тепаше да јаде имаше и грутчина и жили , денес ајде реков да ја изблендирам да дојди мазна и не ја сакаше се давеше од неа потоа пак му направив пасирана и си ја изеде Можно е да не сака мазни кашии ? Како му ги давате вие првите вкусови?