Пасирано од старт, блендирано му се лепи и не го сакаше, нагони за повраќање имаше. Благослов е да не ти јаде блендирано, сега месото само 3-4 пати го сецнувам, да се направи парченца и толку.
Супер е што сака од старт пасирано. Полесна е транзицијата кон парчиња и џвакање, да не е само лапни голтни. Моите од старт јадеа пасирано, неколку пати само им блендирав месо за да измешам со зеленчук. Потоа ни тоа не го правев.
Од педијатар ми е кажано оброк е 150г на 6+ месечно бебе. Веќе сме 7++, не сум сигурна колку да давам, многу често отвора уста и откако ќе изеде 150. Ова се случува откако му излезе заб, инаку претходно беше нервози јадењето. Да продолжам да давам во ваков случај или да прекинам со нудење за да не му дојде многу?
Кај мене зависи од составот на кашата. Домашна и сега се случува да изеде околу 150гр. Купечка обавезно јаде цела. Е на пример вчера јадеше парче тиква печена. Со лажичка, ни блендирано, ни ништо од додатоци. Околу 80тина грама е се што изеде. Купечка каша од тиква без проблем ја јади 190гр. Ама таму има вода, ориз додаден и слично. Мое мислење е да нудиш колку што сака. Може уште 2-3 лажички после тие 150 гр, ќе касни. Не значи дека од старт е спремно за 190.
Скроз ми е дилема ова. Пример јаде некогаш и 100 грама само и е сита. Нејќам со сила да и бутам, а млеко после тоа не сака, ни да цица ни ништо, значи најадена е. Не се 150 грама така што по книга не е оброк а она ко оброк си го рачуна зошто се најала. Има па моменти кај што 150 и се малце, сака повеќе. Тогаш па не ми иде да ја кратам. Еве не знам.
За големиот кога беше бебе печев, во хартија само завиткано со маслиново масло. За бебево засега на пареа спремам, ама пак правам дупчиња, буцкам лукче и капнувам маслиново. За сега само во белина најдов на уртекрам. Сега баш купував. Друго не сум нашла низ нашиве маркети.
Дали печен батат можам да го ставам во фрижидер и затоплам следниот ден? Нели за компир викаат да не се затоплува пак, ама ова ми е повеќе како тиква.
Малку глупаво прашање можда но дали се дават макарони од "пченично дурум брашно" ако е воведен глутен? На првото немав давано бело брашно до многу доцна но сега би пробала да видам дали ќе прифати.
Од кој месец почнавте да воведувате зачини во кашите? И како да воведам бела риба? Ја печете, пржите?
Јас зачини освен цимет, ванила, какао да речеме не сум дала. Во зеленчукови само кромид, лук, маслиново масло. Ама не е лошо да почнам. Некако веќе посебно зеленчуковите и стануваат досадни и блуткави.
Откако почна да јаде во градинка, моите блуткави ручеци веќе не проаѓаа Па почнав со оригано, рузмарин, бибер во зрна, куркума, копар. Лук кромид и маслиново во секоја манџичка ставам. Риба давам печена на скара, на тостер, некогаш и во airfryer правам.
Зачини и јас не сум вовела. А риба за сега уште е само на пареа, а за првото и печена правев, ама завиткана во хартија за да не се суши.