Конечно вчера беба прв пат проба парчиња, после толку стравови бевме на блендирано, па пасирав со вилушка, и сега парчиња компирче, брокула, и рибче си излапа колку што се плашев толку па супер испадна малце му беше чудна веројатно текстурата оти ко посуво му доаѓаше а не кашесто, ама буцко сирот не одби ништо, се обидуваше да џвака ко дедо некој без заби, само префрлаше од една на друга страна се поприкажав кажете ми следно мевце вака парче, ќофтенца ли да му напраам? што да му нудам парченца месо? телешко и пилешкото е малце тешко за парченца за почетник ко мојов, во манџички си ги јаде сецкани за сега
Ќофтенца се супер, му имам правено, прочитав идеа како паштета да се направи со мевце блендирано со маслиново, лук итн и намачкано на леб
На почетокот и давав од малечките теглички што се од готовите каши, колку гр беа заборавив па после некое време преминав на поголемите.
Наскоро започнуваме со вкусови. Имате ли некаква табела по која се водите? Што да се воведе прво, од каде да се почне итн?
Сега имам уште едно прашање Земам органски продукти и она што е сезонско сега за да проба од она што смее. Сакав за она што не е сезонско да пробам со купечки каши ама гледам во составот на хип многу шеќер и 50% само овошје. Може ли да ми препорачате кашички без дополнителни шеќери и глупости во нив? Ги видов на ДМ БИО ама мешавина се на повеќе состојки. (На пример: слива и малина, јаболко итн.) Што можам да земам а да е добро и проверено?
На Хип, само кајсија и слива се со шеќер. Тие што се чисти. Плус во многу има и додадена вода, оризов гриз и слично. Не е грешка да купуваш комбинација односно каши со повеќе состојки, со тоа што гледај само една состојка да е нова, а другите пробани. @Sun&Moon
@Sun&Moon, не ти допишав. Баш мешавините и на Хип, Холе, Дм , се без шеќер. Во итни случаеви користиме или кога пример е состојка што ние не ја консумираме често. Еве баш пред некој ден зачекав шмукалче со диња во состав. Јадеше моето свежа во летото. Ама месеци сега нема пробано, така да си го искористив како опција. Додуша моево е 10 месеци и има многу работи пробано.
Ми кажуваа за ХИП дека баш се добри и баш се зачудив за сливата ама изгледа баш таа сум ја фатила, а другите не ги разгледав, па помислив сите дека се такви. Фала ти на инфо
Од тие со една состојка сите на дм био и бејби лав се добри, на Нутрино имаш чиста од сува слива, од хип само тиква, морков, јаболко и круша се без додатоци. Во зегин ги има на Холе, види ги и тие. Јас на почеток првите недели повеќе пазев, сега знам и две нови работи да дадам одеднаш, само нормално да не се алергени. Можеби не е сечив пристап, ама мене ми е ок и го применувам.
На колкаво растојание воведувате оброци? Со доручек почнавме на 6 ипол месеци, сега има 7 месеци и една недела. Сакам до осмиот месец да воведам телешко, мисиркино и јајце, па на полни 8 да воведам ручек. Дали е ок вака?
Јас отприлика на месец. Со тоа што првиот оброк т.е вкусови ни беше мешавини и овошје и зеленчук. Кога воведов житарка и житарка. После пред да почнам со месо, дефинирав овошје плус житарка за појадок. Зеленчук за ручек и постепено додавање месо.
А месо кога ќе воведуваш како ќе биде? Исто за доручек или како? На пример почнуваш пилешко, кој период ќе го даваш ако до 8 немаш воведено втор оброк?
Нема да го давам како оброк туку неколку лажички пред 12ч, исто како што се воведува секој друг вкус.