А зошто не би го давала во друг период од денот? Пример за ручек седнувате јадете, му даваш месо за проба. А сабајлината да си го има редовниот оброк. Јас го седнувам со нас за секое јадење, и веќе знае кога ќе седне во хранилката дека следува јадење и си бара и тој. Глупаво ми е да го оставам така да гледа, па секогаш му давам нешто минимално. Иначе сеуште официјално немам воведено оброк, уште сме на пробување вкусови.
Јас давам исто како @Lavender13 . Пример вчера воведував јајце го дадов за ручек накај 1. Исто беше со месото. Еве мене ми пројави реакција од слива после 5 минути беше црвена на образите. Така што претпоставувам дека не е толку проблем да се даде нешто ново и за ручек. Навечер пак, не би давала
Не се држам и јас строго до тоа правило нов вкус да воведувам строго пред 12, така да може да пробам да воведам месо за време на ручек, а јајце евентуално во доручек. Во право сте.
Бебево 2 дена за време на ручек, откако ќе изеде 130-150 грама одбива да го доврши ручекот и почнува да плаче и да ме гледа во гради. Вода понудено. Се обидувам да му одвлечам внимание, залудно. Еве го цица на двете гради ко да не јадел ништо. Што се случува ако знае некој да ми каже зошто цела сум во прашалници.
Син на мајка да изеде и прасе печено, ако раскопчам кошула се нацртува пред мене да цица ко да не видел и стандард двете гради до капка ги празни. Не е дека некогаш изел којзнае колку ама кога и да му давам јас јадење он мене ме гледа ко една огромна цицка и само го чека моментот да цица.
Исто и он си цица најмногу 30 мин по оброк. Но овие два дена уште недојадени на хранилка бара. Ако е сеуште гладен зошто не дојадува се прашувам. Се надевам фаза е, треба на работа да тргам за неполн месец. Фала мама.
Денес дадов жолчка 1/8 сега наредно за 3 дена пак 1/8 после пак 1/8 па наредната недела 1/4 исто исто така,па 1/2 два пати неделно на 3 дена,па 4 недела цело,уште важи вака воведување?
Денес имав такво сценарио и јас, а моето има само доручек и тек пројадува што се вика, уште имаме денови кога не јаде многу. Денес мавна 160 грама и при крајот почна да кенка и да вика амамамам, одма го ставив да цица и цицаше како да не видел јадење. До што е не знам, ама нека си ручка, што да кажам.
Истото ми го направи денес на појадок, после кратко време ми поврати. Изеде сигурно повеќе од 150 гр. И вода пиеше не дека е жеден. Според апликација мали е во скок и тоа баш кај громчето па препишувам на тоа. Ќе видиме.
Женски неможам да поверувам дека на мали може нешто да не му се свиѓа. Млечни производи не сака. неможам да кажам одбива но прв пат да го видам да ја врти главата после неколку лажички. Уште сме на почеток ги пробав сите грчки јогурти и не ги сака, исто не ја сака урдата од кам. Што им давате и во каква комбинација?
Исто и моето ништо од грчки јогурти и павлаки. Успеав да протнам само кисело млеко од Бучен козјак, ама не беше воодушевена па се откажав. Пробај со тоа, види може ќе сака, или па почекај, малку понатаму понуди пак.
Исто, гледам абц му се свиѓа и може да го јаде, а кисело млеко кај нас од Бучен не пројде (што со првите две пројде ко на шала, буквално се давеа во тоа кисело млеко) и јас уште од пред 6г го знам како едно од подобрите.. ама мали кај мене не го сака изгледа му е покисело и почнав алпско да му го давам и тоа го јаде со сласт.. кисело млеко е ама како павлака мене ми има вкус, ни кисело ни многу течно Јогурт се тресе по чашата ама колку пие од обична чаша којзнае, кашкавал и урда уште не сум дала иако е скоро 10м.. туку кај мене е друг проблем.. гриз палента се што е мазно нејќе да проба бе, иако му ги блендам скроз уште кашите ама не го сака вкусот гризот во соте можни варијанти му го дадов и со какао и џабе.. и банана мислам да ја види само му се гади а не па да проба… банана бе
нуди почесто, ќе прифати. мојот исто не сакаше, ништо млечно, му нудев, сега прифати алпско кисело млеко.
Ни мојот не сакаше ни јогурт, ни кисело млеко, ни грчки, ни павлака. Ама јас го нудев често. Единствено во смесата за палачинки/мафини поминуваше. И еве после толку време, пројаде грчки јогурт. Цело едно мало канче изеде, а претходно плукаше, ни две лажици вкупно немаше изедено. Така наеднаш му текна дека сака да го јаде Вечер ќе пробам јогурт дали ќе сака да пие. А млеко во сите видови ни да помириса. И во смесата за палачинки ако има, не ги јаде.
Јас незнам дали смеам јогурт да дадам, пробав од чашата што пиев јас сака. Дали знаеш од кога може да се дава јогурт?