Немам проверени домашни, па посигурна варијанта ми се купечки. Плус некаде читав дека домашните се појаки и се случува да дадат реакција на домашни. Не е идеално, ама не би го лишила од јајца. Пилешко исто немам па воопшо не ни давам или ептен ретко од кашата на холе, со неа и воведов пилешко.
Така и мислев за јајцата. Пилешко исто не планирам да давам од живо месо, може исто од готова каша да дадам, а и не мора. Телешко и мисиркино се доволни додека да наполни барем годинка.
А да се надоврзам на темата јајце. Ме интересира и дали некој го има воведено цело? На два ума сум дали да делам жолчка па понатаму белка или одма да дадам цело.
Јас па затерав овој пат со телешко и зајачко. За големиот плус и мисиркино давав, за ова не дошол ред. Јас не собрав храброст за цело, ама за разлика од големиот каде баш одев по онаа долга шема, сега жолчка на 3-4пати воведов цела исто и белка и овој пат за белка не чекав, за разлика од големиот после година белка мислам воведував
Јас дадов цело како омлет. Првиот ден дадов да проба една лентичка, па наредните денови дадов повеќе, колку што сакаше. Супер поминавме. Инаку дадов од Лидл, обележани се како из слободног узгоја. Кога нема да имам такви ќе давам од тука од маркет. Не би дала јајце што нема соодветна санитарна контрола поминато.
Наскоро ќе треба да воведеме и прв оброк, ама не ми е јасно нешто вкусовиве нели по 2 3 лажички 3дена, а оброк е повеќе но како би било за она што нема пробано . Наутро вкус а на ручек оброк?? Или ?
Исто со јајцата. Само купечки а имам домашни ама не би ризикувала. Исто и за пилешко од готова каша давам. Ај сега едно прашање од мене. Како ви изгледаа/т оброците на 8+ месеци? Колку млеко колку цврста храна. Педијатаров главава каша попара ми ја направи. Јас секако читам и се водам по некоја моја логика, ама детево не ми јаде баш у последно време па ме замисли да не грешам негде. А препораките што ми ги даде не би ги следела искрено. Ќе ја тагнам @0ли , во Ремедика знам одиш, што ти препорача докторката во однос на храна? Како да терате?
Некаде пред 9 месеци( дека не фатија одмори, инаку и порано) имаше 3 оброци. Отприлика вака беше Цицање Доручек Цицање Ручек Цицање Вечера Цицање за спиење Ноќе колку бараше - толку давав да цица, најчест два пат. После 9 месеци подојот меѓу доручек и ручек го заменив со АД и редот еве скоро 11 месеци ни е тој истиот.
И јас пробувам редов да го додржам со тоа што доручек за жива глава не сака. Ручекот и ќе пројде некако а со вечерата се натегаме. Млеко измеѓу ми пие кога како. Снемав млеко, цица само еднаш навечер и еднаш меѓу ручек и вечера, па давам ад. Ама и тоа е со борби. Колку ад ти пие меѓу доручек и ручек? И оброците отпилика колкави му се?
Да, ама му беше тежок за џвакање. Следниот ден сварив јајце и го испасирав со авокадо, така беше полесно.
Искрено престанав да мерам количина одамна, му спремам цело време во едни стаклени тањирчиња слична количина и тоа ми е цел да го изеде. Мислам меѓу 150-200гр е. А млеко не пие многу. До пред 2 недели 150 го задоволуваше. Сега јас почнав да инсистирам повеќе, спремав 180, а сега и 210 ама не секогаш ги испива. Инаку и мојов летото многу слабо јадеше и јас се нервирав. Претпоставувам од топлото и му требаше време да се разјаде. Сега е ок, не е премногу, ама има солидни и редовни оброци, тоа млекото меѓу доручек и ручек и цицањето пред спиење. Другото му е повеќе мезење, не цица многу.
Да да. И јас бев безнадежна. Особено што тој период запознав едно бебе кое плачеше само што ќе слушнеше дека почнува да тропа лажиче (дека се празни тањирче)