За поголемото терав како Ано, и тогаш одев во Ремедика. Млеко за ужинка му доаѓаше да пие кога имаше 3 оброци, па кога воведов и ужинки, остана млеко само наутро и навечер. Не можам да се сетам колку давав, треба да прочепкам низ темиве да видам што сум пишувала тогаш. На доење и на ад беше. За помалово уште е рано за други совети, 6 месеци има и уште нема оброк. Сега ќе зголемувам количина и треба да дојде до 120 gr, а доење кога сака. Досега само вкусови пробуваше и не давав повеќе од 50 gr. На следната контрола претпоставувам дека ќе добијам поинакви совети.
Зависи што готвиш, некои јадења треба да се повеќе термички обработени за бебиња. Јајца, месо, -мора да се добро варени. Таму има опција за варење на пареа, тоа е супер опција за зеленчук како морков,брокула, карфиол, грашок..
Бела кога и како ќе почнеш со воведување јајце? Те молам пиши ми зошто баш тебе те следам за се, некако ми се поклопи распоредот со тебе а и бебките ни се врсничиња
Дали има друго лупено просо освен тоа на Био космос? Земав нивна киноа и налетав на црвче и сега црв ме јаде, не ми се купува ништо нивно, не дека во другите ќе нема, ама ете малку шубе ми е.
Јас планирав да печам јаболка во Airfryer, или проички мафини како за нас. Е бидејќи го користам за нас често за готвење, малтретирање ми е да го чистам и дезинфицирам за бебе постојано, така да најчесто варам или сега веќе 10++ месеци е, нудам свежо рендано понекогаш. За овошје ова. Мислам после секое готвење ја мијам корпата, не дека не, ама за бебе бар јас си замислив дека треба потемелно чистење, и страници и околу греачи, да нема траги од друга храна.
Дали го нудите истиот оброк повторно во текот на денот доколку еднаш го одбијат? Или нудите нешто друго? Не беше импресиониран од двете комбинации на киноа вчера и денес, и касна ептен малце. Не знам дали да го нудам истото пак или тоа е тоа. Само доручек имаме иначе.
Јас кога веќе имавме оброк воведен ако не сакаше, пробував пак за 10-15 минути или менував друго. Обавезно имав готови/купечки каши низ дома. Да се знае дека цврст оброк имала. Опција ми беше да заменам или надополнам со млеко ама бирав да е оброк сепак.
Ама доручекот е воглавном базиран на овошје, доматен сос не оди. Има нетолеранција на млеко па јогурт исто не е опција.
Уф незнам . Кај мене до сега ова палело и не сум размиалувала за друго. Плус 99% од случаите кај ручекот ми правел проблем. Доручек и вечера одат глатко.
Следна недела ќе почнам Дакс. Планирам вака да воведам. Се мислев за цело јајце или само жолчка, ама сепак се решив да ги раздвојам. Колкаво е твоето бебенце?
Здраво ние сме далеку од почнувње храна, меѓутоа цел процес ме плаши малку. Од каде читавте и се едуциравте? Како внимавате за алергени? Како воведувате различни состојки, колку денови чекавте да поминат? Било какви совети што би сакале да ги имате се добредојдени ❤️
Како неискусен родител - За почеток на дохрана добивме зелено светло од педијатар. Всушност и според препораката на педијатар почнавме порано. - Педијатарот ми нафрли основни артикли со кои би почнале ( морков, компир, тиква, тиквица, јаболко, круша, слива) и што да не давам за старт (јајце, цитруси, јагоди, општо бобинки) - Читав и на форумот тука и во глава си правев список што и како. - Почнав со зеленчук - прво морков, од готови кашички ради што за 2-3 лажички не ми се вареше и да правам и фрлам толку мала количина - 3 дена морков, па следно компир. Два дена чист компир, еден ден мешавина со морков. Па мислам беше јаболко. Исто чисто, па мешавина со морков и така со сите следни артикли, додека за околу месец од пробата стасавме до мала кашичка да може да изеде, што го сметав за оброк - Кога веќе почна да јаде мала каша, не сакав да враќам некои денови само 2-3 лажички нов вкус, некои цела каша, туку продолжив да го давам новиот вкус со веќе пробан и во количина на оброк. На пример ако требаше да проба банана, 2-3 лажички банана со малку пример јаболко и круша смешани, или чиста банана на почеток на оброкот. И остатокот до 120гр, само јаболко и круша. Новиот вкус гледав да е на почеток и со мал дел од веќе пробан, за да сум сигурна дека ќе изеде доволна количина ново. Прво давав комбинирано овошје и зеленчук некаде помеѓу 10:00-12:00 часот кога имаше само еден оброк. Кога проба доволно работи и добивме зелено светло за втор оброк дефинирав наутро околу 8:00-9:00 часот појадок - овошје плус житарка Некаде околу 14:00-15:00 часот ручек, зеленчук и месо. Сега веќе имаме друг распоред. Мене најчесто кога ја носев ќерка на систематски кај педијатар ми даваа насоки што и како да правиме следно спрема развојот. За алергени - немаме во фамилија алергија на храна општо земено, ама сепак гледав да не воведувам повеќе од 1на нова состојка. Да давам нов вкус претпладне. Да оставам доволно време до спиење. Чувам сируп за алергија дома. Гледам да не се неколку високо алергени состојки една по друга воведени.