Јас луѓе ич не мерам колку давам. Некогаш јаде се, некогаш пола, некогаш остава. Воглавном давам домашно припремени оброци, некогаш мешам со готови ако пример не можам нешто да најдам свежо. Не знам како би мерела? Се мислам да земам кујнска вага и така да видам?
И јас на почеток не мерев, ама почнав за да знам ориентационо колку јаде. Секогаш спремам повеќе. Некогаш ќе изеде сѐ, некогаш помалку. Кујнска вага користам.
Мамички, да прашам до сега пробиваме вкусови по 3дена... Е сега ќе треба да почнеме со оброк, па да прашам давам 3лажички нов вкус па оброкот или во оброкот мешам нов вкус со веќе пробано? Како е правилно ?
Ние сме малку поголемки 7++ И порано почнавме со дохрана ради што сме на АД.. Моментално јаде 150-190гр зависи колку и се допаѓа, веќе ќе воведуваме и втор оброк..( некои оброци се парчина така да незнам колку јаде количински) Станува пие млекце послем 2 и пол часа јаде доручек па послем 2и пол часа пие млеко па послем 3ч ручек, па послем 3ч млекце..
Можеш и така и така. Овошје нов вкус можеш и чисто да го даваш да проба ако сакаш, ама некои намирници сепак подобро е да ги мешаш со веќе пробано, како на пример житарките или некои зеленчуци.
Девојки да ве прашам... За кратко ќе воведам втор оброк. Сакам да ве прашам дали секојдневно мора да има вклучено житарици во оброкот (киноа, просо, овес) ? Ииии месо колку пати неделно треба? И дали ако е за доручек овошје со киноа, дали треба после за ручек повторно киноа да комбинирам или нема потреба ?
паа после месец и половина... Како за проба прво, и сега кога ќе направи 8 месеци (за 10тина дена) ќе биде ручек односно втор оброк. Ама после месец и половина почнав да му давам месо да проба
Го имав, не го користев многу. Кога пробуваше вкусови, не му давав ништо дополнително. Кога воведов оброк,”голем” ми беше за цуцла
Ова е супер за заби, кога веќе сте започнале со вкусови. Јас ставам овошје внатре, во замрзивач го редам, и кога го фаќа нервоза со забите му го давам да го глода.
Со кокосово масло во оброкот, се смета за веќе воведен кокос или посебно да воведувам? Со сите настинки заостанавме со воведувањето вкусови. Дали еднаш во неделата или на 10тина дена се фаќа нешто ново да проба.
Знам дека се препорачува да се дава вода веднаш штом се почне со вкусови, па каква вода давате и колку на почеток?