Можеш и флаширана и превриена од чешма. Количината е дискутабилна,на почеток не сакаат баш многу да пијат вода. 20-30мл пробај.
Како беше заедно јајце со месо да не се дава или во ист ден да не се даваат? Пробани се двете(цело јајце) и месото. И до кога се пратат овие правила? До годинка или колку подолго подобро? Не само за комбинацијата туку општо “правила” еден куп.
Мене педијатар од систина ми рече дека можам да давам јајца и месо во исти ден, дека не е никаков проблем. Секако тоа е јајце во палачинка пример па за ручек месо со зеленчук. Исто ми рече и дека можам да давам повеќе денови во неделата јајца а не само еден, јас решив да се водам по тоа пошо имам ситно бебе и му треба поголем извор на масти и протеини.
Давам и ги обожава, пази само на оние како семки што не се пасираат, јас овесна каша најтро му давам со јапонска или само така ќе ја ставам на чинија со малце грчи, многу ја сака. Оти е блага вајда и дава вкус на јадењето.
Мами од кој кашкавал почнавте да давате? Ние сме 14 месеци и сеуште немам дадено да јаде. Само чедар и дадов малку и мирисна и го остави. И како да и дадам ..во тост ..или како на пица или незнам некој предлог ?
До сега користев инстант ориз на Хипп. Сакам да сменам, кој ќе го препорачате, каков ориз давате? И овие снегулкиве од крупник, се варат како овесот, така? И препорака за органско какао. Во ДМ барав, не најдов.
Колку количински ставате масло во кашите и дали во сите? Дали го воведувате како другите намирници или како?
Маслиново давав само до годинка и го воведов со зеленчукови оброци по 1 лажиче одприлика. 3 дена. Потоа во секоја зеленчукова ставав и маслиново масло. Поубав вкус дава на кашите бидејќи зачини неставав. После годинка сончогледово ставав.
Кујнска вага, со првото се мерев и запишував во тетратка, сега по истиот редослед ќе одам, имаме готов терк Јас 2 дена давав вкус нов, третиот ден веќе мешано со претходно дадено околу 40 гр на почеток и постепено стануваше тоа оброк. Пожелно е секој појадок или вечера да содржи житарици 8+ Домашна превриена и изладена
Ориз и јас користам на Хип, а има и на Холе. Снегулките се варат, бидејќи крупник е всушност спелта Какао го користам ова од ДМ, друго незнам кое да ти предложам Спојлер: Какао https://www.google.com/search?q=dm ...bile-gws-wiz-serp#vhid=zbTtLZUpLTSZhM&vssid=l
Сакам да воведам ванила. Кога воведовте, каква ванила давате и по колку? Дали користите рогач или некој друг препорачан зачин? Со кој зачин (кари, куркума, магдонос и сл.) да почнам и од каде да набавам?
Сакам да ве прашам 8+сме ама воведување на храна не ни се допаѓа несака да јади само ќе проба и толку потоа ја одбива на доење сме и супер си напредува но сакам да си јаде, не можеме ни оброк да воведеме од што одбива дали некоја се соочила со истото и што и помогнало?
Ако сте почнале од скоро нормално е да одбива. Нова текстура, нов вкус. И моето има осум полни денес и на почеток кога бевме мака мачевме дур да пројаде. Сега има денови кога си јаде баш убаво, а и денови како денес кога плачеше за време на доручек, ме гледаше во гради и бараше да цица. Едноставно нејќеше каша и тоа е. Изеде 50тина грама и не форсирав повеќе. Биди упорна со нудењето и ќе се навикне. Кај нив денот е година, многу брзо се менуваат.
Мила, ако сте тазе почнати со воведубање, нормално е да се буни, ако сте почнале пример на 5 месеци и уште немате ни пола оброк.. те разбирам скроз. Јас имав/имам огромни проблеми со првото. Се плукаше, од се повраќаше (буквално), а видеше јадење и се трескаше да не јаде, за жал си остана така. Дали 5 работи јаде и си вртиме во круг. Кај различни педијатри ја носев и нормално различни мислења имаа, од одби ја до остави ја не ја форсирај. Мој совет е да си упорна без разлика дали ќе фрлаш храна и дали ќе касне 2 лажици или 10 или ни една. Твое е да нудиш и еден куп живци да имаш. второто почна на 6 месеци и еве денес полни 7, пред 2 дена почна да отвара уста, до тогаш никако, 4 лажици и е максимум ама примеќам дека сака да јде повеќе зеленчук и јогурт.