Малку сум збунета со ова хранава. 7 месеци сме, има еден оброк. Денес бевме на преглед педијатарот ми вика да воведам ручек за па 2 недели и вечера. Сака да јаде и пие млеко па затоа да замениме со храна. Е сега ми рече давај се, од типот: грашак, леќа, сирење, урда, моцарела, тестенини, кашкавал, житарки, месо и не знам што се наброја. Досега не се водев по СЕ туку си имав ред на воведување намирници и сега ич не знам што да правам. Денес дадов ручек за проба ( ориз, брокула и кромид), и не ми е јасно дали ако воведам од горенаведените ќе треба пак да пробува или како оди? Може се да јаде? Скроз сум збунета.
Да си го тераш редот што си го имала. Кај те брза педијатарот на 7 месеци и вечера да има бебето? Стагнира во килажа или што? Намирниците што не ти се воведени ќе си ги воведеш на ист начин како и претходно. Моето бебе има 8 месеци и тек почнавме со ручек. На доење е и добро напредува, нигде не брзам со цврстата храна. Си воведувам постепено и измеѓу оброци гледам да има месец, месец ипол растојание.
Компир не се блендира, тој станува ко лепак туткал, не е убав за јадење. Згмечи го со млекце само, ад или мајчино што конзумира, или на крај краева само со водичката што се варело. Ако ја ставиш да одстои од вечер ќе изрти до сабајле, не да омекне. Не се кисне, премека е, јас сум киснела за палачинки од леќа, за 1ч се отвара. Измиј ја само убаво. Давај си ти ко што си даваш. Не можеш се наеднаш, напрај си план и воведувај. И мене така ми кажаа, се наеднаш, ајде почни, не напредува му требаат калории, па почнав да воведувам по 2 дена, а знаев и по 1 ден само да воведам, ама пратев, 1 точка ако видев сопирав и почнував пак со проверени намирници. Досега само од путер од кикирики видов точка, застанав, па пак дадов и сфатив дека не е од тоа зошто не се појави ништо пак.
Кај нас не е проблем килажата, си напредува, туку баш тоа што има потреба на внес на храна, вака како постојано да е гладна со еден оброк. Многу оди во должина и педијатарот вика тие бебиња бараат повеќе јадење. Навечер почна да се буди и и давам 2 пати млеко што претходно не беше така бидејќи само цицаше. И затоа не знам што да правам. И јас сум за полека, полека ама ова ме збуни. Инаку е скоро на АД многу малку цицање.
Девојки од Скопје, од каде набавувате овошје и зеленчук, да не е прскано? Земав од Добра Земја ама гледам немаат ништо периодов и не знаат дали ќе имаат, а некако ич не ми се купува локално.
И моето оди повеќе во должина отколку во килажа, ама никој не ми кажал да брзам со оброци или дека му треба повеќе храна. Едноставно секое бебе си има различна конструкција. Според мене за сега е ок да сте само со доручек и ручек, чим е на АД. Не се брзај со цврстата храна зошто моментално млекото е поважно. На таа возраст треба да пие околу 900 до 1000мл млеко. Намирниците воведувај ги исто, со тоа што не мораш да воведуваш по три дена, можеш по два, дури и еден. За тоа сама ќе си решиш и ќе го следиш бебето. Цел живот ќе јадат, чим нема проблем со напредок не го форсирај со толку многу цврста храна одеднаш.
Мајки близнаците направија 1 година, белка уште не сум дала. Дадов јуфка домашна со јакца правена, дали така се смета за воведена или треба како жолчката да ја воведам?
Па реални си вовела, ама не цела, давај некое време така јуфки, па после пример 2 недели дај пола белка, па цела.
вие што ќе ви почнат децата во градинка на 8 месеци воведовте грав,леќа? во менито имаа некако ми е рано уште месо да воведам а и мојот ич не е јадач
Во Систина носиш бебе? Дека познат ми е советот од педијатрите таму,они така сметаат дека две недели се сосема доволен размак за воведување оброк. И пред три години имав таков совет од др.Муратовска и сега од др.Алулоска. Јас и тука си допрашав,па сепак одлучив да почекам. Од прв до втор оброк имаше 3 н едели растојание, а од втор до трет месец и пол. На моето бебе тоа му одговараше. И јаде и цица по цел ден, од наредна недела стартувам со работа а работам во смени, па мора да си има три оброци на кои ќе е навикната. И тоа "се давај", па и за јајце да не се воведува башка жолчка и белка,туку заедно.. Јас по стар начин си се водам од пред 5 год, си воведувам по два дена вкус, воглавно речиси се и е пробано, освен белка,јатки и црвено овошје. Лека полека и тоа ќе се воведе, се ќе пројадат, има време.
Моето на 10 почна во градинка. Леќа давав од 8 месеци, а грав проба на 11 месеци. Во градинка кај нас имаат и зелка на мени, тоа таму прв пат проба. Месо од 7 месеци јаде.
Мене ми рекоа само јајце да има пробано цело и тоа. Леќа, боранија, грашок имаше дома пробано. Грав во градинка, ама не се јавил досега некој проблем.
Јас ваков користам за бебе. Баш мириса и има вкус на доматен сос, само без сол. Кај мојов кога му фали вкус на ручеците со него секогаш поминуваат. https://domato.mk/p/706/organski-sos-od-domati-so-meshunki
Баш и јас се мислев за урми и проверив на солид старс пишува од 18+ дека се дава. Решив да не брзам, имам друго за воведување. Како ќе воведуваш рж и јачмен?
Мислев преку ржани и јачменови снегулки. Ржани купив од ДМ, гледам јачменови има на Натура. За урмите и јас тоа се мислев, ама хемоглобинот му е низок, а имаат железо и ц витамин па затоа мислев да воведам.
Јас вакво шмукалче имам неколку пати дадено. https://www.zegin.com.mk/mk/holle-dino-date-organsko-pire-jabolko-borovinki-urmi-6-meseci-100-g Со тоа што го мешам со житарка, како оброк. Не како ужина. @DaisyD