Во кој месец се почнува да се воведува храна која е потребно да се џвака ? Да не е каша мислам 7 месеци е малата а до сега само со кашички сме
За 10 дена прави синко 7 месеци. Почнавме со вкусови со полни 5 и од скоро давам оброк. Прашањето ми е дали со полни 7 да му воведам месо или да чекам пред да воведам втор оброк ( планот ми е тоа да биде на 8 месеци некаде ). Не ми се брза зошто убаво си додава на килажа и вака.
Мојот еве два дена по ред му давам доручок јаде што каде и после 10тина минути кога ќе вресне за млекоо го слуша цела улица и тоа пие по 40-50 мл .еве сабајлето убаво ја изеде кашата просо,јаболка,круша и ад скоро 120 гр изеде ама мислам не се дојадува убавоо штом бараа потоаа млекоо
Мојот почна комплетно да одбива кашеста/пасирана храна пред да наполни 8 месеци, па преминавме на парчиња. И пред тоа имав давано по малце, банана, авокадо, брокула, карфиол и сл. да "грицка".
Оброк да сметаш дека изел треба да е минимум 150гр. Не знам колку има, ама со 120гр малку му е да се најаде и да замени оброк млеко, затоа се допива и млекце.
Мамасити. Брокула со колку месеци воведовте. Некаде пишува со 6+, а наидов и да не биде пред 8 ми месец. Каша попара мозокот од овие намерниците ми е.
Скокнав денес со нова намерница. Ама утре ќе му дадам брокула. А грашак, боранија, тие зрнести кога се даваат?
@Bella_Stella @Ceneva @Lavender13 Кога ви пораснаа бебињата бе па дошло време да јадат Чим мене вака брзо ми поминува времето со вашите бебиња, можам да замислам на вас како ви е @Lavender13 телешко околу 7мес воведов ако добро памтам
Иди бе од сабајле си плачам дека денови се бројат до прв роденден.... шмрц... Јас и официјално воведов се освен мед и јагоди. Зелка и наут немав дадено, дадов и тоа. Како се налапа вчера зелка манџа со булгур, мх мх мх... љуби га мајка! Уствари и свинско не сум дала ама ќе дадам и тоа.