Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    :D
    Туѓите најбрзо растат.

    @Lavender13 и јас почнав од 7ми со телешко.
     
    На Lavender13 и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  2. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.466
    Допаѓања:
    32.573
    Пол:
    Женски
    Една година? ЕДНА година? Ај у пичку матер, и ти вчера се породи :^)

    Зашо никој на мене не ми кажа дека и на вториот роденден се плаче бе другарки? Мислев само првиот ама нееее, вториов малку повеќе го плачев :D Третиот можда ќе го славам дека конечно пораснала :rofl:

    Море и нашиве претеруваат со растење ама конкретно овие бебиња мислев дека уште се расправаат со цицка а не со лажица :tmi:
     
    Последна измена: 18 декември 2023
    На 1209, Ceneva, DaisyDoo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.945
    Пол:
    Женски
    А мојот се расправа и со мене. Ваква стринка не сте виделе, лута, од тие на чешма што се караат, е таков е.

    Коа сме тука, десерт за поголеми бебиња да ви кажам. Чоколадо со поголем процент какао, 100гр на 4 големи јапонски добро омекнати, во блендер и после во чашки, пудинг за медаља, многу е добро. Го излажав дури и баткото и сега бара секој ден.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh , пиши рецепт за зелка манџа.

    Е до толку не знам за бебе да спремам манџи. Како каша мешам се и сешто ама зелка никако не ми оди во комбинација.

    Инаку дадов и јаготка на два пати по ептен малку. Следно повеќе. Мед немам дадено. И со јаткасти останавме само на кикиритки, орев и костен пробан.
    Да набавам путери, па ќе ги проба и другите.

    Уште една "плачка". Од кога ги правев сликите за 11 месеци, само си потплакувам дека се ближи роденден. Порасна бебето.
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.084
    Допаѓања:
    110.945
    Пол:
    Женски
    Јагоди ќе дадам и јас деновиве, домашни лански имам. Мед не давам ради ботулизам не ради алергии, оф тоа повеќе се плашам. Затоа ќе дадам проверен од аптека, од Зегин еден го зимав, домашен не.

    За манџа почнав да динстам кромид и лук, на вода и маслиново малку, да смени боја да омекне, додавам се останато, да го фати тоа пареата да се "запржи" и додавам вода, зачини, ставив ким, кари и нане малку, поклопив и додека омекне. Покрај кромид, лук, ставив и пиперка, морков, зелка, булгур и малку домашен сок од патлиџан.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    3.194
    Пол:
    Женски
    Може, јас дадов прво телешко. Само што направи 7 или на крај на 6 не ми текнува. Супер е за железо кое кај доени бебиња доста се намалува после 6ти месец.
    @Ceneva брокула дадов меѓу први вкусови.
     
    На Ceneva и Lavender13 им се допаѓа ова.
  7. Madam S

    Madam S Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2020
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Од 6 месеци, барем јас така почнав.
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Panovic

    Panovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2020
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    573
    Како беше правилото за ориз(басмати), дали треба да седи преку вечер или само убаво да се измие?
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.723
    Допаѓања:
    21.409
    Пол:
    Женски
    Оо ми се плаче..
     
  10. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.002
    Допаѓања:
    8.471
    Пол:
    Женски
    Пораснаа мила. Ете го за една недела ќе полни 7 месеци во 8 иот. А ко вчера да се породив. Твоето колку направи
     
  11. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    10.454
    Ако прашуваш поради арсенот, најубаво е да откисне. Ако немаш време тогаш убаво измиј го.

    Јас и за нас и за беба сите зрна ги киснам, без разлика житарки, мешунки. Некои поради фитинската киселина, оризот поради арсенот, а генерално и побрзо се готват претходно покиснати.
     
    На Panovic му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Мајки, ако денес сварам телешко, дали утре е безбедно да го дадам?..во обичен фрижидер да го чувам.
     
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    9.687
    Пол:
    Женски
    А оти да не е безбедно?
    Мислам озбилна сум со прашањето ако може некој да ми објасни? Зар за ден време со соодветно чување може да се распипе толку многу храната и да предизвика проблем кај бебе.
    Или се прашање на хемиски процеси? Во смисла двоење на протеини/хистамин или што и да е? Ова вака логичко/лаички што ми иде како можна причина.

    Оти јас планирам да давам на бебе храна чувана во фрижидер ден до два. Мислам она лиже и јаде под, па сега од храна еден ден стара да и е нешто?
    Друго, дали имате искуство со подготовка на пример на домашна овошна или зеленчук каша и да се чува неколку дена?
    На пример варам/обарувам разно овошје или зеленчук, пасирам или на парчиња и ставам во тегли и затварам и после вријам или ги ставам во рерна да се вакуираат?
    Исто манџулинја/сосови за бебе во мали теглички соберено и вакумирано на горниот начин и после два три дена топлиш и даваш.
    Исто компотчиња варење без шеќер, за после да се искористи само овошјето во каша?

    Инаку морков сака пивеќе од јаболка. Не ми е јасно како само, ама ете. Една недла по малку и давам да лизнува. Далеку сме од оброк, ама па и мало е за оброк.
     
  14. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Искрено, секогаш давав свежо приготвена..ама сега почнав на работа и проблем имам..а читав се и сешто..И мене ми е логично дека може...Не знам...
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  15. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.122
    Допаѓања:
    9.687
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека свежо е најдобро. Ама едно еве јас сум сама и без помош за чување, а друго количината е премала.. значи трошиш ресурси и време секој ден. Ако има валидна причина зошто мора секој ден свежо и да не стои храна ден два ок. Еве стварно не ми текнало да истражувам уште на темава па прашувам оти стално сум го сретнала прашањето.
    Од друга страна па готови каши од супермаркет стојат со месеци па повремено скоро секој дал нели? Што е разлика тогаш едното со другото приготвување и вакумирање на храната?
    Е сега ве молам не скокнувајте одма дека не сте дали готова каша. Не ми е тоа поентата, туку приготвување и чување на хранта за бебе. И како можеме да си олесниме при подготовката на храната?
     
    На 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  16. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    @јolene , давам и готови каши, а сум мрзнела и овошје, зеленчук, месо.

    Месо, домашно пиле или свежо телешко, сварив поголема количина, поделено во порции и со дел од водата во која се вари замрзнав.

    За подготвување на каша одмрзнувам додавам заедно со зеленчук колку да се смешаат вкусовите.

    Овошје различно имам замрзнато, на ептен ситно сецкано, буквално да се свари за 5-10 минути.

    Не сум давала во повеќе денови спремено, пример од денес за утре. Се случило и да ми остане каша ако направам поголема количина и да ја ставам во теглички.

    Сум проверила другиот ден, не е расипана, жешка затворена веднаш, па во фрижидер, ама искрено ми било шубе да дадам.

    Ама еве како што расте и почнува да јади се, и на парчиња, на пример мафини, кифлички секако ќе јади по повеќе денови, или замрзнати, па притоплени.

    Плус моето тргна и во градинка, така да таму и супа и различни манџи нудат.
     
    На 1209, Proletno, Ceneva и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Прашав и во друга тема, а што може да се притопли? До сега се свежо јадеше, 16м е,некое време ќе морам од вечер да спремам ручек
     
  18. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.372
    Допаѓања:
    3.194
    Пол:
    Женски
    Мислам дека замрзнување на месо или пример варено овошје и изблендирано е најбезбедно. А и мене би ме интересирало за повеќе дена дали некој спрема.
     
  19. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Во групата domace kasice za bebe на фб има начин за пастеризација, замрзнување на намирници и сл.

    Јас лично имам исецкано и замрзнато овошје и зеленчук и месо (брокула, цвекло и карфиол ми се сварени па смрзнати). Имам направено и овошни каши, и замрзнато во ќеси за мајчино млеко, па само одмрзнувам во топла вода и мешам со житарка.
     

    Прикачени фајлови:

    На 1209, velesanka, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Исто..и мене ми е шубе да го чувам до наредниот ден. А може ништо не му е..