Форумџика на годината

Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Да баш така и мислев. Оти за нас стално си правам мармалади и компоти без шеќер и стојат долго. Идеата ми беше оти не и за бебе една недела у фрижидер вакумирано.

    Ова со кесите ти е супер идеа значи. Комшика правеше сосови во модли ги замрзнуваше. Мевце си мислам и мали порции може дирекно во теглиња да се свари, знам дома мајка ми така за нас прави. Истовремено се готви и вакумира. Друга опција значи.
    Не знам дали имаме тема специјална за муабетот.
    Инаку читнав брзински, каша може 24 часа да стои во фрижидер на поладна полица, без проблем.
    А јас ќе морам очигледно инстаграм и фб профил да си направам за вакви работи.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    3.404
    Пол:
    Женски
    Мене лично месото ми е полесно да го замрзнам во пластични чашки со малку од бујонот од варењето и во зип кесички ги ставам чашките. Кога треба да правам месо, вадам, ја сечам чашката со нож, и целото замрзнато парче го ставам со останатиот зеленчук кој се вари. Не морам вака да чекам да се одмрзне.
     
    На 1209, Miss_S, јolene и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    Чекајте да видам дали ве пратам. Може да се замрзне готвено месо? Пример еве утре ќе му спремам телешко, дали може да спремам поголема количина и да ја замрзнам така, издинстсна? Со кромид, со лук, со томатен сос? Или без томатен сос?
     
  4. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    10.730
    Јас, а и повеќето тука што ги читам мрзнат сварено телешко на сличен начин.

    Уште во месара ми го сечат месото од прилика на парчиња од 50 грама и така ги варам. Откако ќе се свари и олади го пакувам секое парче во кесички за во замрзнувач, со две кутлачи од бујонот и заврзувам убаво.

    Не сум мрзнела со додатоци, а ти препорачувам и ти да не мешаш за да можеш да го комбинораш како сакаш.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.172
    Допаѓања:
    8.678
    Пол:
    Женски
    Мене ми е чисто месо замрзнато, без додатоци.

    Едит- пиле домашно зедовме цело, а телешко си купувам по 300-400 гр и го варам тоа на мали коцки исечено. После по околу 30гр варено месо замрзнувам, заедно со водата што се варело.
    Гледам за 2-3 недели да потрошам бар телешкото. Цело пиле нема шанси нели да се потроши за толку кратко.
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.005
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Месото многу се намалува кога се готви. Конкретно телешко некни сварив 1 кило и се намали на 570гр. Јас сварено го делам на парчиња од 45-50гр. и замрзнувам со бујонот во мали теглички. Брзо се одмрзнува теглата потопена во топла вода. Зарем грешка сум разбрала и треба 40-50гр свежо, не сварено?
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    10.730
    Јас знам живо дека е 50 гр, значи сварено да речеме е околу 30-35 грама. А искрено и да и ставам поголемо парче не верувам дека ќе го изеде. Месото ситно го цепкам и го мешам со разни зеленчуци и баш се познава доста месо низ кашата. Мислам дека од евентуално после 9-10 месеци па натаму би требало поголема количина.

    Ајде поискусниве нека ни ја разрешат дилемава :?:
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.660
    Допаѓања:
    113.751
    Пол:
    Женски
    Живо 50гр мајка, не сварено. Ние сега сме на 70гр живо, ама не го јаде па подобро 50 да изеде отколку да фрлам и ретко ептен давам по 70гр.

    Инаку за чување храна, малите бебиња немаат толку силен дигестивен систем и ним се им смета, и најмала ситница, како пример оксидиран зеленчук или овошје кај нив прават гасови, така да не би чувала каша спремна. Ако на некоја не и направило не значи дека и нам нема да ни направи. Овошје без шеќер исто така не стои, бидејќи шеќерот го конзервира, го чува, така да ако ставиме праска во вода само и ја вакумираме ќе оксидира, ќе се распадне. Сум пробувале, не стои, мора нешто да го сочува овошјето. Исто и џем, сум правела со малку шеќер, ај што не е џем, туку компот течен, туку и не стои, скиснува, фаќа мувла... мм не сака многу благи мармалади и џемови и од тоа сум напатена, колку само овошје имам фрлено така.
     
    На 1209 и јolene им се допаѓа ова.
  9. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Ова прави смисла со оксидација.
    За не стоење конзервирано без шеќер не се согласувам. Со години без шеќер конзервирам. Не оставаме да стои по цела година, ама за краток период од недела -две во фрижидер нема да мувлоса и да оксидира.
    На свекрва компотите од домашни сливи по цела година и стојат. Или намерно шеќер ми уфрувала :rofl:. Ама шанса нема да не познаам, мислам зрно шеќер да има во нешто го осеќам, не само на вкус туку и тело ми реагира.

    Едит: за возрасни можеш рогач да користиш како средство за згуснување и конзервација.
    Прашај паталец е муабетот :(. Пет години без шеќер, ама и без терапија за дијабет :hai:.
    Т.е и за бебешки каши се става во купените, ама не би на своја рака.
     
    Последна измена: 19 декември 2023
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.660
    Допаѓања:
    113.751
    Пол:
    Женски
    Не стои, пробано на сите начини, не стои никако, се распаѓа овошјето. За недела две во обичен не ти врши работа, верувај. Мислам маката ти е голема а не ти менува ништо. Или шеќер или конзерванси, не стои иначе. Јас мака си имам од мм кој се плаши од шеќер и затоа со сигурност ти кажувам, пробано ми е, на сите начини, и со мед и со натрен и со оној течниот засладувач и со урми во мармалад, не стои никако, ај што не стои ни конзистенција нема на мармалад или компот, ова па и се распаѓа овошјето.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  11. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Се едитирав погоре.
    За со бебе здравје нели. Искуството немам се ми е на теорија..ќе пробам.
    Оти сега тек почнав со вкусови и гледам колку е трошење на струја за само едно морковче..ама утре па нема да е само едно морковче. Ќе се повеќе. Така да може и ќе се исплати.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.660
    Допаѓања:
    113.751
    Пол:
    Женски
    Абе едно морковче ќе го свариш на плинско. Веруј не вреди да штедиш ако знаеш дека може недајбоже цревцата да му реагираат. Ваму ќе заштедиш ама после иди оправај се со проливи и повраќање. Факт дека од старт е мачно за 1 лажиче да вариш, ама тоа е едини начин ако нејќеш купечко. Иначе ако го исецкаш морковот за 5мин е готов, на тенки ливчиња, одма се вари, и полесно се гмечи.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  13. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    Ете со плинско не ми текнало. Абе не ми е мене за штедење на пари, туку повеќе на време заштеда и дали ќе можам сама се навреме да стасам. Ама изгледа мора прво да почне да јаде, па да видам како ќе се организирам.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.005
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    И сега што да правам со толку погрешно смрзнато месо? Дајте некоја идеја, не ми се фрла.
     
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    2.481
    Морковот и мене ми беше најтежок за варење, јас го варев рендан
     
  16. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.508
    Допаѓања:
    11.616
    Пол:
    Женски
    А оти да фрлаш?
    Леле јас сум ептен поборник за не фрлање храна и оптимално трошење на ресурси. Ми се познава по постовите :).
    Две третини од месото даваш на бебе, другото ти таман да пробаш дали е ок.
     
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.367
    Допаѓања:
    12.006
    Пол:
    Женски
    Мајки, кога почнавте со ужинка меѓуоброци? Во ред е на 8++ да давам?
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.005
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Па баш зошто не сакам да фрлам прашувам. Не реков буквално да фрлам, ама фрлено ќе е и ако не се искористи за него, а така било планирано. Што ќе пробувм дали е ок, убаво младо телешко месо, знам дека е ок. :) Криво ми е што сега од секоја тегличка ќе имам 20гр вишок месо што нема како да го употребам пак. Еднаш одмрзнато смеам ли да го замрзнам пак? Ако знае некој нека ме просветли.
     
    На јolene му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.005
    Допаѓања:
    21.999
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е рано. Од тоа што сум читала треба прво да ги имаш воведено трите оброци. Ужинката треба да е минимум 100гр за да замени млеко. Рано ви е мислам за да му ги исфрлиш дневните подои. Нека ме поправи некој ако грешам.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    3.404
    Пол:
    Женски
    Еднаш одмрзнато не се замрзнува пак. За се важи ова правило. Единствено кога ќе правиш за него месо да планираш и за вас некоја манџа со месо да правиш или нешто такво па да искористиш дел од неговото, дел плус да си ставиш. Друго не ми текнува.
    @DaisyDoo рано ви е за ужинка што ќе замени млеко, ама можеш пример смока да дадеш или некое овошје ако имаш некоја поголема луфта а млекото си го испил. Јас обично давам една смока попладне после втора дремка, а 1 саат пред вечера. Не дека ја јаде цела, повеќе ја гмечи ама ко ќе ја чешкаат забите убаво и доаѓа.
     
    На DaisyDoo и јolene им се допаѓа ова.