Не, дури после 11м е некој оптимум, до тогаш млеко или цице. Со големото дадов дури после годинка. Со ова порано дадов зошто не напредуваше. Или давај го 2 дена по ред или давај го тоа цело. Давај 4 дена месо место 3 и тоа е.
И јас давам смока, од оние 100% пченкарни што се топат во уста. Ама кај мене оти почна деновиве да забушава со јадењето, заби ли се што ли се не знам, давам по 2-3 смоки колку да стави нешто во уста. Имаше денови со 10 лажици го минуваше денот. Затоа прашав за ужинка оти секако оскудно ми јадеше во 8 сабајле и околу 1 попладне, си велам смеам ли да давам нешто измеѓу. Ќе си продолжам со смоките тогаш. И исто сакав да прашам од кое младо сирење давате?
Ама со ужинки нема да се разјаде, празни калории се тоа, нема да ја најаде. Кога не јаде моево баш не давам ужинки да не се полни само мешето а да не се најадува. Ужинка само ако добро јадел, иначе не. Многу се итри, знаат дека не мора манџа, ќе си касне смока, па уста нема да отвори. Не прашувај од кај знам
Ај вака најпросто да си прашам По што се раководите кога да воведете некоја нова намирница? Мене веќе ми почнува хаос во главава, пошо сега СЗО вика едно, Солид старс друго, книги трето, интернет, искуства четврто итн. А да не правиме муабет за книги од пред 10год. Малата е 8 м, додуша имам воведено многу работи, но пред секое воведување на нова храна, зачин и сл, ми станува конфузно. Има некој начин да си ја олеснам работата или сите сте вака?
На почеток пазев повеќе, сега веќе воведувам по ден-два и не се потресувам. Уште млечно и глутен ми остана. Зеленчуци и овошје воведувам сѐ што ќе најдам домашно или убаво купечко измиено со сода, а нешто и од готови каши. До сега не покажал реакција на ништо, па ваљда и ради тоа се опуштив. 8+ е иначе.
Исто и кај нас, нема реакција до сега. Глутен немам ни јас воведено, ама има нешто од зеленчук и овошја што нема пробано од причина што не знам кога треба пошо се различно пишува кога. Пример.. Киноа, амарант, какао, кокосово масло, малини, цимет, боранија, грав итн некои даваат порано некои после 10,11 месеци. За мед, белка, ајде скоро сегде читам после 1 година, ама сепак има намирници за кои многу се двоумам. Од таа причина пишав дали постои еден единствен начин
Мајки дали користите готвач на пареа и дали е паметно да се купи? Сакам по нова година да почнам со вкусови и полека се спремаме.
Нема единствен начин, по ново скоро сѐ е на 6+. По солид стартс мед е над 1 година, какао над 2 години. Јајце цело на 6м. Избери пристап кој ти е најкомфортен и следи го него.
А оти кокосово масло? Стално читам овде? Мислам која е продобивката од него? Инаку за масло според мене, сончогледово био или репка био може веќе од 5-6 месец, Па дури и не мора ексра да се воведува, секако даваме пробиотици и вит д во масло, оти тогаш посебно да се воведува?
Од 7+ користам маслиново и супер го прифати,др масло не користам. Кокосовото масло го спомнав пошо има многу каши што се од 6+. Содржи масни киселини, ама поделени се мислењата за конзумирање, како за возрасни така и за бебиња.
Точно еве на брзина и јас што успеав да прочитам од 6 може да се воведе, ама всушност нема научен доказ дека е посебно добаро и здраво. Значи може и не мора. Знам само дека едно време ептен се исфорсира демек супер храна бла бла, па после ништо од тоа беше. Затоа и прашав.
Единствен начин нема, сама направи си некој ред и слушај си го инстинктот. Старо, ново, сѐ е различно. Масло јас користам extra virgin од репка, а ќе земам и маслиново.
Јас го купив авент 4 во 1 и супер ми е со него. Готвиш на пара блендираш во еден исти сад. Нема многу да се мие . Е житарки не може во него да се спремаат ситото ќе се запуши. Нив ги спремам посебно, ама после во авентот блендирам се заедно. За мене е добра инвестиција.
Нормално дека смееш да даваш и измеѓу ако мислиш дека е гладен Јас на пример кога не јадел баш така што викаш 10 лажички би дала нешто измеѓу, на пример и кога не јаде за доручек/ручек многу (настинка, заби) банана или шмукалче не одбил досега, не мора строго држење до распоред па и смоки да броиме, оди по интуиција
Искрено не ми доаѓаат многу идеи што можеш да направиш, пошто ниту се премрзнува, ниту два дена со ред може да го даваш така одмрзнато да си чека. Единствено ако не те мрзи околу празнициве можеш да си правиш прилог телешка салата да се спари со некоја кифличка Преостанатото месо расцепкај го, додај исецкано варено јајце, кисела краставичка, можеш малку магдонос и спои се со сол, бибер и лажица-две мајонез. Ова ќе е буквално прилог за еден оброк, ама дај шта даш : ))
А теоретски само, не знам како ти е смрзнато. Ама да го исечеш со нож додека уште е смрзнато и веднаш да вратиш во замрзнувач .