Мајка за 20грама месо е муабетот, едно залче, не си играј да го сечеш замрзнато. Штипни си, касни си го парченцето и толку
@Bella_Stella , од тегличка тешко да го извадиш замрзнато. На еден или друг начин пак мора бар малку да се одмрзне. А штом бар и малку се одмрзне, јас не би го вратила назад пак. Реално и премалку е 20тина грама месо.
Имам многу ноќни каши што ги добиваме во пакетче за нова година а немаме сеуште вечера. Давате ли некогаш таква за доручек?
Немам давано, ама мислам дека се млечни или грешам? Види го составот и спред тоа одлучи дали одговараат. Ако не, можеш да ги чуваш и да ги дадеш кога ќе имате вечера, имаат долг рок.
На @Bella_Stella муабет со месото уште од прв пост и е зезанција. Само што ја многу успиена бев вчера да сконтам па се разви дискусија. Мене уствари ептен ми се свиѓа колку сме креативни и колку многу решенија се понудија за уста мевце .
Купив вакви овесни снегулки и просо без глутен но назад пишува дека може да содржи траги од кикири и јаткасти плодови па претпоставувам дека не треба да ги дадам бебе е 6+. Во дм не можам да најдам ги немат, па дали има некои други ако можи слика
Бидејќи се работат на иста лента, затоа така пишува. Јас искрено не обврнувам сега мн внимание на тоа, и давам на малата и фала богу нема реакција до сега. Просото и е омилено, го користам истово од Зегин, а овесни ги купувам овие од ДМ. Исто пишува и на нив дека можно е да содржат траги од ореви, бадеми, сусам, млеко
Дали давате леб на 10++ и од кој? Јас лично многу слабо јадам леб, ама бебка пак е во фаза на одбивање храна, нејќе ни пасирано, ни парчиња, ни каша и освен смоки, се друго плука. Еднаш го виде татко и дека јаде на маса и и дадо да проба, воодушевена беше. Дали има некој што го користите без сол или рецепт да споделите да и направам дома?
Може да ми кажете распоред на млеко + два оброци во текот на денот. Во колку саат едно па друго, т.е на колку часа? На АД сме + доење.
Од обичен леб што јадеме ние давам, сол е штетно да изеде пола лажиче во манџа а трошка во залче леб не ни ја има функцијата.
Јас од тука ги нарачав: https://www.kendy.mk/pecurki-zamrznato-ovosje-vrganj-smrcka-tartuf/zamrznato-ovosje-malina-bio
А јас со денови мислам дали толку ја тупи за една ронка месо. Фала што ми ја смири душата, знаев дека нешто не штима
Абе не е ронка за мало дете, 20гр кај мало бебе ти е исто што и 100гр за нас возрасен, ако треба да изедеш парче 200гр ти се фаќа дека си изел 300, отприлика. Ама не е до толку страшно, ќе си мезнува мама.