Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Позабавна ми беше таа тема со месото од паѓањето и плачките. Ама не може сѐ да е на смешка. :)
     
    На Anturium, јolene и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.112
    Допаѓања:
    111.024
    Пол:
    Женски
    Па бар најдовме куп начини како да искористиш вишок мевце, шо се сеќираш. Протеинче.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.830
    По колку мевце ставате за бебушки од 18 месеца?
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.729
    Допаѓања:
    21.418
    Пол:
    Женски
    Хахах да, се плашам само да не се прејадам и да не го качам мн железото, 25 ми беше пред месец дена. :rofl:
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Девојки, дај кажете рецепти за ќофтенца, било што што би можело да го јаде со раце, а да не е каша.
    Немам воведено белка од јајце, јатки, јагоди. Друго отприлика сѐ.
    Секој рецепт ќе е добредојден. Преска заплескав нешто, ама фијаско испадна.
     
  6. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.850
    Пол:
    Женски
    Ете си најде начин да отргнеш мисли за паѓањето :lol:
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Ако немаш воведено цело јајце може да пробаш со лебни трошки наместо јајце. Пример компир, морков, лебни трошки. Тука не ни мораш лебни трошки додуша, компирот има таква конзистенција.
    Можеш баш ќофтиња со мелено месо.
    На солид стартс имаш мн идеи, има и замена за скоро секој алерген во рецептите.

    Како се справувате со нестрпливи јадачи? Убаво почнавме со јадење парчиња, сам да си зема да си јаде, ама последниве неколку денови е многу нестрплив и сака само јас да му давам за да се најаде брзо. Не е до толку гладен кога седнуваме да јадеме, од прилика цица еден час пред оброк. Ако не оди брзо хранењево тоа се драми, плачки, леле.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Која храна треба да се избегнува за вечера?
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    45.844
    Пол:
    Женски
    Леле и мојов исто, не можам да стасам да црпнам од јадењето одма писка и на плачење, му давам во рака не сака, плаче јас да го хранам.
    Не знам што се деси, не е толку гладен мислам, цел ден и ноќ цица. не може да е мртов гладен со 2 оброка, изгледа многу нестрплив е моментално.

    Луѓе на мисла ми е да не грешам со распоред на јадење…уште го дојам кога сака и колку сака, што ме затегли за блуза давам. Оброци имаше 2, сега веќе почнав и вечера оти деновиве шкњ беше со јадење ручек, па вечерата ја смакнува ич како ништо, а и откако му давам не се буди за цицање толку често. Изгледа гладно ми било детето:doh:
    Некогаш знам да дадам и малце банана, шмукалче или малце од некоја овошка измеѓу ама не го сметам тоа зс ужинка дека колку од стрв јаде.

    Намирници воведов скоро се, уште фали јагоди, мед кој не планирам ниту после година и некои јатки, риба немам дадено уште, ама чекам свежа. Уствари дадов пастрамка некој залак одамна ама не ја бендиса.

    Месо не сака и не сака, не знам како да му го подметнам:^)
    Денес успешно јадеше омлет со авокадо, конечно изеде цела лента без да ја изгмечи исфрли цела.

    Јас скоро се давам свежо, освен што имама замрзнато спанаќ, боровинки, кајсии, аронија, праски…тоа од кај дедо ми од летово, некогаш знам да ставам овес во фрижидер ако сум направила повеќе па за следен доручек ама дека е со вода мислам дека нема проблем.
    Е за месо се мислам да пробам вака варено и замрзнато, оти многу вееме се динста па да не го чекам постојано.
    Инаку до сега не мерев количински сооднос за ручек ама изгледа ќе треба. Кој сооднос го давате?
    За доручек обично ставам 2л житарки, една овошка(ако е крупна) и лажица грчки јогурт, вајда не грешам:^)
     
    На Lavender13 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    И јас не мерам. Сеа почнав малце повеќе да обраќам внимание, ама гледам дека станува сѐ подобар во прекинување кога е сит. Ако изел малце не се замарам, ќе цица и тоа е.
    Ние намаливме на 5 подои:D Со воведен доручек и ручек, ручекот ќе го воведував постепено ама кај може постепено со ова ѕверче, ќе ме појаде жива ако нема за него во доволна количина. Одамна не воведувам нови намирници по малце, денес за ручек дадов цела тегла готова каша со мисиркино, мисиркино давам прв пат,ја смава цела, 150 гр.

    Јас сум со грип па изминатава недела спијам во посебна соба, тој со татко му на спална. Излеа силом прилике ќе ги скратиме ноќните подои, цица во 20 и последниве два дена следно цицање е во 6 сабајле :?: Интересно со него коа спие е ко трупче, ич не се буди. Ама да не трчам ко прле пред магаре, ќе видиме како ќе биде кога ќе се вратиме во нормала.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DaisyD

    DaisyD Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2016
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Бела пастрмка од каде зимате и како ја спремате? Со што да ја комбинирам?
     
  12. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    179
    Како го давате морковчето кога почнува со вкусови, додавате ли водичка да испадне како каша
     
  13. Cence

    Cence Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Јас пасирав сè и додавав ептен малку од водата во која се варел морковот :)
     
  14. 8Moonlight13

    8Moonlight13 Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2022
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Дали од кога почнавте со проба на вкусови им дававте на вашите бебиња водичка? По колку и каква? Ориз од колку месеци се дава? Затоа што на ливчето до секој вкус ми пушува плус ориз па се мислам дали ако денес дадам да проба морков, дали наредниот дем можам да дадам морков и ориз заедно.
     
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.660
    Пол:
    Женски
    На првото јас прво ориз му дадов, потоа банана, па ориз и банана 3 ден, јаболко, па компир, мешав од одма, не давав по 3 дена по 1 ден само, исто мешав овошје, зеленчук, не само овошје па само зеленчук, еден ден овошје другиот зеленчук, супер се прифати, без алергии, единствено на кикиритки беше ама тоа после година дадов путер, па и ден денес не го јади, не го сака, жолчка на 6м белка и риба на 8 дадов, јагоди исто, 7м мислам...
     
    На Alishan30 и 8Moonlight13 им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Компирче варено, брокула варена, морковче, пашканат, путер несолен, црвена леќа, авокадо, гриз.
    Сите овие можеш изгмечена смеса со лебни трошки да извалкаш и да се јаде. Дури и месо варено и изблендирано ги правев во бомбици и си јадеше.
    Исто и од овошјето, банана, крушка, батат, тиква блага, јаболче, цимет, бисквита може убави да излезат бомбици.

    @1209 месото јас секогаш го маскирав со јаболко или со батат и така ги јадеше месните каши.
    Првото детенце имаше 4 дена месо за ручек (2 телешко, 1 пилешко и 1 мисиркино) еден ден риба, еден ден зеленчук и еден ден јајце.
    До ден денес најмногу сака месо и кога има месо за ручек без леб може само месо да јаде.
    А за месото јас купував се по кило, пример телешко, пилешко и мисиркино и обочно во недела на коцки исечени ги варев. Потоа изладени ги пакував по 40-50гр во кесиња за замрзнување и стоеја во комора. Потоа во тек на неделата само свеж зеленчук ставав во тенџерче и ќесенце месо па за 10 мин имав готов оброк.

    Исто замрзнував и блага тиква, исто и пашканат, па дури и 1/4ки авокадо. Брзо се изедуваа и убаво ми беа организирани во комора.
    Сега пак сакам да правам вака ама второво изгледа ќе биде нејадач, повеќе од 30гр каша не ми изедила а 2 недели веќе воведуваме.
    Па незнам колку ќе имам желба да спремам вака оброци, ако е нејадач.
     
    На 1209 и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    11.714
    Пол:
    Женски
    Убави идеи. Фала ви. :f::f:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.011
    Допаѓања:
    45.844
    Пол:
    Женски
    Луѓе ослич риба давате ли? И од кога?
    Свекрва ми испекла едно псрче замрзната без зачини демек за него, реков ок ќе ми дадам да не и е за џабе печење ама ете стои не знам дали да дадам, па и замрзната. Давав пастрамка има пробано бела риба ама сепак…
     
  19. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    9.720
    Пол:
    Женски
    Вода и давам по 5-6 лажички подсле кашички. Ама она сака вода и се радува ептен. Ориз и други житарки уште не сум дала. Не давам по една намирница три дена. Туку вчера и дадов круша. Ептен и се свиѓаше. Денес немав време да сварам пак крушка оти бевме излезени, и дадов тиква кашичка. Тиква проба најпрво.
    Сакам времето да го задржам исто и постепено да и воведам оброк. Па она пробува вкусови од 11 до 12, после прва дремка, па после и давам млеко пред спиење пак.

    Туку читам сите доручек прво воведувате. Кое време го давате?
    Особено оние на ад како изгледа? Станува бебе и право кашичка или? Прво млеко па после кашичка?
     
    На 8Moonlight13 и Luminary им се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    7.596
    Пол:
    Женски
    Кога давав еден оброк до кај пладне гледав да е. Со втор кога воведовме ни беше следниот распоред:
    5-6 наутро - млеко
    8-9 - појадок
    11-12 - млеко
    14-15 - ручек

    Сега со градинка го има следниот распоред
    5-6 наутро млеко
    До 8:30 - појадок
    До пладне ручек
    Околу 14-15 - млеко
    17-18 - вечера
    За заспивање млеко
     
    На Alishan30 и јolene им се допаѓа ова.