Ако даваш нешто ќе го даваш три дена или барем два, ете ако не сакаш три. Така ќе видиш дали дете ќе пројави алергија на некоја намерница. Јас ориз се уште немам дадено, а два месеци уште малку како сме почнати со цврста храна. Инаку ако дадеш пример прво морков, даваш три дена. Па да речеме после како втора намерница даваш батат можеш заедно со морковот. После секоја нова можеш да комбинираш со веќе воведена намерница.
Колку количински треба да е еден оброк за бебе 6+? Моментално јаде доручок околу 100g, и кога воведувате втор оброк? Ќе ми тргне на градинка на 8.5 месеци мислам до тогаш дека треба да воведам три оброци.
Фала ти баш се двоумев дали може да мешам од веќе воведените. Иначе педијатарот ми кажа кога ќе почнам пример со морков да ставам една мала лажичка ориз додека се вари морковот и после изблендано така да дадам да проба. Многу различни мислења и педијатриве денес еден кажува едно друг друго..
Пред два дена примивме вакцина 6+сме вчера не дадов нов вкус, дали да почекам некој ден или можи да дадам нов вкус ?
Исто и јас скоро две недели вкусови и јаде толку 30ина грама. Не сум давала уште ни ориз ни никаква житарка. Па, кога планираш ти или веќе даде? Исто месо после колку време треба да се воведе?
Кога почнавте со вкусови дали во прозорецот на будност прво дававте кашичка, па цицање или обратно? Пробав на двата начини и не играше улога во количината што ја изеде, па би сакала да слушнам и ваше мислење. Јас би сакала да воведам прво ручек, па доручек (некако повозбудена е за зеленчук) па засега кашичката ја давам после втора дремка. Да сменам да давам после прва?
палента ќе дадам при крај на следната недела. Не е јадач ич, денес тиква проба, плука нонстоп. Имам чувство како да не е спремна за каши, а не е ни по цицањето ориз и тоа ќе биде наскоро после палентата ориз ми е следно, па просо, па амарант. Месо ке дадам крај на 6ти месец. Прво телешко. Брзо ми оди овој пат бидејќи 2 дена пробување има не три како со првото дете. Вкусови давам наутро за да не појави алергија да можам да ја следам цел ден и гледам доручек да е. Измеѓу 2 подои. Наутро цица кај 7, па кај 9 вкус, па кај 10 цица. Гледам да биде запазено тоа време бидејќи во градинка тоа време јадат. И ручекот ќе биде по тоа време за да не и бидат многу промени кига ќе тргне. За 9м ми е запипана да тргне па ќе видиме. Сакам и жолчка порано да проба како пто оде брзо и тоа ќе биде.
Јас го варам цело сосе лушпа (некаде околу 2 саати додека не омекне), ладам со ладна вода да престане процесот на варење, лупам, сецкам и замрзнувам.
Ако имам воведено пченица и спелта, дали хељда, рж, јачмен, лен треба поединечно да ги воведувам? Ич не се разбирам во ова житава, освен овес јас лично ништо друго не јадам.
Имам тиква и цвекло. Сакам некако да ги спремам и замрзнам за бебка. Што можам да направам? Да ги сварам или обарам па замрзнам или свежи да ги исецкам и замрзнам?
Мамкчки рано ни е уште но какви бисквити гриз и тарана давате? Читав мени во градинка па да знам какви кога ќе треба да воведам?
Тиква портокалова сечам на коцки излупена, измиена и на крпа исцедена. Собирам во ќеси за замрзнување по 40-50гр и складирам во комора. Цвекло не сум замрзнувала досега