Сѐ можеш да замрзнеш. Јас ги чувам пола саат во вода со сода, мијам, лупам, сечам на коцки и замрзнувам. Вака имам замрзнато доста работи и многу ми е практично. Во секое време имам спремен зеленчук за варење.
Немам дадено риба, ама ослич и немам слушнато да се продава свеж. За житарките јас ставам по една супена лажица. Од тоа што знам соодносот на житарка со овошје/ зеленчук треба да биде 1:2.
Добивме пакетче на holle од мајка ми. Има една каша тиква со ориз. Дали можам со неа да почнам за ориз да воведам? А другите два дена да му правам инстат ориз исто на holle? Денес прави дасо мој 7 полни во 8 от лелеее ми порасна детето Инаку сега планирам да му воведам едно по едно спанаќ, блитва, боранија, грашок. Дали е ок за месеците. А од овошки боровница можам или е рано? Еве ја кашата, пише 4+
Тиква не сум замрзнувала, а цвекло да. Го варам подолго време додека убаво омекне, оладено во ќесичка го замрзнувам.
Јас се водам по блв и скоро се имам вовдено уште во 6ти месец. Можеш да дадеш каша, инаку само ориз нема да јаде, секако мешај го со нешто, јас ретко давам ориз ради арсенот, повеќе се други житарки.
Само што почнавме со воведување на вкусови па околу количината малце не ми е јасно како иде тоа ако може некоја мама да ми објасни. Првиот ден нели давам малце колку да проба вкус, вториот 2-3 лажички, третиот уште плус 1-2 лажичи. Е сега после тоа кога ќе треба нов вкус да воведам исто ли толку малку да давам на секој влус или? Зошто се мислам на овој начин да не го навикнам на малце количински па кога ќе треба да воведеме доручек да не ми јаде повеќе од толку лажички. Како познавате дека е најадено кога давате кашички ?
Секако не планирам чист ориз да му дадам. Јас имам воведено други житарки а оризот го избегнував ради арсенот. Ама и него треба да го воведам редно е
Што е дасо? Ориз давам повремено инстант од Холе, ама најмалку застапен ми е во менито. Обичен ориз немам дадено и не планирам во скоро време. Можеш да го воведеш со кашата, ама прочитај состав дали е само ориз и тиква. А можеш и инстант да смешаш со веќе воведени овошки/зеленчуци.
Дасо, даса, господин во превод. На тема ориз, јас до скоро за ова со арсенот немав чуено, па фала богу не познавам чоек што од ориз му се десило нешто. Драгана Фитлајф многу добро видео сподели за тоа, се одбира некој податок од нутриционизмот и се зборува за него без да се земат сите компоненти во предвид. Малку кринџ според мене, до вчера на ориз и батаци, сутлијаш живеевме, сега арсенот не труе, дека дишеме чист планински воздух и малку арсенче ќе не убие. Мое мислење, не мора да сумво право, да се разбереме, ама мислам дека некои работи кои не биле познати никогаш сега се прават баук и не трпаат со информации кои апсолутно ништо не значат.
Се слагам. Истото важи и за кокосовото масло, до завчера беше супер фуд. И ред други, меѓу кои и овес. Драгана и за овесот зборуваше баш.
Кокосово, овес, чиа, путер од кикирки, еве ориз, амарант... Дел од нив се несомнено нови на нашата трпеза но оризот е со векови присутен кај нас, го произведуваме како држава, се јаде сигурно барем еднаш неделно и еве не знам некој да умрел од ориз. Клучот е во балансот на крајот од денот, баланс и тоа е тоа.
Ахааа на српски. Иначе не е дека избегнувам стрикно ради податокот за арсенот и секако дека ќе давам и обичен ориз во иднина, ама сега давам инстант. На поднебје кај шо оризот е една од основните намирници живееме. Тоа што сме јаделе ние и јадеме често не значи ако нема видливи последици дека ги нема воопшто. Сѐ што е претерано е штетно. Ако можам да намалам употреба на нешто за кое што има докази дека е штетно често да се дава зошто да не? За многу работи немавме чуено, нити пак нашите родители и баби знаеле, ама сега кога сме поинформирани не гледам зошто да не го искористиме тоа во наша полза. За воздухот нема да дискутирам, немаме контрола врз него. Ама врз тоа што имаме не е лошо да се припазува.
@Bella_Stella веќе ти кажале што е дасо не знам чие потекло го има зборот ама во Радовиш се употребува доста. Инаку чисто тиква со ориз е кашата. И прв пат не ми јадеше, што не ми е ни чудно, многу е грозно. Утре другото што не го употребив ќе го помешам со нешто дома приготвено.
Прв пат слушам дека во Радовиш се употребува, а и општо во Македонија, ама добро. Ќе пројаде, моето сѐ што има тиква прави метла.
Здраво мајки. Бебо ке прави 5 месеци уште малку, здравје после празниците сакам да почнам да му давам да пробува вкусови. Е сега јас како што сватив ке пишам па нека ме поправи некоја ако грешам. Почнувам по 3 дена да воведувам храна, пр 3 дена јаболче, 3 дена морков, 3 банана итн итн. Кога ке проба 9-10 намирници почнувам да давам оброк, можам после да комбинирам и давам нова намирница со пробана? Имам и прашања Колку гр треба да изеде бебо за да се смета дека сме замениле млеко со храна? Сакам да земам хранилка ја гледав во бебе хоме bebeconfort timba и дома ептен ке ни се вклопи ептен и ми се допаѓа што може долго да се користи,а неа ке може да седи бебе од 6 месеци што би дошло таман кога би почнал да има цел оброк. Дали до тогаш би ми била потребна хранилка за вкусовиве или можам во релаксатор да му давам или дајте идеа некоја Фала ви однапред и знам дека уште мал милион прашања ке имам
Моето бебе почна на 5 месеци и 20 дена со вкусови. Јас само јаболко дадов чисто, секој следен вкус го мешав со веќе воведена намирница. Околу месец дена пробуваше, на 6 ипол месеци воведов доручек. На почеток треба да јаде околу 120-130 гр за да замени доење со цврст оброк. Но немој да очекуваш одма да замени, научени се на млекце и им треба време. 8 ипол месеци има син ми па уште знае одма после оброк да бара и да цица. Ќе си го следиш бебето и ќе бидете супер. Ние ја имаме истата хранилка, ама сеуште ретко јаде во неа зошто уште не седи скроз стабилно. Не мораш од почеток со неа, ќе ти заврши работа и релаксатор. Зависи, ако седи бебето можеш и од старт во хранилката.