Итно ми е прашањево Оризот од Холе, во упатство пишува дека треба со млеко да се прави, може ли со вода да го направам или мора со млеко?
Јас со вода го правев за првото детенце, а и сега ќе биде така, ад не пие а неможам да измолзам многу
Јас со вода го правам, кога треба да го вметнам во зеленчукова каша. Но, не се водам според упатството, многу ретко ми искача така.
А колку лажички ставаш, мали или големи? Пишува 4 во 120 мл, ама тоа е многу не може да го изеде пошто и го мешам така чисто не го сака. Извини на прашањава еден куп, ама ко изгубен германец сум
Сите јас ги правам со вода. Со тоа што ако додавам овошје/зеленчук 50-60мл вода. 1-2 лажици ориз/мултигреин/пченка итн, зависи од густината што сакам да ја добијам. И некаде количина на околу мала каша со овошје/зеленчук. Додуша ова додека беше помала. Сега веќе ретко ги користиме.
Никогаш не правам колку што пишува зошто испаѓа многу. Со големи лажици е мерката. Јас правам или 2 лажици во 60мл вода или 3 во 90мл. Чист никогаш не сум дала, дури ни кога немавме оброци и само пробувавме. Инаку нема лош вкус, ама ми нема логика да го дадам чист зошто и онака никогаш нема само ориз да јаде.
Според кои препораки се водите за воведување намирници? Не добив многу насоки од педијатар освен стандард јаболко, круша, банана, морков. Почнав со пасирано, сега не знам со што намирници да продолжам.
Почнав на 5 месеци и 20ина дена. Прво со основни зеленчуци и овошки, после некое време воведов безглутенски житарки, месо, па јајце и глутен. Сега за брзо ќе воведувам млечни производи, 8 ипол месеци има малиот. Еве како сум воведувала.
Мајки како изгледа нетолеранција на некоја намирница? Црвенило околу устата можно ли е? Ситни брумчиња? И како се третира? Јас мислев дека од што се лигави ми е со црвенило, ама денес ептен се нафрла и од горната страна устатата. Најверојатно е нешто, само не знам од што. Оти сите намирници беа воведени и се беше ок. Сега планирам да правам пауза со храна три дена и пак од почеток да почнам и да видам од што може да е.
Jas orizot go mesam so nekoja ovoska....krusa jabolko nesto taka. Cist ne sum go dala i da ne bese ti nemase da znam i deka se dava taka. Inace so voda go mesam.
Со веведен ориз од Холе, дали значи дека е воведен оризов гриз и оризов скроб? Прашувам зашто во Хип кашичките ги има овие состојки, па дали можам да ги давам.
Среќна нова година мајки, да се сите живи и здрави, весели и радосни. Ми треба совет. Имам близнаци 6 месеци. Почнавме со вкусови на 5 месеци, а инаку се на ад. Ад пијат во 5 па во 10 па во 15, 19 и 23 часот. Тоа во 10 сакам да го заменам со оброк, доручек. До сега рутината ни беше во 9 пробуваат вкус и во 10 млекце. Машкото јаде одредени каши по пола тегличка, ама во 10 си го пие млекото фул(210 мл). Женското е друга мука, ништо не сака. Како да знам дека им е доволно една кашичка од 120, 130 грама? Дали помеѓу 10 и 15 да давам млекце како ужина, пример 90мл? Како да го натерам девојчето да јаде? Таа ни млеко не сака. Сменивме и млека, пробувавме и домашни кашички и купечки и пак едвај. Имаше 6500 на последно мерење па чекам сега на следно да видиме колку напреднала (мене ми е како подослабена). Едино што проаѓа се чисти бистри сокчиња, ама од тоа не се напредува. Некое чаре? Витамини некои да и отворат апетит?