Многу големо растојание е од 10 до 15 да се без оброк. Подмести им нешто во рутината. Моето има скоро 9 месеци и јаде на отприлика 3 часа, некогаш и порано. Сабајле цица, 10 ипол има доручек, 1 ипол цица, 4 ипол има ручек и до пред да спие има уште две доења.
Со ад е малку различно. Пијат по 210мл и толку смее пати во денот. Да им давам почесто треба да се намали количината. Не е тоа проблем, машкото напредува одлично дури и повеќе. Женското не сака ништо последниов месец. А и ако почнувам со каши како оброк дали да давам и ад измеѓу.
Независно од тоа дали е мајчино млеко или Ад, цврстиот оброк треба да замени едно млеко. Меѓутоа ретко кое бебе уште во старт јаде доволна количина за да замени млеко. Во почеток е предвидено да јадат 120-130 гр, понатаму 150гр минимум за да замени млеко итн. Не знам која е вкупната количина на млеко што ја пијат во текот на денот меѓутоа може да направите различен распоред. Денот секогаш почнува со млеко, па следи доручек, повторно млеко, па ручек, повторно млеко, па вечера. Ако се воведени трите оброци. Ако не се, наместо цврст оброк пијат млеко. Не сум давала ад ама мислам дека можеш да намалиш мл и да вметнеш уште едно млеко во текот на денот зошто растојанието од 10 до 15ч е многу големо за да бидат без храна. Ужинки се воведуваат тек откако ќе имаат три главни цврсти оброци.
Аха, сега те сфатив, мислев дека ми кажуваш за сега да им зголемам ад, а знам дека не смее. Ок значи ад останува после доручек ама помала количина. Не ми беше логично и мене од 10 со каша па тек ад во 15. Фала ти
Не не, само намали мл и вметни уште едно млеко дневно. Пример моето дур беше само на доење цицаше 7 пати дневно во просек. Сега има два оброци и цица 5 пати. За нивна возраст твоите дечиња мислам дека треба да пијат околу 900-1000мл Ад дневно. Така што ако имате доручек, останатите оброци од ад, поточно тие 900мл распореди си ги на 6 пати. Така ќе му дојде да пијат по околу 150-160мл. Се надевам добро објаснив.
Кашичка од компир и морков на Холе, дали и кплку време смее да стои во фриз? Сабајле и дадов некјеше, па за ручек сакам да пробам да и дадам пак, дали може?
Добивме на подарок неколку кашички од Хип со бисквит. Спојлер: Слика До сега имаме воведено само овошје и зеленчук генерално. Во составот на кашичката гледам пченично брашнo, сурутка, путер, пченичен скроб, глутен, јајца, јаткасти плодови... Ништо од ова нема пробано до сега, па ми е шубе да му ја дадам. И од моето скромно знање, не ли е ова премногу за 4/5 месечно бебе (кашичката е 4+)? Мислам која е веројатноста толку рано да ги има пробано сите тие состојки. И сакав да прашам, како воведувате од намирниците споменати погоре, и кога? Што друго да воведеме освен овошје/зеленчук?
Oва не е за 4-5м бебе, ова е конзистенција за таа возраст, мазно блендирано. Значи месеците не значат дека од тогаш треба да јаде ова, туку таква конзистенција. Иначе за 4м има и риба и болоњезе и јагнешко и шунка, ама тоа бебе од 4м не јаде.
Роса од пластика. Не ја вријам, ја пие и од неа прават ад кога не сум дома и правам каши со неа од оние од кутија.
Леле сестре, оваа мојата исто не ја сакаше. А мислам после таа каша и престана да јаде. Јас веќе на мака сум да ти кажам. Не знам што да правам. Правев пауза со јадење три дена, оти имаше како нафрлано на лице. Тоа на лице се повелече. На меше и стои уште. Не ќе да е од храна. Туку денес пак со морков само почнав, не знам од што и беше нафарланото па ќе давам чисти да видам на што ќе покаже или инцидентно било. Бебе не јаде. Затвара уста. Плука. Каша од таван надолу паѓа. Палталоните портокалови. Ужас. Не беше вака кога почнавме. Со тек на време стана. Што им правите занимација за да јадат? . Рацете нешто со каиши ги стегате или лудачки кошули им облекувате? Страшо ако продолжи вака. Ќе пие млеко доживотно.
Хахахах не бе неќат компир повеќето бебиња не знам зошто. Пробај со тивица мешај, брокула ,кромид... Мојава па банана неќе да се чуди човек. Али кромд у велико јаде у све и ставам. И после смрди ко чичко у автобус
Пробав и тиквица и компир и пашканат. До сега само круша и банана онака со сласт. Половично јаболко. А на почетокот ко шо тргнавме мислев оброк за три дена ќе воведам.
Тоа што сака ставај во тоа што нејќе. Големиот во се додавав јаболко. Омилено му беше јаболко, морков и карфиол. Малово или јаде или не јаде, па сакала и кавијар понудела он ако реши решено е.
@Luminary , јас овие со бисквити некаде на околу 9 месечна возраст почнав да ги давам кога веќе имавме вечера воведено. Претходно поединечно ги воведував состојките и овошје и глутен и јајце.
Како се справувате со непијачи на вода? Значи капка вода не сака да проба, нема како не пробав. 8 месеци има.
И јас си ја имам оваа мака и баш тргнав да куцам да прашам и тука.. Една година ќе прави. Со лажичка му подметнувам вода, а и колку може да испие така.. Денес го купив на philips магичното шишенце, ама не беше нешто воодушевен. Освен за да правиме тест на издржливост, за друго незнам дали ќе ми врши работа.. Кажете некое чаре за макава..