Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    +1 со непијач на вода
    Сме пробале
    - различни шишиња
    - различни чаши и бебешки и обична пластична и ракиена
    - со лажичка
    - со "епрувета" од сирупот за температура
    - да ставам капки витамин Ц во водата
    - да ставам ептен малку чај Бекутан, на врв на лажиче
    - кога воведовме цитруси, со некоја капка цеден портокал, со лимон, со мандарина
    - па млака, па ладна, па од чешма

    Има денови кога знае и по 100+ мл да испие. Ама има денови кога и за 20мл се бориме.
    Веќе и млеко не пие некоја огромна количина.

    Туку дали има правило колку течност треба да внесуваат на 10, 11, 12 месеци?
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    За вода чаре само нудење од раѓање, јас се согласувам со се освен со ова за водата од новава педијатрија за бебиња. И на двете сум нудела од раѓање малтене по голтка две. Чај, храна, сокови не, ама вода давав од почеток и двајцата ми пиеа многу вода.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.060
    Допаѓања:
    10.581
    Јас се мачев, секакви шишиња и нудев ама многу тешко одеше. Секое пиење вода завршуваше со закашлување и давење, коса да ти побели.
    На крај земав една чашка за учење и изненадувачки супер оди. На почеток голтка по голтка и давав, ама брзо се навикна и конечно има напредок со пиењево вода.
    Вака нешто изгледа.
    images (4).jpeg
     
  4. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Јас не можам да стигнам до моментот да му приближам вода до уста, ме турка со раката и устата е запечатена, не ја отвора.
     
  5. BlackSwan7

    BlackSwan7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    33
    Мојот син е 2ипол години и сеуште не пие вода.. И никакви течности воопшто. Значи дневно не сака ни една чаша да испие.. Со се е пробано, кога беше помал му ставав со шприц додека седеше во хранилка. На година ипол бевме на одмор на 30и кусур степени во 14 дена незнам дали вкупно 100мл испи. Ми беше страв дека ке дехидрира. Ни сок, ни чај, значи ништо течно. Сега во последно време му ставам јогурт во чинија и му го давам со лажица и му кажувам дека е кисело млеко. Само тоа поминува. А ми вика матичната на негова возраст требало по литро ипол на ден да пие. И секој ден има модри подочњаци од недостаток на течности...а јаде се.. Дури и повеке сол му ставам понекогаш само за да ожедне и пак ништо..
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Кај мене големото на 14 дена старост му дијагностицираа тешка дехидрација, толку што не се знаеше дали мозокот или бубрезите се отидени. Фала богу тука погрешија, здраво право момче е, ама тогаш проф. Пиперкова, исклучителен неонатолог ми рече дека бебе од раѓање треба да се нуди по некоја капка вода, не да се налева, не да се дава да се полни желудничето, туку по 10-20мл во денот да испие. И двете од старт им давав вода, со шишенце, многу икаа и двајцата и поради тоа морав, ама и за да ги освежам, после капки Двит особено. Големиот е роден во април, брзо фатија жештините, а малото во декември ама па дома ни беше претопло поради фикс идеите на домашните и некогаш вриштеше додека не добиеше вода, не сака цице, вода сакаше. И двајцата пијат сега солидни количини вода.
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    7.916
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh, колку вода отприлика внесува помало синче? Бидејќи тока некаде се со моево бебе на возраст?

    Не дека ми се битни споредби. Само како информација. Пишав и погоре што се пробуваме. Во главно вртам околу неа со водата безброј пати на ден. Мислам и од мене трауми ќе добие.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Најмалку 300мл ги пие во денот, имаме шише од 150мл и не го полниме цело туку по 100мл на јадење и си ги пие. Знае и навечер да стане нудам цице не сака, вода бара. Сокови не пие, само еве вака кога е болен сега му давам за да се разредат шлајмови. Цице и вода, едноставен чоек.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.101
    Допаѓања:
    119.458
    Пол:
    Женски
    И двете многу ми сакаат вода.од 6 месеци давав и со првото и сега.
    Се тепаат за вода, плаче ако и го тргнам шишето.
    Незнам дали има врска ама јас и маж ми многу пиеме вода.
    Моите не се јадачи и цицачи ама за вода дај им и само на неа може да живеат.
    Малово со килажа е ок, јас се чудам од што и е. Иста беше и дада и.
    Тактика немав за водата, едноставно моите деца сакаат вода да пијат.
    Сок газиран до денес нема пробано, густи сок може разреден да пие.
    Чаеви од годинава и давам, претходно само вода пиеше. 3 г и 3 м е првата дада
     
    На Bella_Stella и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.285
    Допаѓања:
    24.770
    Пол:
    Женски
    Првото дете фати шише од Чико и така почна вода да пие на 5 месеци, од ко почна да јади, на почеток по 50тина мл денот би рекла ама потоа повеќе, единствено вода пиеше и сеуште пие 5г, од ко го одбив, од 14 месеци млеко не се напи никакво, јогурт не, сок не сакаше, ама вода сиг литар и пол до 2 пиеше денот.
    Нудете секако, чаша, шише со тек на време ќе се распијат.
     
    На Bella_Stella и Alishan30 им се допаѓа ова.
  11. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Дали откако ќе воведете житарки (палента, овес, ориз...) потоа ги давате секој ден?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Да, појадокот ми е житарка со овошје, еве и после годинка е исто, а некогаш давам житарка и за ручек, ориз или хељда.
     
    На Tess36 и Giiirl23 им се допаѓа ова.
  13. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Јас давам Роса, од пластика. Што за пиење, што за млеко и каши. Испробани ми беа повеќе води, ама оваа некако нај ок е. Дополнително, кога ја зовривам нема бигор воопшто.
     
    На LadyInPainting му/ѝ се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    2.476
    спанаќ со што комбинирате?Со ориз и палента сум дала веќе , ми го одбива
     
  15. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    И јас почнав недела дена пред 6 месеци. Се сеќаваш после колку време воведе житарки, месо, па јајце? И колку пати неделно месо и јајце треба?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Пробај со хељда, како чорбичка. Ако не блендираш мислам, зошто јас не блендирам одамна и така ми го јаде најмногу, на крај ставам едно јајце матено да врзе се, убава лажица грчки јогурт и збогом памети!
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    2.476
    Јајцето претходно сварено?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Живо, се вари во манџата. За многу кратко е готово.
     
  19. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.801
    Допаѓања:
    21.559
    Пол:
    Женски
    Житарки воведов негде пред 6 ипол месеци за да имам база за доручек, зошто на 6 ипол почнав со доручек. Ручек почна да јаде на полни 8 месеци, а пред тоа воведов прво месо (мисиркино и телешко), после јајце (прво жолчка, па цело). Прво јадеше 3 пати неделно месо, 3 пати само зеленчук и 1 јајце. Сега зголемив месо и јаде 4-5 пати месо, останатите денови јајце и зеленчук.

    Базата на доручекот секогаш треба да ти е житарка. За почеток просо, палента, овес е доволно. Остатокот е овошје. Соодносот треба да биде 1:3, житарка:овошје.
    Ручекот треба да содржи житарка или скробен зеленчук (компир, батат), зеленчук и/или месо/јајце.
     
    На Giiirl23 и Luminary им се допаѓа ова.
  20. Giiirl23

    Giiirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2021
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Женски
    Фала ти премногу за одговорот. Ние сме на вкусови веќе 20 дена, дали јаде 1/3 од мала кашичка. Далеку нелако ми изгледа оброкот.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.