После година, тоа за некоја недела планирам во палачинки, проја, мафини да вметнам. Сега за сега најчесто ако давам палента за ручек, вклучувам и плус јајце варено. Или компир, морков, кромид и спанаќ. Кога не давам месо во денот. Јајце некогаш ставам, некогаш, не. Зависи од распоредот што има јадено во текот на неделата.
И мене ми изгледаше така на почеток, те разбирам. Ама верувај за бебињата денот е година, преку ноќ се менуваат. Ние како почнавме си викав ќе мачиме мака со јадењево зошто многу малку јадеше и он на почеток. Ама секој следен ден интересот беше сѐ поголем и количината што ја јадеше се зголемуваше. Сега имам страствен јадач што јаде 200+ грама на оброк. Само упорност и трпение.
Сакам да почнам да воведувам житарки и да се спремаме за доручек. За 1 недела сме полни 6 месеци. Издвоив неколку производи, само ако може да ми потврдите дека се во ред за почеток. Холле каша од ориз Хипп 100% пченка Дм био овес без глутен Спојлер: Слики Дали има некаков посебен начин на воведување житарки, или само мешам пример со веќе пробано овошје и толку? И дали треба да се воведуваат по 2-3 дена иста житарка или нема потреба?
Ама нема глутен во овесот, тоа е само контаминирано од процесот на обработка бидејќи на иста лента се прави и обичен овес и пченица, односно и житарки со глутен. Може во Зегин да најдеш деклариран како безглутенски ама ќе кошта мало богатство, а траги од глутен има во се и сешто.
Па знам , помислив ама таа во дм ми викаа аа немаме глутен грее а имавме,штом е за бебе да не го земам и знаеш кога ќе каже некој така одма си викаш ќе побарам друг...
Ама има без глутен, едни грчки од Зегин, ама се 300ден. Е многу е. А реално траги од глутен не сме ни свесни каде се има. Ако бебе има полни 6м, влегува во 7миот, слободни дај од овие од ДМ. Ако има некаков проблем ќе појави и ќе тргнеш тогаш, ама иако бев против теоријата воведување на намирници порано, еве со малово воведов сешто уште пред годината и фала богу не појави никаква реакција. Е не попуштам пред кравјо млеко и еве уште не сум дала.
Почнува да јаде во градинка, пред некој ден наполни годинка, од таму ме форсираат да дадам кравјо млеко. Колку и да сум против, ќе морам да воведам. Кажете ми тие што давате, тетрапак или да барам домашно кравјо?
Во ред се, можеш плус и просо за да имаш повеќе безглутенски опции. Се воведуваат мешани со овошје/зеленчук, сите посебно. Јас ги воведував по 2 дена секоја.
Доматен сос, моцарела, тарана, тестенини, ванила и кокос какви давате? И дали сте давале домашно мелени лешници, бадеми, индиски како додаток во овесните каши? Или купувате готови брашна од истите? И уште нешто.. како сте преминале од пасирани каши кон парчиња? Пробав малку покрупни парчиња да давам, ми повраќа и ме фаќа паника да не се задави. Како му давам парче директно голта, а не "џвака" низ уста и после тоа ми црвенее и ја враќа храната. Значи страв до петици имам
Од тестенини давам кус,кус и макарони истите што ние си ги јадеме. Или готова каша со тестенини. Кокос само во шмукалче има пробано. Домат ставам во варење на зеленчукот или рендам. Ќе ја тагнам @Ano , неа ја читав за доматен сос ама не сум купила. Во мојов град нема нешто избор, а онлајн немам порачано. За јатки како путери имам дадено само. Мелени засега не. За парчиња веќе е скоро година. Јаде и каши и парчиња. Со тоа што ако е комбинација повеќе има мака. Моето е веќе во градинка, така да гледам таму повеќе без страв знаат да и дадат и парчиња овошје и се, да си јади. Ова отколку јас дома. Инаку за дома почнав со смоки бебешки, ретко бисквита. Варено морковче на ленти сечено. Макарони/фусили, после батат печен на ленти. Банана, тиквица варена. Нешто скроз меко што е. Не дека детето не знае да јади, туку јас сум така посигурна дека може да го изеде.
Домашни и од ДМ машнички од спелта. Доматен сос правев летоска и го потрошив од тогаш не сум дала, планирам да земам некоја доматна паста од ДМ. Моцарела на Зот, тестенини домашни и машничките од ДМ од спелта. Ванила давам во течност од Еткер, во шишенце, во овесна каша најчесто. Јатки во путер или колачи/торти мелен. Парчиња дадов на 7м да џвака, почекав да се собереме од одмор и почнав да давам по блв, од 8м јаде комбинирано. Кога сум дома јаде тоа што јадеме ние, парчиња, кога не сум мајка ми му гмечи, ренда, се надевам не блендира, не можам да контролирам.
Јас воведов, алпско без лактоза, немавме никаква реакција. Не практикувам често, но воведов заради производи кои може да ги проба а содржат млеко, пудингчиња и слично. Дома не давам млеко, никакво, само го дојам.
Друшки, до кога го обработувате термички овошјето и зеленчукот? Ајде зеленчук и понатака на пареа или сварен, ама овошјето? На пример зрела крушка, јаболко или боровинки? Од кога можеме да даваме сурово?
Јас нишо не варам од овошје, освен јаболко. Ако има потврда структура, тоаш го варам/печам за да омекне, ама не за да е термички обработено. Боровинка само мијам и пасирам со вилушка.