За оброк се смета околу 100гр во кои има или житарка или скроб, да не е само овошје/зеленчук. Млекото го кратиш така што кога ќе изеде оброк, не даваш млеко до следно кога треба да пие.
Да да, под скроб мислев на компир или сладок компир. За да биде калорично. Да не бидат само моркови, брокула и тиквичка или кај овошните само јаболка и круша, туку да има житарка.
Од кога може да се дава растително млеко (овесно/бадемово) за во палачинки, вафли, каши и сл.? Како го нудите и приготвувате наутот? Како намаз хумус или може и како додаток во зеленчукова/месна храна? Ако имате некој здрав рецепт за хумус за бебе, пишете Ах да, ќе заборавев. Сакам да му дадам костени. Со што ги комбинирате?
Што најчесто нудите за вечера? Гледам во темата за мени најчестите комбинации се на база на млечни производи, ама малиот е алергичен на млеко, не знам што би можела да давам? Овошје не се дава?
Жолчка дадов прво 1/8, ден пауза, па 1/2, ден пауза и на крај цела. Белка дадов прво пола белка заедно со цела жолчка, па цело јајце.
За овошјето, ако му одговара на детето зошто да не. Јас давам јогурт или кисело млеко за да јаде млечно, а и си сака јогурт. Педијатар ми викаше млечно зеленчукова каша да давам за вечера така што може и житарка со зеленчук.
И за деца и за нас не се препорачува навечер да се консумира овошје зошто содржи шеќери. Едит: сега ја видов сликата, убаво објаснето.
Се мислев за житарка, ама да не му дојде многу? Пример за доручек житарка, за ручек ориз/компир и навечер пак житарка?
Технички и гриз пример варен со млеко е житарка. Или овие ноќни инстант од кутија што се, се житарка. Така да не би било проблем мислам јас. Инаку јас на сајтот на Белина мк пред некој ден гледав, сите ноќни што се пишани, се на база на зеленчук. Или житарка и зеленчук или зеленчук и сирење. Можеш колку за идеја да разгледаш.
Јас давам два па дури и три пати житарка дневно (просо, киноа, нешто со глутен, гриз, палента или готова инстант каша) . Според педијатар насоките ми беа баш како што викаш- доручек житарка со овошје, ручек ориз или компир со зеленчук/месо/риба и вечера млечно житна зеленчукова каша. Е сега јас за ручек ориз максимум два пати неделно давам, еднаш компир а остатокот од деновите пак во манџите ставам просо, киноа или кус кус. За вечера често знам и истото од ручек да го дадам ако немало месо, само плус кисело млеко му ставам.
Женски ај совет. Некако нешто мене не ми штима. Или сепак тамам си е . Купив од хип инстант просо, ориз и овес. Ај овесот така и така. Ама нит ориз ми е ориз ниту просото е просо. Вие како давате за воведување? Или сепак од моето просо да и варам и вистински ориз?
Ориз на холе органски давам, ок ми е. А просо нормално ко за нас од кам, и овес тие германските од кам. Киснат па ги варам и блендирам и вкусни ми се. И со првото така давав, и сега така.
i jas sabajle i dadov prv pat oriz od Hipp...prvo bev zbunka kako da go napravam,a posle ispadna kasa ni o od oriz