Ориз давам инстант од Холе, овес од ДМ, просо од Био Космос, го киснам преку вечер и сабајле го варам. На почеток му го блендав да е скроз мазно, сега си го јаде неблендано. Тие што се инстант се направени да се одма готова каша, од таму и името инстант.
Тоа да јасно ми е, ама некако како јас да имав друга претстава. Не сум воодушевена баш. А просо и овес секогаш имам дома, ќе пробам од моите да и приготвам. На холе оризот е исто инстант нели? Не видов од холе кога земав, па зедов од хип.
Да да инстант е. Не се идеални ама се практични и побрзо се спремаат од просо на пример. Добри се за брза алтернатива кога не ти се вари цело зрно.
Каков леб давате? Вчера му дадов малку домашна кифла, му се бендиса, па сакам леб почнам. Немам воведено белка сеуште...
9+ е моето и сеуште давам од Хипп инстант оризот. Планирам да сменам да почнам со обичен зрнест, ама не знам кој е најпрепорачлив. А просо од Зегин органско давам, ако начекувам во ДМ исто органско, и од тоа знам да земам. Како за воведување ми се погоди да почнам со тоа од ДМ, лупено и ако не се лажам мелено беше, ама ретко го има. Едит: @Giiirl23 немам искуство со баш таа, од ДМ користам киноа и ја киснам одвечер, утредента само варам со што и да комбинирам. Би требало да е исто и со твојата.
Ја немам користено, ама се вари како и сите други зрна. Се кисне од вечер и утредента се вари. Не сум дала леб, а и не планирам во скоро. Може ако ми текне дома да направам некој па да дадам. Кифлата нели има цело јајце или посна беше? Воведи веќе белка, не се плаши.
Јас дадов за празнициве домашно лепче, кифли и погача. Со кисело млеко. Ептен и се свиѓа. Во кифлите и цело јајце има а цело не сум и дала официјално, само жолчка. Немаше реакција. И купечки леб планирам веќе да давам. Некој од пекара
Мамички уште ни е рано , но од 8+ ќе треба да воведам грав леќа тестенини и слично за во градинка менито да има пробано... Па сакав да прашам каква леќа, гриз , тарана , сирење и слично сте дале? Пс. Има во менито млеко и бисквити, какво ли млеко ќе треба да ми воведам до 9м? :/
Се консултирав со педијатарот ми рече дека според неа тоа е значително мала количина (пример сол пола лажиче на пола кило, кило брашно) и не треба да претставува проблем. Квасец и пециво дека се ок за нејзина возраст веќе. Не и давам којзнае колку. Срединка надробена со кисело млеко. И не често секако. Ама сака. По лебот ќе е мојава осеќам. Не дека нема на кого да се метне
Педијатарот ми рече давај урда, путер, моцарела, кисело млеко, јогурт итн. Па сега се мислам, нели во нив има сол?
Да и дадеш Јас на точно 9 месеци и дадов и тоа зошто беше болна и ништо не сакаше да јаде. Па си реков ај кисело млеко и леб не одбило ни едно дете, ќе си пробам среќа. И вистина така искочи
После колку време од 1оброк се воведува и 2оброк?и дали шемата од прилика би била млекце оброк млекце 2оброк па млекце млекце(понатаму оброк)?
Само одозгора беше мачкана со јајце, ама тој дел не го дадов. Од срединката дадов 5-6 трошкички. И за ова дури се двоумам дали требаше оти имаше млеко во тестото, а вчера после бањање забележав црвенила низ кожата т.е. суви делови. Прво помислив алергија, па габа, па читав овде и веројатно е атопичен дерматит. Многу сакам белка да воведам, ќе ми се олесни работата, ама ќе почека малку и тоа оти читав дека дерматитот може да се влоши од алергија/нетолеранција на храна. Па сега периодов ќе вртиме тоа што сум сигурна дека е океј. А јас како за беља престанав да се притресувам околу нови намирници, долг период не јадеше па давав без компас само за да врти нешто во стомакот... Еве само што и пишав на Бела дека може кај мене реакција да јави од домашна кифличка со млеко. Не сум сигурна, претпоставувам, ќе го ѕирнат на лекар. Сподели ако наидеш на некоја добра опција за леб, јас едино само за оној на Диме ли како беше знам, ама не сум го сретнала низ маркети, не знам кај да барам.