Путер на President, а урда земам во Кам на Homolje (некогаш е дефицитарна), па некој ако има друга опција за несолена урда нека предложи
Путер или президент или германски еден има несолен. Урда од Кам на Хомолје мислам е. Е јас кифличките и погачата што и ги дадов без млеко беа. Инаку и она има атопичен. Сега на ладно се влошува ама помага Биодермата Атодерм и не е толку изразено.
Јас на месец ипол воведувам. Прв оброк на 6 ипол месеци, втор на 8 и трет ќе воведам сега на 9 ипол. Шемата е млекце, доручек, млекце, ручек, млекце, млекце и спиење со едно-две доења во текот на ноќта.
Оооо на иста мака со водата. Само кога е гладен пие. Нудам на секое само си игра со цуцлата. Со лажичка плука. Со клунче не бива, го гризи клунот од чашата. Не знам како да го натерам да пие и јас моево
Воведуваме месо. Денес дадов готова каша морков компир и пилешко, пишува дека има масло од репка и сончогледово. Немам масло воведено и малку сега си велам да не згрешив што дадов готова каша. Други со месо полош состав ми имаа. И се одлучив за таа органска. А искрено многу ми се одолжува ова намерница три дена. Не стигам да воведам се што е препорачливо за тие месеци. Искрено не сум паметна со ова воведувањето. Кога видам родители што се дават и на колку дават, не дека оправдувам, ама си велам да не прибирам јас многу
Јас сум од тие поопуштените. Јас дадов сончогледово и маслиново веднаш кога започнував со вкусови. Од ова масло со репка што се зборува на темава, искрено ниту јас сум го пробала, ниту сум му дала на бебе. Јас се водам по поинакво размислување, што секако дека нема на секој да му се допаѓа и да го практикува, давам нови намирници секојдневно. Моето дете има потврдена алергија, верувај дека реакцијата при алергија е инстантна за посериозните случаи, или во рок од 24 часа. Плус алергиска реакција на храна може да се јави при првото пробување нов вкус и при 100то пробување, така да во тој поглед мене ова шема со три дена ми нема логика.
Јас на 1 месец ги давав и сега планирам така. 6 месеци доручек, 7 ручек и 8 вечера. Редоследот ни е млеко, доручек, млеко, ручек, млеко, вечера и завршуваме со млеко кај 23 ч. Следно доење е кај 6ч наутро. Со малово сум стигната до доручек, следните ќе ги давам по горната шема
Па се мислам и јас да подопуштам малку. Ниту во моја фамилијата ниту во на сопругот имаат алергија на храна. А тоа мислам е доста пресудно, кога станува збор за алергии.
Леле мајка, 7 саати сон навечер? Ти завидувам. И кај нас никој нема алергии, па сепак малиот испадна алергичен. Не мора да значи, за се има отстапки.
Ја користите некој за вода? Не сака шише никако, па давам секој ден со лажиче ама многу мала колична испаѓа така.
И мене некако три дена ми нема логика. Како и да е, секој како се чувствува најдобро и најсигурно. Толку различни насоки има што стварно е збунувачки како е 'правилно'. Јас давам секој ден нов вкус со тој од претходниот ден - морков, па морков со јаболко, јаболко со банана, итн.
Таа не, ама откако го купив шишенцево не го има пуштено пд рака. Сам си го зема од маса, си лази со него. Од друго шанса нема да се напие голтка. А пред да го земам шишево нема што не пробав да пропие вода. Најтопла препорака
И јас го купив ама не го сака. Го врти го игра, цевката ја гризе ама не пие вода од него. До душа до денес не пиеше од ништо освен со цевка ама заробена вода да му пуштам, лажичка и шприц. Денес пропи со шише со цуцла, па ќе пробам пак да го нудам и ова на Авент. Само тешко се влече од него некако.
Само да не му менуваш често. Давај му од шишенцето цело време неколку дена, ќе повлече. И мојот не знаеше на почеток како, ама му го оставав да си игра со него и така научи
Да ќе пробам. Јас од желба да пропие вода не знам уште каква ли чашка и шише не му понудив и изгледа го збунив. Он не пиеше од шише ни млеко ни вода се до денес, а малку е касно за сега да пие од шише. Пологично ми е веќе да се учи да си пие до цевка.
Јас почнав со вкусови оваа недела и дадов 2 дена јаболко, 2 сладок компир, 2 морков но давав по повеќе лажички зошто гледам има интерес. Се надевам не е голем проблем, не дека многу изедува но сепак не се 2-3 лажички