Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.443
    Допаѓања:
    18.692
    Не се многу. Јас почнав од 6ти јануари, прв ден 3-4 лажички,втор ден околу 50 грама,трет ден околу 100 грама. Од тогаш се по 100 грама ги подготвувам кашите.
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.011
    Допаѓања:
    8.480
    Пол:
    Женски
    Многу нема да се сложат со моево, ама да бидам искрена од прв ден давам колку сака да јаде. Не ограничувам. На почеток и беа неколку лажички, што е и нормално. И сега кога воведувам нов вкус давам колку сака. Не можам да му дадам три лажички и да го прекинам, а бара да јаде. Фала богу не сме имале проблем.
     
    На AlchinovaR1979, Carolin., Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.000
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    За првпат( мислам споделив) воведов инстант палента и ориз, сакам да почнам да му давам обичен ориз и палента, но веќе се сметаат за воведени така?
    Пс. Рано е но да прашам како би вовела и кое тетрапак млеко после 8 + ?
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.443
    Допаѓања:
    18.692
    И да има некаква алергија,верувам дека и со една лажичка ќе се манифестира.
     
    На Ceneva му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.359
    Допаѓања:
    2.140
    Пол:
    Женски
    Да воведени се.
    За млекото, чекај до крај да го воведеш пред да почне во градинка. Можеш со гриз на пример да го дадеш, прво мала количина на млеко, другото вода, па ќе зголемуваш млеко. Јас се намачив да го воведам кравјото, не прифаќаше никако. Една лажица од јадењето и плукаше само што ќе осетеше млеко дека има. Па ставав во палачинки и слично, за да изеде барем некоја количина да го сметам за воведено. И во градинка не ги јаде оброците со млеко, па се снаоѓаат негователките. На пример бисквити со јогурт јаде, место млеко:?:
    Мојот реакција имаше од млечните оброци во кутија што се. Од две лажички се направи пликови во рок од две минути.
     
    На princess5 и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  6. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.229
    Допаѓања:
    24.661
    Пол:
    Женски
    Јас давам секој ден ново, почнав понеделникот со јаболче во шмукалче, па банана па круша во истото и сам си го држеше си шмукаше, потоа со лајче тиква видимка варена со мајчино млеко блендирана, па морков и јаболче вчера и денес дадов 2 нови тиквичка и компир и едвај 3,4 лажички изеде, не сакаше :)
    Второ ми е, со првото исто вака давав секој ден ново па немаше никаков проблем, па и толку замарање со органско ни тогаш ни сега :) вода му дадов денес од чаша, се напи малку дирек од чаша :D
     
    На AlchinovaR1979, mcokolada, Carolin. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.425
    Пол:
    Женски
    Кога воведував а уште немавме оброк секогаш давав колку сака толку. На почеток беше помалку, постепено почна да зголемува, па да бира што сака што не сака. Ако недај Боже покаже реакција на нешто ќе покаже и од една лажичка и од пет.
     
    На Sofi.ja, Ceneva и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    19.691
    Пол:
    Женски
    Мајки да не знаете кога ке ја донесат bebeconfort timba во бебехоум ја нема на залиха. Ја гледав и peg perego prima pappa некако најлична ми беше, таман се решив за една и таа ја нема (facepalm)
     
  9. natash.a

    natash.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    179
    Модра слива може ли на 5++
     
  10. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.185
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Кашата на хипп од слива е од 4мес.
     
    На natash.a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.443
    Допаѓања:
    18.692
    Да
     
    На natash.a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.648
    Допаѓања:
    2.476
    Мајки како давате маџун?
     
  13. kate89

    kate89 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.562
    Пол:
    Женски
    Од кога воведовте глутен, дали исклучиво давате храна која го содржи или се дава повремено?
    Малата има 9м, па планирам деновиве да воведам
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.425
    Пол:
    Женски
    Од денес воведувам млечни производи, почнав со грчки јогурт. Со еден млечен производ се сметаат сите за воведени, така? Околу устето му се направија неколку ситни брунчиња, по телото нема ништо до сега. Ама и сѐ што стигне бута во уста, така да не сум на чисто од што е. Дали да го сметам ова како реакција од новиот вкус или не? Не знам дали утре да дадам пак..

    Друго, носето му стана портокалово. Моркови користам ретко и количински малку, по некое тркалце чисто за вкус. Ама почесто користам благ компир и тиква. 2-3 дена немам дадено ништо портокалово. Опасно ли е и за колку време се чисти?
     
  15. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    3.209
    Пол:
    Женски
    Со еден млечен сите се воведени. Јас така знам. Мојата редовно е исфрлана на обравчињата, ама кога имаше реакција од храна беше баш уртикарија, линија цела од устата накај обравчето и како подуена.
    За носето мислам се средува брзо ако паузираш портокалови намирници.
     
  16. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.425
    Пол:
    Женски
    Нема изразена реакција он. Ќе пробам и утре да дадам. Колку често ви се застапени во текот на неделата млечните производи?
     
  17. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.373
    Допаѓања:
    3.209
    Пол:
    Женски
    Секој ден зошто вечерата секогаш е млечна (тука ми спаѓа и ад зошто вечера често и со ад правам). Јогурт, кисело млеко, грчки давам некогаш и за појадок. Знам една лажица грчки и во ручек да ставам пример ако јаде боранија.
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.425
    Пол:
    Женски
    Уште нема вечера, ама секако за 10ина дена ќе почнеме. Значи нема некоја ограничена употреба, супер. Денес јадеше овес, банана боровинки и грчки јогурт, баш баш му се допадна. Го збогати вкусот ептен.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. jolooo_

    jolooo_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    643
    Дали овај грчки јогурт е добар за да му дадам на бебе?
     

    Прикачени фајлови:

  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.735
    Допаѓања:
    21.425
    Пол:
    Женски
    Не. Можеш ваков ист на Олимпус ама со 10% масленост, овој е со 0.
     
    На jolooo_ му/ѝ се допаѓа ова.