Кукличка кажи ни зошто доби препорака за од 4+, со дохрана? Кукличка можеш да ни кажеш зошто доби препорака на 4+
Му дадов чиста тикивичка,ја изеде ама ми даде идеја кога ќе воведам компир. Моево активно јадеше круша,банана и тиква ,а за јаболко и слива се мрштеше малце. На нас баш дека големо бебе, педијатарот ни рече после 6м дохрана па дури и за тогаш ќе видиме. Е сега на последниот преглед на 5ипол м ја прашав дали може да почнеме,зошто ќе тргне на 9м во градинка да има време да проба се,ај као со пола уста ни дозволи тогаш беше 9100г. Сепак почнав од 6м зошто баш за празниците шетавме и не ми се даваше надвор од дома за прв пат храна да пробува.
Она следеше некои препораки на Европски педијатри и по таква некоја листа се водеше. Инаку бебе е само на доење и супер напредува, ќе почекам до 5 месеци.
Нас во Германија ни рекоа од 4 месеци полека ако сакаме да почнеме. По нивно ново тука, така е ок. Мене прерано ми се виде. Од 5 почнавме со вкусови. 6+ е уште не можам да кажам дека имаме оброк. Трае и трае. Некој пат ќе си лапне повеќе, некогаш затвара уста. Следи си бебе и интуиција. Колку и да сакам да и давам оброк, она на млеко повеќе се радува.
Девојки, од каде се водите која намирница на која возраст да ја дадете? На пр. кога е време за јајце, кога за месо? Исто така би сакала да давам покалорични оброци, затоа што до 6 месеци ја дуплираше родилната тежина и ни грам повеќе . Бебето ми е 6 и пол месеци, на 5+ почнав со вкусови, скоро сѐ и се допаѓа. Имам чувство дека само по лажица гледа, како да губи интерес за цицање.
И јас се мислам истото, освен телешко се друго има пробано само од тегла, а детево веќе големо е за така. Пилешко сакам да земам од фармата на Тони https://domato.mk/m/18/farmata-na-toni Мисиркино има во месарата Андреа во Тафталиџе. Не сум земала, ама се друго што сум купила од таму е супер. До Андреа има и рибарница, планирам од таму да земам риба.
Мисиркини гради и телешко зимам исклучиво од месарница Андреа во Тафталиџе. Пилешко и риба не сум дала се уште.
@Bella_Stella си пишала мелено, не прочитав убаво. Фала ти. Фала ви девојки @kate89 @Giovanna И мојата пилешко и мисиркино од готови каши јаде а не ми е тоа тоа, сакам јас да и спремам.
Од тоа што е пакувано земаме и за нас и за него, за него мелено. Си го пакувам во кесички од 40-50 гр и секогаш имам спремно за да зготвам. Побрзо се спрема зошто е мелено. Давам и јас од готови каши некогаш ама претежно му готвам зошто ме нервира што во каша од 190гр има само 8% месо.
Со првото на 4 и пол почнав со 9300г сега со второво на 1 недела пред да направи 5 месеци со 9600г мене матичната исто од 4 ми велеше. Искрено овај пат и до 6 би одела само доење ама на 9 ќе оди в градинка и мора се да се воведи. На 6 жолчка, на 8 белка и риба му воведов на првото, сега пак така сакам здравје.. Кромид кога се даваше? Не ми ги јади зеленчуковите каши да пробам малку вкус да има, можи ќе јади. Палента, гриз кога беа?
Боранија и грашок замрзнати од Кам, спанаќ свеж малку го ставам во врела вода колку да омекне и го замрзнувам, пченка им земав од хип онаа инстант само еднаш не ми ја јадеа.
И јас дојдов да прашам за грашок. Досега замрзнат и спремав ама никако не го јаде. Го става во уста и штом му падне лушпата го плука. Дали давате од конзерва? Или предложете како да го зготвам, а да не биде лушпест? Гледам дека и е убав на вкус ама лушпите јс одвраќаат.
Рано е. Јас со оброци на 5 ипол месеца почнав најпрво со морков , прво зеленчук па овошје уведов. Сокче домашно без шеќер на 7 ипол м. но си сакаше вода. Мн е битно до 1 та година исхраната и начинот. Се ми јадеше, не се разболе ни еднаш додека да тргне на градинка. Мн е битно да ти јаде се, остај сок, секако преку овошна каша внесува овошје.
По два дена со вкусови. 2 дена морков - каша колку сака да јаде потоа му давав некој мл млеко 30,40 додека убаво му уведов оброк. 2 дена сладок компир и се така си хи изредив некои зеленчуци сезонски потоа му мешав , а меѓу време имав почнато вкусови со овошни каши, се му правев домашно и тазе.